логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

6.  Соостојбата на оние што ја почувствувале примената благодат


а) Оној кој совесно и без самосожалување ги извршува своите подвижниччки трудови, во него, на крајот, се покажуваат силата и дејството на Божјата благодат. Благодатта се покажува како духовна топлина во срцето, како смирување на помислите, а како загубување на желбата кон се што е земно и намалување на вредноста на сѐ што на земјата се смета вредно и ценето. А тоа е токму семето на духовниот живот. Тогаш започнува одухотворувањето на душата, нејзиното очистување од страстите и заздравувањето на раните што ѝ биле нанесени од страстите.


175.  Угледај се на Марија, сестрата на четвородневниот Лазар, и само на неа подражавај ѝ; не гледај ништо и никого, освен Оној, Кој рекол: „Јас дојдов да фрлам оган на земјата и колку би сакал да се беше веќе разгорел“ (Лука 12, 49). Зашто разгорувањето на Духот ќе ги оживотвори срцата. Неземниот и божествен оган ги осветува душите и ги испробува, како што се прочистува златото во огнот; порокот го изгорува, како што изгоруваат дрвата и сламата, „бидејќи нашиот Бог е оган, што изгорува“ (Евр. 12, 29). Барајќи го овој оган, блажениот Давид рекол: „Искушавај ме, Господи, испитај ме; отвори ги утробата моја и моето срце“ (Псал. 2, 2).


176.  Овој оган го греел срцето на Клеопа и на неговиот сопатник, кога со нив разговарал Спасителот по воскресението. И ангелите, духовите што служат, се причестуваат со светлината на овој оган, како што е речено: „Ти ги правиш ангелите Свои духови, и служителите Свои оган пламенен“ (Евр. 1, 7). Овој оган ја изгорува раската на внатрешното око, го очистува умот, за да си ја врати својата природна проникливост и непрестајно да ги гледа Божјите чуда, како што е речено: „Отвори ги очите мои, и ќе ги разберам чудесата од Твојот закон“ (Псал. 118, 18). Затоа овој оган ги прогонува бесовите и го уништува гревот.


177.  Како што железото, оловото, златото и среброто, фрлени во огнот, го  губат своето својство на тврдоста, па стануваат меки, и сѐ додека се во огнот, по силата на огнената топлина, се растопуваат и ја губат својата природна цврстина, исто така и душата, откако се откаже од светот и Го возљуби Единиот Господ, со големо срдечно барање, во труд и подвиг, непрестајно Го очекува Него со надеж и вера, па откако го прими во себе си небесниот божествен оган и љубовта на Духот, вистински се ослободува од секоја земна љубов, се ослободува од секоја повреда од страстите, отфрлува сѐ од себе си, ги изменува својата природна особеност и својата гревовна тврдост, па сѐ смета за непотребно и се успокојува во Единиот Небесен Младоженец, Кого Го примила во себе си – се успокојува во неискажлива љубов кон Него.

178.  Ти велам, дека и од самите свои сакани браќа, кои ги има пред своите очи, ако го задржуваат и ако му пречат во неа, неговата душа, така да се рече, се одвраќа и од нив, зашто нејзиниот живот и спокој се состојат во таинственото и неискажливо општење со Небесниот Цар. Зашто и љубовта спрема телесното општење го одделува човекот од таткото, мајката, браќата и се што се однесува на нив – станува туѓо на неговиот ум. И ако ги сака, ги сака како да му се туѓинци; сета негова љубов се однесува спрема неговата избраница и сожителка. Затоа и е речено: „Поради тоа човекот ќе го остави татка си и мајката своја, и ќе се придружи кон жената своја, та обајцата ќе бидат една плот“ (Ефес. 5, 31). А затоа, ако плотската љубов нѐ одделува од секоја друга љубов, тогаш колку повеќе оние, кои се удостоиле да стапат во општење во небесниот и сакан Свети Дух, се одделуваат од секоја љубов спрема светот; на нив им се чини сѐ друго излишно – затоа што се потполно опфатени од небеската желба и се во тесна зависност од неа. Таму се сите нивни желби, нивни мисли, таму е секогаш нивниот ум, кој е совладан од божествената и небесна љубов и божествените желби.

179.  Оние луѓе, врз кои паднала таа духовна роса на божествениот живот и го исполнила нивното срце со љубовта спрема Небесниот Цар – Христа, се приврзуваат кон таа убавина, кон таа неискажлива слава и убавина, и кон несфатливото богатство на вистинскиот Цар – Христа. Тие се предаваат во плен на таа желба и на таа љубов, стремејќи се целосно кон Христа и копнеат да ги добијат тие неискажливи богатства, кои ги создаваат со својот дух, па заради тоа ги сметаат за ништо: и земната убавина, и славата, и благолепието, и честа и сето богатство на царевите и кнезовите. Затоа што тие силно ја засакале божествената убавина и што во нивните души се настанил животот на небесната бесмртност. Затоа копнеат само по љубовта на Небесниот Цар, со голема желба само Него Го имаат пред своите очи, заради Него се оддалечуваат од сите земни приврзаности, сакајќи само оваа желба засекогаш да остане во нивното срце и кон неа да не се замешува ништо друго.

180.  Оние христијани, кои навистина ја вкусиле благодатта на Светиот Дух, можат да сфатат, дека сѐ што е на земјата – сите царски сокровишта, целото богатство, сета слава и сета земна мудрост – сѐ е ништо, дека е непостојано и дека брзо изминува. Сѐ што е под небото треба да биде презрено заради вистинските духовни богатства. А зошто? Затоа што она над небесата е поценето од сѐ што се наоѓа во царските сокровишта, во светската мудрост и во славата на овој свет. А достоинството и богатството што го придобиле облагодарените луѓе, кои во својот внатрешен човек Го имаат Господа и Создателот на сѐ – тие имаат вечни и непреминливи духовни богатства.

181.  Умот и разбирањето на христијаните, по добивањето на Светиот Дух и општењето со Него, добиваат постојанство, тврдост и спокој, не се расејуваат и не им се покоруваат на веќе непостојаните и суетни помисли, туку живеат во Христовиот мир и во љубовта на Светиот Дух, затоа и Господ, за таквите рекол, дека тие преминале од смрт во живот (сп. Јован 5, 24). Христијанинот од сите луѓе во световната твар се одликува со обновување на умот, со смирување на помислите, со љубов и со небесна љубов кон Господа. Затоа и дошол Господ Исус Христос: оние што ќе поверуваат во Господа да се удостојат со овие духовни блага.


182.  Како што крвоточивта жена, која вистински поверувала во Господа и се допрела до крајот од Неговата облека, и веднаш оздравела, веднаш, пресушил нечистиот поток од нејзината крв, така и секоја душа, која има во себе си неизлечива гревовна рана, извор на нечисти и грешни помисли, ако дојде при Христа, и ако вистински верува во Него и Му се помоли, ќе добие спасително исцеление – исцеление од неизлечивото течење на страстите и со силата на Единиот Исус – ќе престане и ќе пресуши изворот, од кој истечуваат нечисти и грешни помисли. Оваа страшна рана никој друг не може да ја излекува.

183.  Како што сонцето, кое изгрева и се издигнува над земјата, сите свои лачи ги растура по земјата, а кога заоѓа – сите нив ги собира во себе си, така и душата, која не е препородена од Духот одозгора – целата со сите свои помисли се наоѓа на земјата и нејзините помисли стигнуваат дури до крајот на земјата, но штом се удостои да ги прими небесното раѓање и општењето со Светиот Дух, тогаш, откако ги собере заедно сите свои помисли и, задржувајќи ги во себе си, се издигнува кон Господа, во неракотворното небесно живеалиште. Тогаш, сите помисли на човекот, навлегувајќи во небесниот воздух – стануваат небесни, чисти и свети, бидејќи душата, ослободена од веригите на бесовскиот кнез, од духот на овој свет, добива чисти и божествени помисли, зашто Бог посакал да го направи човекот учесник на Својата божествена природа.

б) Ова се пројавува уште во самиот почеток кога почнува да дејствува благодатта, но многу е опасно да се мисли дека со тоа е постигнато совршенство. Со ова се става само почетокот. Благодатта, која дозволила само да биде почувствувана, постепено го совладува срцето, додека не го исполни целото и додека не преобрази сѐ што е во него.


184.  Кога дејството на Божјата благодат ја осени душата, според верата на секого, и кога душата ја прими помошта одозгора, тогаш благодатта ја осенува само делумно. И не мисли дека тогаш душата на некого бива потполно озарена; во неа и понатаму останува уште простор за порокот; човекот и понатаму има потреба од голем труд и од многу усилби, кои треба да бидат во него усогласени со дејството на благодатта. Затоа, Божјата благодат, која може само во еден миг да го очисти човекот и да го направи совршен, почнува постепено да ја посетува душата, за да ја испита човековата слободна волја и дали таа ја запазува целосно љубовта спрема Бога, дека во ништо не се согласува со лукавиот дух, туку дека потполно ѝ се предава на благодатта. На тој начин, душата во тек на подолго време и на многу години се покажува искусна и со ништо не ја навредува и огорчува благодатта и во таа и таква постепеност наоѓа голема помош. И самата благодат овладува со душата и, откако душата во тек на многу години се покажала искусна и усогласена со благодатта, ги пушта своите корени длабоко во неа и во сите нејзини помисли, сѐ додека таа не биде потполно опфатена од небесната благодат, која веќе царува во овој духовен сад.

185.   На тој начин многумина се заблуделе од самото дејство на Божјата благодат во нив. Тие помислиле дека достигнале совршенство и си рекле: „Ова ни е достатно; веќе од ништо немаме потреба“. Но, Господ е бескраен и непостижен. И христијаните не смеат да речат дека постигнале сѐ, туку треба да се смируваат дење и ноќе. Душата има многу делови и нејзината длабочина е голема; гревот што навлегол во неа ја завладеал целосно и го опфатил целото срце. А потоа, кога човекот ја добие благодатта, таа влегува во него и овладува можеби со два дела на душата. А неискусниот, кој се утешува со благодатта, помислува дека благодатта што го посетила завладеала со целата негова душа и дека гревот од неа потполно е искоренет. Но, поголемиот дел од душата уште е под власта на гревот, а само едниот нејзин дел е под благодатта. А човекот се самоизмачува и не го знае ова.

186.  И оној што боледува од нешто, има некои делови здрави. На пример, очите можат да му бидат сосема здрави или некој друг дел од неговото тело, а некои делови од неговото тело да боледуваат. Ова бива и со духовното расудување. Некој може да има три духовни члена здрави, но со тоа тој уште не е совршен. Гледаш ли колку има духовни степени и мерки и како тие биваат осветувани дел по дел и дека не се очистуваат одеднаш од злото и од гревот?


187.  Како што зародишот во утробата на мајката не станува веднаш човек, туку постепено добива човечки изглед и дури и се раѓа во несовршена човечка возраст, туку првите неколку години расте и потоа достигнува посовршен вид, исто така, и семињата, јачменот и пченицата, не веднаш по фрлањето во земјата пуштаат корен, туку откако измине студот и ветровите, тогаш почнуваат да растат, да ги извишуваат своите стбленца и да даваат класови. И оној што насадил круша – тој не бере веднаш плодови од неа. Така бива и во духовните работи, каде што има многу мудрост и совршенство, духовниот човек расте постпено, постепено доаѓа „до состојба на совршен маж, до мера на полната возраст на Христовото совршенство“ Еф. 4, 13), а не онака како што тврдат некои: дека станува наеднаш – како кога нешто се соблекува или облекува.

188.  Како што пчелата во кошот скришно ги прави сотовите, така и Божјата благодат тајно ја создава љубовта во срцата. Така ја претвора и горчината во сладост и грубоста на срцето – во нежност. И како што златарот и резбарот, правејќи ги своите украси на некој предмет – ги прават постепено, дел по дел; прават врз нив разни животни и други украси, а кога ја завршат својата работа, тогаш ја покажуваа својата изработка во целиот нејзин сјај, така и вистинскиот Уметник – Христос Господ – ги обновува нашите срца и ги украсува таинствено сѐ додека не се преселиле од нашето тело. Дури тогаш станува видлива убавината на душата.


Извор: ДОБРОТОЉУБИЕ – Том I

Подготви: Т.С.

Друго:

(Поуки од Светите Отци)
Поуки од свети Макариј Велики (1)
Поуки од свети Макариј Велики - За вистинскиот христијански живот (2)
Поуки од свети Макариј Велики За вистинскиот христијански живот (3)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7720
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная