Кога имаш добро срце... Многу помагаш, многу веруваш, многу даваш, многу сакаш, а се чини дека секогаш си најмногу повредуван.
Ама луѓето со добро срце и во другите го будат доброто - затоа се радосни.
Ниту една убавина не сјае толку сјајно како што сјае нивното добро срце.
Оти, најкорисниот посед на една личност не е главата полна со знаење, туку срцето полно со љубов, човек што има уши да слуша и раце кои се желни да помогнат.
Добрите луѓе се како свеќа. Ќе се изгорат себеси за да им дадат светло на другите.
Затоа подобро човек да е сиромашен со добро срце, отколку богат со лоши намери.
Зашто на крајот од денот нема да се сеќаваме на луѓето со прекрасно лице. Ќе се сеќаваме на оние со прекрасно срце и душа.
Архимандрит Партениј