Кога размислувам за мојата огревовеност, во мене се јавува каење (раскајување). Значи, не станува збор за покајание (метаноја), туку каење. Покајанието е дар на Светиот Дух. Бог ќе ми даде покајание. На пример, си сторил нешто и си велиш „Оф леле! Што направив? Зошто не го послушав старецот? Сега старецот ќе ме прекори!“ Ова е каење. Но, кога јас ќе те викнам и ќе ти речам, „Чедо мое, што стори?“, а ти си ја исповедаш грешката и ми речеш „Наложи ми епитимија, старче“, а јас нема да те казнам, туку ќе ти благословам да се причестиш, и ти речеш „Колку е добар старецот; каков сум јас, а каков е тој! Тоа е дело на Божјата благодат! Не сакам веќе да Го жалостам Бога!“, е тогаш почнува покајанието. Каење е едно, а покајание е друго нешто.
Старец Емилијан Симонопетриски
+ + +
– Старче, кажи ми нешто за духовниот живот. – Секој, што нема да се покае, ќе си ја изгуби душата. – Но, тоа се тешки зборови, старче. – Знам, затоа и ќе ти ги повторам: секој оној, што нема да се покае, ќе си ја изгуби душата. од разговорите со старец Порфириј
Извор: http://pravoslavie.mk.
Друго: