логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

На празникот на Слегувањето на Светиот Дух – Педесетница, во црквата „Свети Григориј Палама и свети Димитриј Мироточив“, во Струмица, Викарниот Епископ Јаков Стобиски отслужи Вечерна богослужба на која коленопреклоно беа прочитани молитвите за слегување на Светиот Дух.


Во спомен на Свети Лука, архиепископ и лекар Воено-Јасенецки.

(29 мај / 11 јуни)

 Целиот живот на Црквата е чудо. Наоѓајќи се во лоното на Црквата, верните христијани, стануваат учесници во големите чуда. Тие живеат, постојано чувствувајќи го присувството Божјо. Тие се крштеваат во името на Света Троица и стануваат членови на Телото Христово. Тие се соединуваат со Телото и Крвта Христови во Светата Тајна Евхаристија и стануваат едно Тело и една Крв со Христа. Многу често во својот живот христијаните се сведоци на чудесното јавување на Божјата благодат. Тоа се случува, затоа што во Црквата дејствуваат духовни закони, кои ги надминуваат физичките закони. Чудесните појави не се некое волшебство или магија. Чудесата, направени од Христа или од Неговите Светии, имале и имаат сотериолошка, спасителна смисла. Свети Јован Златоуст говори, дека чудесата се случуваат, за луѓето да се вратат во Црквата, а исто така и да се укрепат во верата оние, кои веќе се наоѓаат во лоното на  Црквата.

Чудото е слично на празникот, кој донесува радост во монотониот тек на животот, а исто така и одговор на Небесната љубов на нашата молитва. Преку чудото ние добиваме информација за нешто друго, кое е на повисоко ниво, и кое се разликува од секојдневните настани. Чудото со сета своја полнота и длабочина е достапно само во Црквата. Чудесните појави во нашиот живот, не ги укинуваат обичните закони. Тие само покажуваат, дека постојаните природни закони не се единствени. Тоа, што ние го нарекуваме „чудесна појава“, – е природен факт во светот со повисоко ниво, и затоа таквите појави не треба да не восхитуваат. Чудото ги восхитува со својата необичност само оние, кои целосно ја апсорбираат секојдневната рутина, и не ја подигаат главата кон небото. Духовната смисла на чудата е во тоа, да ги потикни  душата и мислите на верните кон Спасителот – Господ Исус Христос.

Светителите, според зборовите на Спасителот, при  животот и после смртта не престануваат да чудотворат во слава Божја, заради спасение на луѓето. Така и Свети Лука Кримски, целиот свој живот им служел на луѓето, а сега се застапува молитвено и за нас пред престолот Божји.

Свети Лука добил од Бога голема сила да им помага на луѓето, бидејќи и при неговиот живот била голема неговата љубов кон страдалниците, на кои им помагал. Служејќи им на луѓето, тој му служел и на Бога, исполнувајќи го заветот на Спасителот Христос: „Вистина, ви велам: доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле“(Мат. 25, 40).

Многу луѓе од Крим и околината доаѓале во Симферопол, во домот на Светиот владика Лука, и ги оставале своите сведоштва за чудесните исцеленија, кои ги направил Господ по молитвите на Светиот лекар. После смртта на Светиот архиепископ Лука, гробот и кивотот со неговите мошти, несомнено се претвориле во нова Силоамска бања.

Собрани се многубројни запишани чудеса, кои Свети Лука ги направил при животот и после својата блажена смрт. Ќе раскажеме за некои од нив.

Раскажува свештеник Леонид Дунаев.

Архиепископот Лука беше многу сакан од своето патство. После Божествената Литургија, толпа народ го очекуваше за да го испратат до дома. Доаѓајќи до домот, владиката со сите се поздравуваше благословувајќи ги. Но никој не сакаше да си замине. Сите сакаа да останат заедно со него колку е можно подолго. Владиката им помагал на сите, посебно ги сакал свештениците од својата епархија. На едно епархиско собрание владиката ни рече: „Ако вие или некој од вашите блиски се разболи, никаде не одете. Веднаш дојдете кај мене“.

Во 1949 година, мојата матушка сериозно се разболе. Јас му кажав на владиката, и тој ми забрани да и давам било какви лекарства. На третиот ден, после Литургијата, владиката дојде кај нас дома за да ја прегледа болната. Мојата матушка лежеше апсолутно без сила, дури не можеши и да јаде. Архиепископот ја погледна и ѝ рече: „Отец Леонид не ме послуша. Јас му реков никакви лекарства да не ти дава“. Болната одговорила: „Владико мене ништо ми немаат дадено“. На тоа архиепископот одговорил: „Тогаш ќе ви го дадам своето лекарство. Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“, – со овие зборови ја прекрсти матушката и си замина. Веднаш болната почувствува дека и се врати силата. После неколку минути, таа во целосно здрава состојба се подигна од постелата и побара да јаде. Таа целосно оздраве.


„Јас дојдов кај тебе за да те оперирам“

„На 15 јануари 2006 година неочекувано силно ме заболе десното уво. Еден од моите познаници, кој многу го почитува Свети Лука, ми подари книга со неговото житие. Прво, што ми дојде во глава, е да се помолам на Светителот за да ми помогне, бидејќи во душата верував, дека тој е голем Светител. Јас ставив во увото малку памук, го помазав со масло од кандилото, и одозгора ја ставив иконата на Свети Лука и ја заврзав со шамија.

Со мојата роднина матушка А, почнавме да размислуваме, дали да одам во државна болница или не. На крајот решив да не одам никаде. Сепак знаев дека нема да заспијам од неподносливата болка. Но набрзина заспав. Во сонот ми се јави самиот Архиепископ Лука, во архиерејски одежди. Во рацете држеше некој медицински инструмент, сличен на долга игла. До него стоеше А. П. – мојот другар, кој ми ја подари книгата за Свети Лука. Светителот ми рече:

„Јас сум Свети Лука, и дојдов да те оперирам. Не плаши се, нема да те боли.“ А потоа се заврте кон мојот пријател и му рече: „Гледај, како јас сега ќе ја направам операцијата“. Тој стави цевче во моето уво. Јас почувствував некое пробивање, но беше безболно.

Разбудувајќи се утрото, разбрав, дека увото не ме боли. Памукот во увото целиот беше натопен со гној. Јас отидов кај докторот отоларинголог А.Г. на преглед. Тој потврди, дека е направена пункција на ушното тапанче и постави дијагноза – силно воспаление на средното уво. „Госпоѓо, ме праша докторот, – вас кој ве оперираше? Хирургот, кој ја направи хирушката интервенција, навистина е професионален хирург.“ Јас му одговорив: „Докторе, гледам, на работната маса имате икона, и знам дека сте верник, и затоа ќе ви раскажам“.

Јас му кажав за тоа, што се случи ноќта, му раскажав за Свети Лука и му подарив книга со житието на Светителот и негова икона.

Докторот се согласи со мене. Ми препиша антибиотици и рече – среќа, што гнојот излезе, инаку вие можевте да останете без слух.

После една недела повторно отидов кај докторот, и тој ми соопшти, дека сум целосно здрава.

С. П. г. Атина.“

„Јас дојдов на операција“

„Јас сум Марија К. Во своето писмо јас би сакала да ја изразам својата благодарност кон Свети Лука за чудото на моето духовно и телесно исцелување.

Во 2008 година неопходно беше да направам хирушка операција на гинекологија.

Операцијата требаше да ја направам во болницата Метаксаса во градот Пиреј. Во тешките животни ситуации  јас секогаш се обраќав кон Бога и кон Неговите Светители за помош. Но сепак мојата вера беше слаба, односно бев маловерна.

Пред три години ја имав прочитано книгата за Свети Лука. Мене буквално ме восхити маченичкиот живот на тој човек и неговиот подвиг како лекар. Кога требаше да ја донесам одлуката за операција, смело се обратив со молитва кон Бога и кон Свети Лука, барајќи помош. За првпат во животот, јас целосно се предадов на волјата Божја и се надевав на помош од Свети Лука. Вечерта пред операцијата, јас се молев на Свети Лука вака: „Свети Лука, јас знам, дека ти ќе ми помогнеш за време на операцијата, и ќе му помогнеш на хирургот, како да постапува. Ти самиот, присувствувај на операцијата“. За првпат чувствував, дека можам да побарам помош.

На 11 ноември 2008 година, сѐ беше подготвено за да се изврши операцијата. Кога јас се наоѓав на операционата маса, срцето започна силно да ми бие. Кај мене дојде докторот – анестезиолог и три медицински сестри. Гледајќи ја мојата силна вознемиреност, докторот почна да ме смирува. Во тоа време во операционата сала дојде доктор, со хирушки мантил на себе. Тој седна на крајот од креветот и почна внимателно да ме гледа. Тој поглед, јас никогаш во животот нема да го заборавам. Си реков: еве вистински доктор, кој вистински се грижи за мене и вистински страда заедно со мене. Потоа слушнав, како докторот – анестезиолог го прашува него: „Кој сте вие? За жал јас не ве познавам“. Непознатиот доктор му одговори: „Јас дојдов за операцијата на оваа девојка“.

После неколку, минути анестезиологот повторно се заинтересира: „Ве молам кажете ми кој сте вие?“ Како одговор прозвучи: „Јас дојдов за операцијата на оваа девојка.“ Тогаш анестезиологот се доближи до мене и тивко ме праша: „Кој е тој? Ваш роднина? Вие го замоливте да дојде на операција?“ „Не, – одговорив јас. – Јас овој човек не го познавам.“  Тогаш докторот повторно рече: „Оваа операција ќе ја предводи господин К. В.

А зашто сте вие тука?“ И по трет пат се слушна одговор: „Јас дојдов за операцијата на оваа девојка.“ Непознатиот доктор уште нешто тивко проговори, а потоа си замина.

Јас се успокоив, срцето почна нормално да работи. Помнам, дека во книгата на Свети Лука беа наведени следниве зборови: „Човекот пред операција секогаш се плаши, тој е во очајание, неговото срце се растргнува… Докторот е должен не само со препарати да го смири срцето на пациентот, но и самиот да се обиде да го намали стравот на болниот и психичкиот притисок…“

Во тој момент јас не можев да замислам, дека на мојата операција дојде самиот Свети Лука. Медицинските сестри и анестезиологот, тој настан го прокоментираа вака: „Најверојатно, згрешил. Изгледа требало да биди на друга операција. Но зошто се збунил, дали не знаеше во која операциона сала да оди?“

Мојата операција помина успешно. Докторот кој ме оперираше, разговарајќи со мојот сопруг, рекол: „Знаете, јас имам направено илјада слични гинеколошки операции, но, ве уверувам, ни една од нив не помина така лесно и спокојно. Рацете како сами да се движеа!“

Следниот ден јас ги замолив да ми ја донесат книгата за Свети Лука. Тешко е да ви ја прикажам мојата возбуда, кога разбрав, дека докторот кој дојде во операционата сала како две капки вода е ист како Свети Лука кога тој беше лекар во болницата во Переслав-Еалески во 1910 година. Помошта на Свети Лука за мене има големо духовно значење, отколку телесно. Свети Лука, буквално го извади од моето срце трнот на маловерието, кој долги години ме мачеше. Јас разбрав, дека со човекот се случува чудо тогаш, кога тој целосно ќе се предаде себеси на Бога.

Многу скоро ние со сопругот отидовме во манастирот Сигмата во Фиви, за да отслужиме благодарствен молебен кон Свети Лука. Ние бевме многу вознемирени. Од моите очи, не престануваа да течат солзи. Јас не можев да изговорам ни еден збор. А сопругот цело време размислуваше, каков поклон да остави во манастирот како благодарност кон Светителот. При него единствена вредна работа беше неговиот – часовник, кој беше подарок од нашиот кум. Пред 19 години тој часовник беше околу две илјади долари. Сопругот многу го сакаше и никогаш не се одделуваше од него. И тој реши да остави паричен поклон. Но тогаш некој внатрешен глас нему му рекол: „Не, остави го тука твојот часовник“. Но, тој глас не го послушал и почнал да брои пари. Тој, три пати го слушнал тој глас, и на крај како поклон во манастирот го остави скапоцениот часовникот. „Само што ги оставив тука, – тој ми рече, – ми се чини, како да се ослободив од нешто, што ме привлекуваше силно кон тој предмет.“

„Свети отче Луко, научи не да го љубиме Бога, како што и ти го љубиш.“

М. К., остров Закинтос.


„На реанимација“

Кон крајот на јуни 2009 година на 24 годишната Елена К. од островот Лерос и бил извршен оперативен зафат – замена на срцев залисток. Докторот соопштил, дека после операцијата болната ќе се наоѓа два дена на интезивна нега. Сепак, по истекот на двата дена, на девојката состојбата не и се подобрувала, таа не се „разбудувала“. Таа била во таква состојба 27 дена.

Пријател на семејството, дознавајќи за случката, им испратил на родителите на девојката книга со житието на Свети Лука, текст од молебенот кон Свети Лука и масло од неговите Свети мошти од Симферопол. Родителите, почнале да му се молат на Свети Лука. После два дена, болната ги отворила очите и почнала да говори. Сите од преголема радост му заблогодариле на Господа и на Свети Лука за помошта.

А медицинските сестри од одделот за интезивна нега го раскажаа следново. За време на редовното дежурство, еден ден до „пробудувањето“ на болната, во одделението за интезивна нега, се појави непознат доктор, облечен во бел долг мантил, изработен од стар примерок на платнена ткаенина. Тој не говорејќи ни збор, помина покрај дежурните во одделниот блок, каде што се наоѓаше болната. Необичниот доктор ја затворил вратата и ги тргнал завесите меѓу стаклената преграда. После некое време тој повторно се појавил кај вратата, и молчејќи излегол од одделението. Медицинските сестри, потоа набрзина отишле кај болната, и ја виделе во будна состојба со нормална реакција кон присутните.

„Кога сѐ било готово…“

Моето име е Е. Х. Имам 37 години. Потекнувам од градот Моргу. Сега живеам во градот Лимасол. Работам како стјуардеса и предавам италијански. На 28 јуни 2008 година, во недела наутро јас станав многу рано, чувствував мало нерасположение. Се покажа дека имам температура, и решив да отидам на клиника, за да ми стават некоја инекција, за да ми понине слабоста. Јас и мајка ми, имавме закажано патување на островот Андрос, и не сакавме да го откажеме.

Во вторникот на 29 јуни, здравствената состојба повторно ми се влоши, и решив повторно да отидам на доктор. Времето за патувањето се приближуваше. Во клиниката ме прегледа докторот на мојата мајка. Направија анализи, но ништо не најдоа. Имав мала температура и чувствував вртоглавица. За секој случај, докторот ми предложи да отидам на преглед во болница, но јас не прифатив и го прашав: „А може ли лекувањето да го продолжам после патувањето? Кога ќе се вратам тогаш ќе отидам во болница!?“

Докторот настојуваше, иако не спомна ништо за било каква сериозна болест. Слабоста и температурата не поминуваа.

Следниот ден на 30 јуни, во вторник, кај мене во болница дојде мојата ќерка и ми подари мала книжна икона од Свети Лука. Претходно, за тој Светител јас не знаев. Ја поставив иконата под перница.

Во седата на 11 јули, мојата здравствена состојба се влоши многу. Ми направија томографија и се покажа дека имам некаква инфекција во стомакот. Во текот на испитувањето, видов како постојано ме следат четири очи.

Се обидував да се загледам во лицата кои ме опкружуваат, но не можев. После прегледот ме однесоа на интезивна нега, и се сеќавам дека се вознемирив, бидејќи ја изгубив иконата од Свети Лука. Ќерка ми ми даде уште една, но набргу потоа и загубената икона ја најдовме – таа на чудесен начин беше залепена за мојот грб. После тоа јас во своите раце цврсто ги држев и двете икони.

Во раните утрински часови на 2 јули 2008 година инфекцијата ми направи компликација на белите дробови. А во саботата лекарите, кои не можеа да објаснат каква инфекција имам, и не можеа да се справат со болеста, туку само ми даваа силни антибиотици и инфузии, решија да ме оперираат. Труењето на крвта (сепса) се случуваше толку брзо, што мислеа дека до вечерта нема да преживеам.

А јас, не гледајќи на сите потешкотии, чувствував, дека здравствената состојба ќе ми се подобри, и со иконите во раце отидов на операција. Му ги дадов иконите на анестезиологот, за после операцијата повторно да си ги земам. Ми ја отстранија жолчната кеса, иако подоцна се покажа дека со неа било се во ред. Настапи состојба на кома, во која се наоѓав три дена. Состојбата на моето здравје беше толку критична, што сите го очекуваа најлошото. Докторите не им даваа надеж на моите роднини. Моите заразени бели дробови, престанаа да дишат. Но чудото се случи тогаш, кога сите говореа дека со мене е готово.

Во вторникот кај мене дојде отец П. и ги донесе со себе моштите на Свети Лука – делче од неговото срце. Потоа, мене ми раскажаа дека отецот ме осенил крстовидно со Светите мошти. Во тој момент јас ги отворив очите. Од тој момент мојот организам започна да се бори, и сепсата сосема необјасниво започна да се повлекува. Јас се излекував целосно. Луѓето верници, говореа дека се случи чудо. Некои се обидуваа научно да го образложат тоа, но никого не можеа да убедат.

Во болницата ми донесоа книга со житието на Свети Лука (мојот лекар – во мојот случај). И јас почнав да размислувам, дека нему му помогнаа Светите бесребреници Кузман и Дамјан.

Но потоа разбрав, чии беа очите кои ме гледаа за време на томографијата на 1 јули. На тој ден беше празникот на Светите бесребреници Кузман и Дамјан, а тие беа десна рака на Свети Лука во операционата сала.

Тој ден, мојата ќерка се наоѓаше во манастирот во градот Верија. Сите се молеле за моето здравје, а старецот на манастирот рекол: „Свети Лука и Светите бесребреници Кузман и Дамјан ќе бидат заедно со неа“.

Е. Х. Лимасол – Кипар.

Ете неколку современи чудесни исцеленија. Тие ја потврдуваат не само светоста на Свети Лука, туку ја докажуваат и љубовта на Господа, кој дури и во нашето време на богоотстапништво нас не нè остава.

Нас луѓето не разделува просторот, границите, јазикот и.т.н. Но нас не обединува Црквата, во лоното на Црквата се надминуваат сите разлики, растојанија и граници. И Светителите не се преграда, бидејќи тие се наднационални, тие се повеќе од сите раси во светот. Тие не прават дискриминација и не лицемерат.

Сакам да го завршам своето излагање со зборовите на уште еден современ Светител – отец Пајсиј, кој за Светиот старец отец Арсениј го напиша следново: „Јас мислам, дека својата силна активност, нашиот Свет отец ја започнува сега, после неговата смрт“.

Јас мислам, дека тое е природно, што тој сега помага повеќе, отколку тогаш, кога живеел на земјата, бидејќи сега тој е заедно со небесниот Отец и како Негово чедо со своето застапништво, кое тој го имал и претходно, може прекумерно да добива благодат и да оди кај страдалниците и да им помага, лечејќи ги според нивната потреба.

Неговите големи подвизи заради љубовта кон Христа, неговата љубов и смирение, му донесоа голем духовен развој, и тој денес лебди со ангелите и се радува, бидејќи им помага на голем број луѓе кои страдаат и го слави името на Бога.

Денес Свети Лука брза кон луѓето не со неговите телесни нозе, кога без здив, тој се обидуваше да го посети секој болен, за да отслужи молебен и да го излекува, но тој сега лета, како ангел од едниот крај на светот до другиот и може да стигне кај секој, кој со стрвопочит го повикува на помош. Свети оче Луко, моли го Бога за нас! Амин!

 

Извор: http://www.pppe.mk/2019/chudata-na-sveti-luka-voeno-jasenetski/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная