логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

  

Елате возљубени, и додека не настапил оној страшен ден, да се потопиме во морето на Божјите штедрости. Сам Бог ги поттикнува и кани сите, велејќи: Дојдете при мене сите изморени и обременети и јас ќе ве успокојам (Мат. 11,28). Сите ги кани Човекољубивиот, и Незлобливиот, Сострадалниот и Долготрпеливиот, кој сака сите луѓе да се спасат. Не ги поттикнува и повикува само Своите, туку вика кон сите: „Елате при мене сите, богат ли е некој, или сиромав; бидејќи кој доаѓа при мене, нема да огладни (Јован 6,37). А кој е тој што доаѓа при мене? –Оној кој ги има заповедите мои и ги исполнува; кој го слуша словото мое и верува во Оној Кој ме пратил. Блажен е оној што го слуша и исполнува Неговото слово, а тешко на оној кој не се потчинува; зошто тоа слово ќе го осуди во последниот ден (Јован 12,48), според напишаното: Страшно е да се падне во рацете на живиот Бог (Евр.10,31)!

Покај се, брате и не се препуштај на страв! Покај се, грешнику, надевајќи се смело и гледајќи кон безмерното човекољубие на Христа Кој рекол: Не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците, на покајание (Мат. 9.13). Покај се, за да не се посрамиш на Судот, каде со страв ќе стојат илјадници и илјадници ангели и архангели, кога тајното ќе стане јавно и ќе се отворат книгите на делата, кога луѓето ќе бидат одделени едни од други како овци од кози…



Тогаш ризниците ќе бидат отворени и праведниците ќе ги добијат. И блажени се гладните и измачените од жед; зашто таму ќе се наситат; а тешко на наситените, зашто таму ќе гладуват и жеднеат. Блажени се оние што плачат; зашто таму ќе се веселат и утешат; а тешко на оние што сега се смеат зашто таму непрестајно ќе плачат и воздивнуваат. Блажени се милостивите; зашто таму ќе бидат помилувани. Слушнете како се ублажуваат тие што се подвизуваат и колку несреќни ќе бидат мрзливите.

Размисли за сето ова и побрзај да се спасиш. Не гледај кон мрзливите и оние кои тонат во раскош, бидејќи тие ќе се исушат како трева (Пс. 36). Немојте да го засакате овој век; зашто тој поставува сопки пред тие што го сакаат и за кратко ги засладува, а во оној век ги испраќа голи. Слушај го Светото Писмо, внимавај на него и нема да бидеш измамен и нема да може да те сопне овој суетен и лукав свет. Слушнете како вели богословот Јован: не го сакајте светот и се што е во него… зашто сѐ што е во светот – похотата на телото, желбата на очите и гордоста на животот, не е од Отецот, туку од овој свет. А светот поминува и похотите негови, но оној што ја извршува волјата Божја, останува довека ( I Јован 2,15-17). А слушни како вели Господ: каква полза е за човекот ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости (Мат. 16,26). Грижливо и со страв пазете го словото Негово; зашто словото кое Он ни го кажа и на кое не научи, тоа ќе ни суди во последниот ден.

Господ не лаже никогаш, биди сигурен во тоа! Зашто Он е вистина. И кога знаеш дека Он е вистина, дека Неговото слово не е лажно, зошто остануваш во мрзливоста своја, несреќнику? Што чекаш? Што си мислиш? Кој ќе одговара за тебе? Зарем не знаеш дека секој сам за себе ќе дава одговор пред Бога? Не знаеш ли дека секој ќе си го пожнее она што го посеал и секој ќе го понесе сопственото си бреме? Додека сѐ уште  има време, симни го бремето од гревовите свои. Човекољубивиот Бог те повикува: дојдете при мене сите изморени и обременети. Сите ги повикува Он. Никој да не очајува. Никој не смее да каже: „Јас не сум згрешил“. Кој вели дека не згрешил, тој е слеп, оди на слепо и е најнесреќниот од сите луѓе. Зашто евангелистот Јован вели: ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе и вистината не е во нас, и го правиме Бога лажец ( I Јован 1,8;10). И кој ќе се роди чист од нечист? Ниеден ( Јов 14,4).

 

20 - ти март 2018 лето Господово

 

Извор: Бигорски манастир

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2078
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2094
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 539
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная