✜✣✜
Многумина ги сметаат како свети и бестрасни оние што имаат лажни добродетели и добри особености, кои ги покажуваат само надворешно, а кои се всушност исполнети со неправда, завист, пакост и со смрдеа на сластите, затоа што не им е чисто духовното око, за да можат да ги познаат по нивните плодови; а оние кои живеат во вистинска побожност, кои се украсени со добродетели и имаат чисто срце – кои се навистина свети, - не можат да ги разликуваат од другите луѓе, ги одминуваат со невнимание и не ги сметаат за ништо.
Таквите ги почитуваат како учители и духовници повеќе оние што говорат многу и сакаат да се покажуваат, а оној што молчи и кој се пази од празнословие го сметаат за дивјак, необразован и безгласен.
Од оној, кој говори во Светиот Дух, високоумните и оние што боледуваат од ѓаволската гордост – се згрозуваат, како од високоумен и горделив, бидејќи од неговите зборови се повеќе поразени, отколку што добиваат умиление и скрушеност, а го фалат оној што меле како воденичен камен, па говори или од својата утроба или од наученото, него го примаат и го фалат, макар што говори за делото на спасението, но сето она што го говори е лажливо толкување. Затоа, тие не се во состојба да ги распознаат вистинските Божји луѓе, кои им ја кажуваат вистината за нивното спасение.
Преподобен Симеон Нов Богослов
✜✣✜
Избор од ФБ на:
Светланка Трајчева
16-ти септмври 2017 лето Господово