Да се плашиме од скаменетата нечувствителност за нашите гревови.
Да се плашиме од својата гордост која вели: мене не ми е потребно простување на гревовите; јас не сум виновен, јас не сум грешен, моите гревови се лесни, човечки; или, не ми е тешко да живеам со моите гревови.
Тоа е сатанска гордост и самиот сатана упорно во нашето срце ги повторува тие исти зборови.
Да ги почувствуваме длабоко, длабоко, со целото свое срце сите свои беззаконија, заради нив да издишеме од длабочината на душата, поради нив да пролееме солзи на скрушеност и ќе Го смилостивиме разгневениот Владика.
Ниту малку да не се оправдуваме себеси како фарисеите, лицемерите, бидејќи, речено е: „никој жив нема да се оправда пред Господа“ (Пс. 142, 2). Само преку искрено покајание поради гревовите може Бог да ни се смилува. Да ја оставиме рамнодушноста и оладеноста, со огнен дух да Му служиме на Господ.
Св. Григориј Палама
Преку честа исповед гревот ја губи својата моќ, заводливост и пријатност.
Кога луѓето често и искрено би се каеле, брзо би се стопиле нивните страсти, а нивните гревови би ја изгубиле својата сила.
Треба да се биде строг кон себе, без штедење да се себеосудуваме, енергично да се бориме против своите похоти и лоши навики, и со својата сила да тежнееме кон своето преобразување низ искрено покајание, воздржливост, дела на љубовта, а пред сè, низ молитвата на срцето.
Навистина е Божји дар да се чувствува длаболка болка поради гревовите.
Тоа е полно покајание, самоосудување со цврста намера да се остави дотогашниот гревовен живот, да се стане нов човек, да се помириме со Бога и со сопствената совест. Тоа е, исто така, и цврста доверба во Божјата сепростувачка добрина. Само оној кој свесно и искрено се кае добива простување. За непокајните, пак, следува пропаст.
Св. Григориј Палама
Избор од фб профил на
Православие.Мк †