логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

  1. Поуки за покајанието
  1. Тешко мене! Во каков срам се наоѓам! Она што е скриено во мене не е како она што се гледа! Јас имам само надворешен вид на побожност, но силата на побожноста ја немам. Со какво лице ќе излезам пред Господа? Он ги знае тајните на моето срце. Бидејќи сум одговорен за толку многу лоши дела, и на молитва кога стојам, треперам од страв да не слегне оган од небото и да не ме уништи. Но сепак, јас не очајувам, зашто на Господа се надевам.
  1. Тврдо е срцето мое. Помрачен е умот мој и размислувањето мое е изменето. Јас сум како пес, кој „се враќа на својата блувотина“ (2. Петар 2,22). Чисто покајание немам, немам солзи кога се молам, иако воздивнувам и во гради се удирам – во ова живеалиште на страстите.
  1. Таму ќе се открие она што го правам тајно и она што е јавно. Каков срам ќе ја опфати душата моја кога ќе ме видат осуден оние, кои сега ме сметаат за беспрекорен! Откако го оставив она што е духовно, им се потчинив на страстите. Имам желба да учам други, а сам не се учам; не сакам да се потчинувам, а сакам да ми се потчинуваат; не сакам да се трудам, а на другите труд тежок им наложувам; не сакам должна чест на другите да им оддавам, а сакам тие мене да ме почитуваат; јас прекори не поднесувам; а сакам да прекорувам, не сакам да ме понижуваат, а јас понижувам. Јас сум мудар – совети на другите да им давам, а јас самиот тоа не сакам да го извршувам; говорам што треба да се прави, тоа го говорам, а што не треба да се прави – тоа го правам.
  1. Никогаш не вели: „денес ќе погрешам, а утре ќе се покајам.“ Подобро е денес да се покаеш, зашто не знаеш дали утрешниот ден ќе го дочекаш.
  1. Ако згрешиме, веднаш треба да се покаеме. Господ секогаш го прима покајанието, ако искрено се каеме.
  1. Ако братот наш згрешил, со задоволство го изобличуваме; а ако згрешиме ние, изобличувањата со непријатност ги примаме.
  1. „Не противречи ѝ на вистината, срамувај се од своето незнаење. Не срамувај се да ги исповедаш своите гревови и не задржувај го текот на реката“ (Мудр. Сирах. 4,29-30). Не вели: „Ете, згрешив, па што ми стана? Знај дека Господ е долготрпелив. Не двоуми се да се вратиш при Господа, не одложувај го од ден на ден твоето обраќање“ (Мудр. Сирах. 5,4-8). „Помни дека гневот не задоцнува“ (Мудр. Сирах. 7,18).
  1. „О, кој ќе даде на главата моја вода и на очите мои – извор на солзи? Јас бев плачел ден и ноќ за убиените на ќерката на мојот народ“ (Јерем. 9,1). На смеата ѝ реков: „Лудуваш и на веселбата што правиш? (проп. 2,2), бегај од мене, и на солзите: „дојдете кај мене“, зашто гревот мој е многу голем пред Господа и нема број на моите паѓања во грев.
  1. Знаете ли дека кај луѓето има три вида на солзи? Има солзи за видливи гревови; и тие се многу гочливи и суетни. Има солзи за покајание – кога душата ги посакува вечните блага; тие се многу слатки и корисни. А има солзи покајни и таму каде „ќе биде плач и чкртање со заби“ (Матеј 8,12). И тие солзи се горчливи и некорисни, зашто се пролеваат тогаш, кога не е време за покајание.
  1. По нашата надворешност – ние сме смирени, а всушност сме жестоки и нечовечни; по надворешноста – сме побожни, а всушност сме убијци; по надворешноста – полни сме со љубов, а всушност сме непријатели; по надворешноста наша – ние сме подвижници, всушност сме срам за подвижништвото; по надворешност сме испосници, а всушност сме морски разбојници; по надворешноста сме невини по душа и по тело, а всушност прељубодејци; по надворешност сме отшелници и безмолвници, а всушност, и во срцето наше сме талкачи по светот; по надворешноста сме кротки, а по душа сме горделиви; по надворешност сме советници, а по срце сме соблазнувачи; по надворешност сме простодушни, а всушност сме опасни. Зошто е ова така? Затоа што немаме вистински страв Божји и што заповедите или не ги знаеме или, и ако ги знаеме, ги толкуваме така како што сакаме.
  1. И сега, после многу години на самоисправање, кај мене има уште многу нечисти помисли: завист, лоши желби, самоугодување, угодување на стомакот, гневливост, славољубие, среброљубие. Јас сум ништо во себе, а се сметам за нешто; припаѓам во бројот на лошите луѓе, а се трудам да си придобијам слава на свет човек; живеам во гревови, а за свет сакам да ме сметаат. Јас самиот сум лажливец, а против лажливците зборувам; со помисли се осквернувам, а против прељубодејците станувам; ги осудувам крадците, а на сиромасите навреди им нанесувам; чист се покажувам, а душата цела ми е нечиста; во црквата стојам на почесно место, а и за последното не сум достоен; чест барам да ми се оддава, а за бесчестие сум достоен; пред жените љубезен се правам, а пред богатите – побожен. Кога сум навредуван се одмаздувам; кога ме изобличуваат – се лутам; се гневам – кога ме мамат; ги презирам повисоките од мене, а лицемерам, кога пред нив стојам; на достојниот чест не сакам да му дадам, а јас, иако недостоен, за себе почести барам. Нема да ги опишувам мислите што секој ден ги имам, грижите за земната суета, мрзливоста во молитвата и страста да озборувам. Нема да говорам ни за моето одење во црква на свој сопствен начин, за задоцнувањата што намерно ги правам, за бараните среќавања, за лицемерните разговори со жени побожни, за ненаситноста во примањето на дарови, ласкањето – за да добијам повеќе. Ете, ваков е мојот живот и вакви се моите недостатоци.
  1. Можеби некој ќе рече дека помислите не се важна работа. Тие се многу важни, а еве ви и докази од Светото писмо. Јов принесувал жртви за своите деца, велејќи: „Можеби синовите мои згрешиле и Го навредиле Бога во срцето свое. Така постапуваше Јов во сите такви денови“ (Јов 1,5). Ако помислите беа неважни и ако за нив не сме одговорни, зошто за мислите на своите деца Јов жртви принесувал? За лоши мисли биле осудени и оние што биле со Кореа; казнети биле затоа што имале лоши мисли. И нашиот Господ Исус Христос прељубната мисла ја нарекол прељубодејство, желбата за жена – ја нарекол блудство, гневот – убиство, а омразата – човекоубиство. За нашата одговорност и за помислите ни сведочи и блажениот Павле, кога вели дека Господ на Својот суд „ќе ги изнесе на видело тајните на мракот и ќе ги објави намерите на срцата“ (1. Кор. 4,5). Затоа, не говорете дека помислите ништо не значат, кога желбата за гревот се смета како гревовно дело.
  1. Но не треба да ги разгледуваме само мислите, туку и нашите гревовни расположби. И земјоделецот од она што го сее в земја сѐ не никнува, така и умот наш сее во волјата, но не се прифаќа сѐ и не се одобрува сѐ. Од она што никнало од земјата земјоделецот бара плод; и Бог бара сметка за сѐ што е одобрено и што нашата волја слободно го примила.
  1. Луѓето што постапуваат телесно апостолот ги нарекол душевни, а оние што постапуваат противприродно ги нарекол телесни. Духовни се оние што и самата природа ја преобразуваат во дух. Бог ги знае и природата и силите на секого од нас. Он го сее Своето слово во нив и бара дела според нивната мерка; Он проникнува натприродно во душата и духот, во природата и во слободната волја, без да извршува насилство врз нашата слободна волја. Ако човекот се задоволува со она што е природно, Бог не бара одговор, зошто Он ѝ ја одредил мерката на природата и ѝ поставил закон. Но, ако слободната волја бива победувана од природата, тогаш бара одговорност за ненаситноста и за нарушување на Божјиот закон.
  1. Го мразам гревот, но живеам во страстите; се откажувам од беззаконијата; но без да сакам му се покорувам на задоволството. Јас му ја потчинив мојата природа на гревот и тој, откако ја поткупил мојата слободна волја, прави насилство над мене. Како река ме заплискуваат страстите, затоа што умот мој го соединив со телото и не можам да ги разделам. Брзам да ја изменам мојата слободна волја, но претходната моја состојба ми се противставува во ова. Се обидувам да ја ослободам мојата душа, но ми попречува мноштвото на моите долгови. Ѓаволот е лош заемодавач; никогаш не напомнува долгот да му биде вратен. Тој дава штедро, а не напомнува за враќање на долгот. Сака само да нѐ зароби, а долгот не го бара; ни позајмува затоа што сака да богатееме во страстите, па затоа она што ни го дал, не дава да му го вратиме. Јас сакам долгот да му го вратам, а тој кон стариот долг и нов ми додава. А кога го принудувам да го земе, тој и нешто друго ми дава, за да се види дека му давам од она што ми позајмил. Со нови долгови ме натоварува, зашто дотогашните страсти ги уништува со други, кои дотогаш не биле. Се чини дека стариот долг е платен, а ме вовлекува во нови страсни обврски, воведува во мене нови пожелби. Ме тера да молчам за моите страсти и да не се исповедувам, убедувајќи ме да се стремам кон нови страсти, кои како да не се вредни. Свикнувам со страстите што дотогаш сум ги немал и, расејуван од нив, доаѓам во состојба: претходните страсти да ги заборавам. Склучувам договор со оние што дошле однадвор и одново станувам должник. Се приврзувам кон нив како кон пријатели и оние шо ми дале заем – пак стануваат мои господари. Јас сакам да се ослободам, а тие одново роб за продажба ме прават. Брзам врските да ги разврзам, а со нив се врзувам. Се трудам да се избавам од војувањето под знамињата на страстите; но поради нивното засилување и нивните дарови, станувам управител на нивниот дом.
  1. Ох, нека се оддалечи од мене ова робување на змијата! Нека се оддалечи од мене власта на страстите! Да го нема во мене овој застарен грев. Он ми дал и заложби, за умот мој да го купи; телото го измамувал, за да му ја дадам душата нему да му служи. Ја грабна младоста, за разумот да не знае што станува; несовршеното расудување кон себе го приврзал и преку него, како со верига железна, го држи неоддалечениот ум; а, ако тој сака да избега, не го пушта; го држи врзан. Гревот умот го заградува и ја затвора вратата на знаењето. Страста непрестајно стражари кај раумот, за да не повика кон Бога – да не почне да се крева против телото, на кое му е предаден. Се колне дека ни малку не е лошо да се занимаваме со телото и дека за таква мала работа нема да одговараме. Наведува пример на мноштво испреплетени помисли и нѐ уверува дека е неможно да ги подложиме на испитување, тврдејќи дека тие и не се важни; нѐ уверува дека сето тоа ќе биде предадено на заборавање. Ете, како непријателот нѐ задржува и врзува, нѐ врзува со измами и со лаги.
  1. Блажениот Павле за оној што греши рекол дека е тело (Рим. 7,14). Гревот се приводи на дело преку наведување на него, но меѓу природата и гревот посредува навиката. И страстите се нешто што е дадено од гревот и што е примено од природата. Ова станува преку потчинувањето на душата, помрачувањето и ропството. Зашто гревот, наоѓајќи се во телото, владе над умот и ја совладува душата, совладувајќи ја преку телото. Гревот го употребува телото како управител. Преку телото ја оптоварува и самата душа и станува како нејзин домоуправител, зашто задава да се изврши извесна работа и бара извештај за тоа како е извршена таа работа. Ако е потребно да употреби и тепање, тој го прави тоа преку телото. Зашто телото го претворил во своја верига, ја држи со неа душата врзана и ја води душата како овца на колење; со оваа верига ја врзал како птица, која високо лета и како на некој силен исполин – ѝ ги отсекол и рацете и нозете. Затоа не можам да избегам од него и не можам да си помогнам. Јас сум жив, но како мртов сум; со очите мои гледам но слеп сум; од човек станав пес; разумен, а како неразумно животно се однесувам.
  1. Но јас сакам, ако ми помогне Господ, да се ослободам од оваа жална состојба. Ако Он се однесе спрема мене според големината на Својата милост, да ме избави од гревот, да ја излие врз мене Својата благодат, - само тогаш ќе можам да се спасам. Јас сум уверен дека Бог може да го направи ова и затоа не се очајувам дека можам да се спасам. Знам дека Неговата голема милост ќе ги победи мноштвото мои гревови. Ова го велам затоа што сум се користел со ваквата Божја благодат. Имам потреба да бидам излекуван од гревовите, кои сум ги направил по крштевањето; на Оној Кој воскреснал од мртвите не Му е неможно и од нив да ме излекува. Јас сум слеп, но Он и слепороден излекувал. Отфрлен сум како лепрозен, но ако сакам, Он може и мене да ме очисти. Преполн сум со гревови, но од нив нема да биде спречена Божјата добрина. Он Закхеја го помилувал како достоен; и мене како недостоен ќе ме помилува.

Извор: ДОБРОТОЉУБИЕ – Том II

Подготви: Т.С.

23-ти јуни 2017 лето Господово

Друго:

ШТО Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (8)

Свети Ефрем Сирин - За борбата со блудната страст

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3220
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7713
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная