29.11.2016
Светиот Јован, Архиепископ Константинополски, бил наречен Златоуст поради чудесно точната чистота на неговите учења, и раскошната убавина на неговиот говор. Речено е дека после неговото покрстување никогаш не се заколнал за нешто, ниту некого натерал да се колне, не излажал, не проколнал никого, не озборувал, ниту наклеветил, ниту пак, исмејал некого.
+ + +
Истиот тој Атанасиј, во врска со епископот Аделфиј, ни го раскажа следното, а ни рече дека го чул од неговата сестра, мати Јоана:
Кога Јован Златоуст, Константинополскиот Архиепископ, беше прогонет на Кавказот, тој отседна во нашиот дом; поради ова, ние добивме љубов кон Бога, и смелост пред него. Мојот брат, Аделфиј, ни кажуваше дека кога блажениот Јован се упокои во прогонство, нему му било многу тешко што еден ваков човек, вселенски учител на христијаните, кој и Црквата Божја ја радуваше со неговите зборови, требаше се упокои далеку од неговата катедра. Понатаму велеше: „Со многу солзи Го молев Бога да ми ја покаже неговата состојба и дали е вбројан меѓу патријарсите. Долго време се молев вака, и еден ден бев земен во духот. Еден прекрасн маж ме фати за десната рака и ме воведе на едно светло и славно место, каде ми ги покажа откровителите на набожноста и учителите на Црквата. Од моја страна, јас го барав оној кого толку многу сакав да го видам, великиот Јован. Младичот ми ги покаќа сите светители и го кажа името на секој еден од нив; повторно ме фати за рака, и ме поведе надвор. Јас одев по него, плачејќи што не го видов светиот Јован меѓу отците. Како што излегувавме, човекот што стоеше пред портите ми рече: „Никој не излегува оттука нажален.“ Но, јас му одговорив: „Мојата тага е поради тоа што не го видов мојот најдраг Јован, епископот Константинополски, меѓу учителите.“ А тој повторно ми проговори: „Мислиш на Јован, принцот на покајанието? Човек во тело не може да го види него, зашто он стои покрај престолот Господов“.
Св. Јован Мосх
Извор: http://pravoslavie.mk.
Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/zlatnata-usta-na-sv-jovan-zlatoust/ .