Поука на денот: Свети Силуан Атонски
Да се знае Бог, и колку Он нe љуби и на кој начин духовно нe воспитува? Каде ќе најдеш таков татко што би умрел на крстот заради престапите на своите деца? Обично на таткото му е тешко и го сожалува синот што треба да биде казнет заради своите престапи. Но, дури и ако го сожалува синот, сепак ќе му рече: “Ти постапи лошо, и за своите лоши дела праведно си казнет”.
Господ, пак, никогаш нема да ни каже такво нешто. Он и нам ќе ни каже како на Апостолот Петар: “Ме љубиш ли?” Така и во рајот ќе ги праша сите: “Дали ме љубите?” И сите ќе одговорат: “Да, Господи, ние Те љубиме.
Ти нe спаси со Своите страдања на крстот, а сега ни го подари и Небесното Царство”.