✜✣✜
Јас слушнав еден млад монах кога неговиот духовен отец го прекори и го праша зошто не е смирен како што бил кога се одрекол од светот, тој почна да се воздигнува горделиво и одговори вакаː
„Па зар јас се смирував затоа, за секогаш да бидам потчинет?“
Старецот, кога ги слушна овие зборови, толку се вчудоневиди и, како да ја загуби способноста за говор, занеме, мислејќи дека тие зборови не се изговорени од човек, туку од самиот сатана, така што не можеше да кажае ни еден збор на таквата негова безочност и бесрамност, туку само воздивнуваше и стенкаше од длабочината на своето срце, молчејќи во себеси ги изговараше зборовите што биле речени за Спасителотː
„Сам Себеси се понизи... Сам се смири, откако стана послушен дури до самата смрт, и тоа смрт на крст“ (Фил. 2,8) и не само за извесно време, туку „до самата смрт“.
Свети Јован Касијан Римјанин
Подготви: Т.С.