ОВДЕ НА ЗЕМЈАТА, СЕКОЕ ДОБРО И СЕКОЕ ЗЛО ИМААТ КРАЈ
Свети Јован Златоуст
Погледни, колку тврдини и палати на цареви, владетели и началници се претворени во рушевини! Сети се, колку сила и колку богатство имаа некогаш!
А сега дури и имињата им се заборавени. Светото Писмо вели: „Многу владетели ја изгубија власта и седнаа на земја, а еден безначаен, за кого никој не помислуваше дека ќе стане цар, доби круна".
Не ти е доволно тоа? Тогаш сети се, која вредност ја имаш кога спиеш? Зарем не може и едно животинче да те усмрти?
Да, многумина умреа така, во сон. Навистина, на едно конче ни виси животот! Се прекинува кончето и се завршува. Така да мудруваш и да не се занесуваш по убавината, богатството, славата, забавите.
Само едно да те интересира: Каде завршуваат сите тие. Се чудиш од она што го гледаш на земјата? Но, подостојни за чудење се оние нешта, за кои се зборува во Свештените Писанија (Светото Писмо).
Покажи ми еден горд владетел, или еден раскошно облечен богаташ, кога гори од температура, кога е во агонија, и тогаш ќе те прашам: „Каде е оној кој гордо шеташе низ плоштадот со неговите следбеници и стражари?
Каде е оној, кој носеше скапоцени облеки? Каде е раскошот на неговиот живот, удобноста на неговите седенки, служителите, растрчаните, смеењата, опуштањата, расфрлањата?
Се помина и пропадна. Што бидна со телото, кое добиваше толку големо задоволство? Приближи се до гробот и погледни ја прашината, распадливоста, црвите. Види и заплачи горко. И барем злото да се ограничуваше на таа прашина, што ја гледаш.
Од гроботи црвите пренеси јатвојата мисла на недремливиот црвводругиотживот,натресењетоназабите, вовечнататемнина, на незгасливиот оган, на горките и неподносливи мачења, кои немаат крај.
Овде, на земјата, и доброто и лошото некогаш, бавно или брзо, завршуваат таму, но, и обете траат со векови. И се разликуваат според количината на доброто и на злото во овој свет толку, што не е можно да се изрази со зборови.
Што бидна со сите оние величија? Што бидна со парите и имотите? Кој ветар дувна та ги зеде и ги расфрла? И зошто, повторно, и ова бескорисно трошење за погреб, при што ни покојниот нема никаква полза, а и на домашните им штети? Христос воскресна без облека од гробот.
Нека не биде погребот причина за задоволување на нашата манија за покажување пред луѓето. Господ рече: „Гладен бев и Ме најадовте, жеден бев и Ме напоивте, необлечен бев и Ме облековте" (Мат. 25, 35-36). Но не рече: „Бев мртов и ме погребавте". Бидејќи, штом ни порачува да немаме ништо повеќе од една покривка додека сме живи, а уште повеќе кога ќе умреме..
Кој одговор ќе Му го дадеме на Бог, кога ќе истрошиме огромни средства за да погребеме едно мртво тело, во моментот кога Христос, во ликот на сиромашните наши ближни, скита гладен и необлечен, а ние сме рамнодушни на ова?
Сето она што ви го кажав, се разбира, е бескорисно за оние кои веќе починале. Но нека го чујат ова живите и нека се освестат, нека се вразумат, нека се поправат. Каде и да се, ќе ги снајде нивниот час. Нема да задоцнат да се најдат и тие, нема да задоцниме да се најдеме сите ние, пред страшниот суд, каде што ќе дадеме одговор за нашите дела.
Да се бориме, да станеме подобри, напуштајќи го гревот и следејќи ја добродетелта, за да не го изгубиме Царството небесно, за да ги стекнеме нераспадливите богатства, што ги има подготвено за нас човекољубивиот Господ.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев
Изворник: http://perivolipanagias.blogspot.gr/2015/02/blog-post_764.html