логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Списи
Слово четиринаесетто
Делата  на плачот
1.    Тешко, тешко ми мене, што уште на сум се ослободил од пеколот! Оние што ме влечат кон него раѓаат плодови во мене и сите дела пеколни уште се во моето срце. Тие што ме фрлаат во огнот уште дејствуват во моето тело и сакаат да ги раѓам плодовите на пеколот. Уште не знам каде ќе појдам оттука, уште не е приготвен патот пред мене. Уште не сум ослободен од нивното влијание, од влијанието на темните воздушни сили, кои ќе ми го попречуваат патот затоа што во мене има лоши дела. Уште не сум го видел Избавителот, Кој дошол во светов за да ме ослободи од нив затоа што нивната пакост уште раѓа плодови лоши во мене. Уште не ум го видел смелото застапништво меѓу мене и Судијата; уште нема сведоштво за мене дека не сум достоен за смртта; уште не сум се оддалечил од моите злосторници.
2.    Не се радува злочинецот што е затворен во темница; не може да прави што сака оној што е врзан со вериги железни; не ги поучува другите тој што се наоѓа во пранги; не знае за мир – измачуваниот од трудови тешки, врзаниот за вратот не јаде со сласт. Не смислува злосторства нови оној што ги направил сите гревови; тој жално ги оплакува сите свои лоши дела и сите свои маки, што се приготвени за него, велејќи си сам на себе сиː „Да, јас сум достоен за сите тие маки!“
3.    Тој постојано мисли за крајот свој, за маките соодветно на неговите гревови; никого не осудува за своите макиː постојано повторуваː „Тешко, тешко ми мене!“ Така се осудува тој; никого не поучува, никому не вели да не очајува; и на ум не му паѓа што ќе јаде што ќе пие. Ја прима храната од оние што имаат милост спрема него, но тоа што го јаде е без вкус од маките негови. На навредите не одговара со гневː трпеливо ги поднесува маките свои, велејќиː - Јас нив ги заслужувам. Насмевката ја нема на неговото лице (Мудр Сир. 19, 27). Офка и помислува за престолот на судијата, пред кој треба да застане. Кога му говорат, тој не слуша; не знае дали се добри или лоши – слухот негов не ги прифаќа. Очите негови се извор на солзи од болки што го мачат. Ако е син на благородни родители, се измачува пострашно; се исполнува со срам пред нив што ќе го видат осуден на смрт. Зафатен со мисли за судот што му престои, не се прашува дали другите луѓе се добри или лоши. Ако има и други како него – лишени од слобода и врзани во вериги, ни за нив не помислува, не мисли што треба да прават, секој својот товар го носи, секој чекори кон својата смрт. Лицето негово е помрачено. Плашејќи се од маки, да го заштитува никој не се осмелува. Самиот тој искрено признава сè што направил и  дека е достоен за најтешка пресуда.
4.    До кога ќе бидам пијан без вино? До кога ќе бидам безгрижен, гледајќи се ваков? Ожесточеноста на срцето мое коските ми ги исушило, а пијанството на безбројните суетни грижи - главата моја ја избезумило. Потребите телесни душата моја ја врзале, очајанието ме тера да го напуштам патот на животот. Не придобив јас пријател, кој ќе се застапува за мене, а немам ни дар да им го испратам на кнезовите. Никој не ме сака поради моите лоши дела. И да ги молам, нема да ме слушаат, гледаат дека не отстапувам од своите гревови. Не можам да ги молам искрено и со отворено срце.
5.    Бодилото на моите гревови не престанува да го прободува срцето мое; уште не се покајувам за злото што сум го направил. Товарот на моите гревови уште не ме притиска; не ја чувствувам нивната тежина. Уште не сум ја познал сета сила на огнот; да ја знам неа, би бегал да не бидам опфатен од неа. Глас слушам во ушите мои - дека кон мене одат и се приближуваат затоа што срцето мое уште не сум го исчистил. Раните на телото мое се подлутиле, но уште не црвјосале; затоа и лекарство не барам. Ги скривам раните мои од стрелите; не можам да истрпам некој да ги лекува. Лекарот облози ми препорачува за раните мои, но немоќно е срцето мое да ги истрпи таквите болки. Лекарот е добар, не бара да му платам, но мрзата ми пречи кај него да појдам. Тој самиот при мене доаѓа и ме наоѓа да јадам храна што ги подлутува раните мои. Ми забранува да јадам таква храна, но нејзиниот пријатен вкус го измамува моето срце. Кога ќе се наахранам, се кае срцето мое, но каењето мое не е искрено. Лекарот мој добро јадење ми праќа и ме советува него да го јадам, за да оздравеам. Но, мојата лоша навика не ми го дозволува ова. Навистина, јас не знам што да правам.
6.    Заплачете за мене, сите браќа мои, вие што ме познавате; молете се помош поголема од мојата да добијам и да ме надвладее, за да станам и јас ученик достоен на Мојот Господ. Зашто силата Негова е во сите векови и во целата вечност. Амин

Изворː ДОБРОТОЉУБИЕ - Том Ι

21-ви март 2017 Лето Господово

Подготви: Т.С.

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7720
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная