Авва Доротеј ја раскажа следната приказна за две девојчиња. Во еден град пристигна брод на кој беа две девојчиња, кои ги продаваше сопственикот на бродот.
Едното девојче го купи благочестива жена и ја воспитуваше во истиот дух, а другата ја купи сопственичката на јавна куќа.
Авва Доротеј праша: "Дали мислите дека Бог еднакво ќе им суди на тие две девојчиња ?" Онаа која е воспитувана во благочестие, веќе за некој збор може да биде казнета. И оваа другата, која живеела во јавна куќа и од детството гледала само разврат, може да добие простување од Бога за некоја добра постапка. И затоа ние не знаеме што го раководи човекот додека прави зло. Но, ние себе се познаваме и треба за стражариме над себе.
Бог нѐ постави да бидеме сами на себе судија. Но, дури и во тој суд, осудувајќи се себеси, треба да го препуштиме судот на Бога и да го очекуваме Неговиот суд.
7-ми декември 2018 лето Господово