логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Мирјаните, велат: „Со каква среќна судбина сѐ оние што живеат по палатите, и ги имаат сите удобности“. Но, блажени се оние кои успеале да го поедностават својот живот и кои се ослободиле од јамката на овоземските унапредувања од многубројните удобности и погодности – што е еднакво на нови и поголеми неволји и непогодности  – и кои се избавиле од страшните тегоби кои владеат во денешно време. Ако не го поедностави животот, човекот само се мачи. А, ако го упрости, нема да има тегоби, ни напнатост.


Еден Германец, на Синај, во една прилика на малиот бедуин кој беше многу бистар, му рече: „Ти си бистар, можеш да научиш да читаш и пишуваш. „А после?“, го праша бедуинот. „После ќе станеш мајстор.“ „А, после?“ „После ќе отвориш сервис за поправка на автомобили.“ „А после?“ „После ќе го развиеш тој сервис.“ „А после?“ „После ќе ангажираш други да работат, и ќе имаш многу персонал.“ „Значи, на сето тоа му вели бедуинот, ќе имам главоболка, ќе добијам уште една главоболка, па после уште една? Зарем не ми е подобро вака, кога главата ми е мирна?“ Голем дел од главоболките доаѓаат од ваквите размислувања: ајде да го направиме ова, ајде да го направиме тоа. Ако тие мисли би биле духовни, тогаш човекот би почувствувал духовна утеха и не би имало главоболки.

Сега и на мирјаните им нагласувам колку е важна едноставноста. Зашто не им е потребно сè што прават, па ги јади мачнина. Јас им зборувам за простодушност, скромност и за подвижнички дух. Постојано викам: „Поедноставете го својот живот и нема да бидете напнати“. А големиот дел разводи, всушност потекнуваат оттаму. Работа има многу, луѓето имаат да завршат илјада и една работа, и им се мати во главата. Денес двајцата родители работат, и таткото и мајката, а децата ги оставаат напуштени и сами. Тука е заморот, нервозата, мала работа предизвикува големи караници, и по автоматизам следува развод. Стигнуваат дотаму. А барем малку да го упростеа животот, би биле одморени и радосни. Таа тегоба и таа напнатост се вистинско чудовиште.

Еден ден се најдов во куќа која сета блескаше од раскош и луксуз. И така, како што не водеше разговорот домаќинот ми рече: „Ние живееме во рај, додека другите оскудеваат“. „Вие живеете во пекол“, им велам јас нив. „Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја земам душата…“ (Лука 12,20), му рече Бог на богатиот. Христос да ме праша: „Каде сакаш да те ставиме, во затвор или во куќа како што е оваа?“ Јас ќе речам: „Во темница“. Имено, затворот би ми помогнал. Ќе ме потсеќа на Христа, ќе ме потсеќа на светите маченици, ќе ме потсеќа на подвижниците кои живеат по земните дупки, ќе ме потсеќа на монашкиот живот. Затворот дури малку би личел и на мојата келија и би се радувал. А ова вашето, на што ќе ме потсеќа и во што ќе ми помогне? Всушност од три причини затворите повеќе ме успокојуваат, не само од било кој светски салон, туку дури и од разубавена монашка келија. Нека сум илјада пати во затвор, отколку во ваква куќа.

Еднаш, додека престојував во Атина како гостин кај еден пријател, тој ме замоли да примам еден семеен човек пред осамнување, затоа што не можел во друго време. Дојде тој така целиот радосен и постојано го прославуваше Бога. Во него имаше многу смиреност и простодушност, и ме преколнуваше да се молам за неговото семејство. Овој наш брат тогаш имаше околу 38 години, и, имаше седум деца. Двајцата сопружници, уште и родителите на овој човек, значи вкупно единаесетмина живееја под еден покрив, поточно во една соба. Ми зборуваше со сета едноставност која што го красеше: „Кога стоиме, сите можеме убаво да застанеме во собата, но кога треба да легнеме, не е баш така, малку е тесно. Слава на Бога, сега под настрешницата доѕидавме кујна, па имаме повеќе место. Ние имаме покрив, оче, но има и такви кои живеат под ведро небо“: Тој по занимање беше заварувач. Живееше во Атина и секој ден, пред осамнување се движел за Пиреј, за навреме да стигне на работа. Од постојаното стоење и прекувремената работа му излегле вените на ногата и чувстувал болки, но големата љубов кон семејството правела да заборава на болката и здраствените пречки. Постојано за себе зборувал со омаложување, како нема љубов зашто не прави добри дела како христијанин, а од друга страна постојано ја фалел својата жена и кажувал како таа прави добри дела затоа што, покрај децата и неговите родители зз кои исто така се грижи, одела и собирала валкана облека од стари луѓе од соседството, ги перела, им ја чистела куќата, а од време на време им готвела и по некоја супа. На лицето на овој семеен човек се гледаше божествената благодат. Тој во себе го носи Христа и е полн со радост, а собата во која живееше е исполнета со рајска радост. А тие, кои во себе го немаат Христа, полни се со тегоби. И да се во прашање само двајца такви луѓе, не им биле доволни и единаесет соби. Овие единаесет луѓе со Христа во себе, престојувале во една соба.

Вакво нешто се случува дури и со духовните луѓе. Имено, колку и простор да имаат, гледаш колку им е тесно, затоа што во нив во својата полната се уште не се сместил Христос. Жените од Фараси да го видеа целиот овој сјај и луксуз кој денес постои, дури и по многу од манастирите, би рекле: „Бог ќе пушти оган да не изгори! Бог не напушти!“. Тие работите ги завршуваа за една минута. Рано наутро требало да ги изведат козите, после тоа да исчистат дома. Подоцна оделе до капела надвор од местото, или се собирале по пештери, и една, која била писмена, им читала на останатите за светителот од тој ден од Синаксарот. Потоа правеле по десетина метании, кажувајќи ја умната молитва. А работеле и се заморувале. Една жена тогаш морала да знае да шие се што било потребно за една куќа. А шиеле сите на раце. Шивачки машини за домашна употреба ги имало малку, дури по некоја во градот. По селата не ни постоеле. Во целиот Фараси можеби имало една куќа со шивачка машина. Им шиеле на своите мажи сѐ од облека, и тогаш се било удобно и комотно. А чорапите ги плетеле на рака. Имале вкус, расположение, а исто така и доволно време, затоа што живееле едноставно. Фарасиотите не гледале на ситници. Живееле со монашка радост. А ако на пример не бил добро проширен, од едната страна малку да висел на креветот, па ако некој речел: „Намети го кебето“, тие одговарале: „Тоа да не те спречува во молитвата?“

Е, ваквата монашка радост денешните луѓе не ја познаваат. Мислат дека ништо не треба да им недостига, или не дај Боже да се мачат. Луѓето барем малку да размислуваат монашки, да живеат поедноставно, би биле мирни. Сега само сѐ мачат. Во душата имаат тегоба и очајание. „Тој и тој успеа, зашто изгради две двоспратници или затоа што научи пет јазици итд.! Јас немам ниеден стан, не знам ниту еден странски јазик. Ах, изгубен сум!“ Некој има една кола, па вели: „Друг има подобра. Да купам и јас подобра“. И купува подобра, но повторно нема радост, затоа што трет има уште подобра кола. Купува тој уште подобра, а после дознава како таму некои имаат приватни авиони и повторно сѐ мачат. На тоа нема крај. А, некој кој нема кола, а го слави Бога, има радост: „Слава на Бога, вели, ако немам кола; имам здрави нозе и можам да одам. Колку луѓе ги има без нога, кои не можат сами да се погрижат ни за своите основни потреби, не можат да излезат да шетаат, потребен им е некој кој ќе се грижи за нив, а моите се здрави и цели!“ Или хромите кои велат: „А што е со оние кои немаат ни една нога?“ И тој се радува.

Неблагодарноста и лакомоста се големи зла. Оној кој владее со материјалните работи, со него владее напнатост, потиштеност и тегоба, затоа што час трепери да не му ги земат работите, а час да не му ја земат душата. Еден ден, дојде некој богат човек од Атина, и ми рече: „Оче, изгубив контакт со моите деца; ги изгубив децата“. „Колку деца имаш?“ го прашав. „Две, тој ми одговори. Ги одгледав на птичјо млеко. Не постоеше работа која ја сакаа, а да не ја добијаа! Дури им купив и автомобил“. Од разговорот потоа се испостави дека имале кола и тој, и жена му, и децата, секој своја. „Благословен мој, му реков, ти наместо да ги решиш своите проблеми, ти уште повеќе си ги зголемил. Сега ти треба една голема гаража за сите тие автомобили, еден мајстор за да го плаќаш четвороструко за да ти ги одржува, а да не зборувам за тоа дека сега сите четворица сте во постојана опасност да не погинете. А, да го поедноставеше својот живот, и семејството ќе ти беше на збир, и ќе се разбиравте еден со друг, и не би имале вакви проблеми. Сега не се виновни твоите деца. Ти си виновен затоа што не се погрижи на друг начин да ги воспиташ своите деца“. Едно семејство, четири автомобили, гаража, мајстор итн! И нека задоцни некој таму каде што оди. Од целата таа удобност настанаа проблеми.

Во друга прилика, во посета ми дојде еден друг човек, исто така семеен, кои вкупно биле петмина и ми рече: „Оче, имам еден автомобил и сега размислувам да земам уште два. Ќе ни биде полесно“. А дали размислуваше за тоа колку ќе ви биде тешко?“ му реков јас нему. „Еден автомобил, можеш да го внесеш некоја во дупка, а со три автомобили каде ќе одиш? После ќе ти треба гаража и цел магацин за гориво. Ќе имате трострука опасност. Подобро ви е да го имате тој еден и да ги намалите трошоците. Ќе имате време да ги гледате децата. Ќе имате мир. Едноставноста е сè во животот“. „Не сум размислувал за тоа“, тој ми одговори мене.

Старче, еднаш еден човек ни рече дека два пати не можел да го изгасни алармот на свтомобилот. Првиот пат, затоа што мува му влегла во колата, а вториот пат, затоа што самиот неправилно влегол во автомобилот.

Маченички е нивниот живот, затоа што не ги поедноставуваат работите. Поголемиот комодитет предизвикува проблеми. Луѓето во светот се дават во работи. Се натрпале со ралични удобности, па си го загорчиле животот. Ако човекот не ги поедностави работите, само една удобност носи големи проблеми.

Кога бевме мали, ги сечевме краевите на калемот од конецот, во нив вметнувавме  „осовина“ и така правевме убава играчка. Малите деца повеќе се радуваат на една автомобилска играчка, отколку што таткото се радува кога ќе купи нов мерцедес. Ако прашаш некое девојче: „Што повеќе сака, една кукла или една двоспратница?“ Ќе видиш дека ќе ти одговори дека повеќе сака кукла. И на крајот на краиштата, децата знаат што е празнината во овој свет.

Старче, што најмногу помага човекот да ја сфати радоста во скромноста и едноставноста?

Да се сфати длабоката смисла на животот. „Барајте го Царството Божјо…“ (Матеј 6,33). Оттука тргнува едноставноста и секој добар пристап.

Преподобен Пајсиј Светотогрец

Превод од српски: Младен Јовчески, дипломиран теолог

Извор: http://www.pravoslavie.ru/srpska

http://www.pppe.mk/2019/poednostavete-go-svojot-zhivot/

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная