Засакај го Христовото сиромаштво за да станеш богат во Христовото Божество. Засакај го најубавиот пост – дело многу почитувано и богоугодно. Постот е кочија што вознесува на небото. Постот раѓа пророци и дава мудрост. Постот е добра одбрана на душата, сигурен состанар на телото. Постот е оружје на смелите, училиште на подвижниците.
Постот ги одбива искушенијата, тој е светлина на побожниот подвиг. Постот е смелост во битките. Постот го скроти огнот и ги затвори лавовите. Постот ја вознесува молитвата на небото. Постот е мајка на здравјето. Тој е поука на младоста, украс на старците, добар сопатник на патниците.
Кај оние што постат телото е чесно и душата е драгоцена. Постот го смири Лазар во Аврамовите прегратки. Затоа и ние да го засакаме за да бидеме прифатени во Аврамовите пазуви. Да се оддалечуваме од раскошот и пијанството кои ги следи гласната смеа и мајката на блудот.
† Преподобен Ефрем Сирин
Избор од фб профил на
Православие.Мк †