логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

Чедо мое, ако внимаваш што ти пишувам, и ако си наложиш себеси подвиг ќе имаш голема полза. Сè што ти се случува, ти се случува бидејќи не се присилуваш на молитва. Значи, присили се! Постојано кажувај ја молитвата! Воопшто да не запре твојата уста! Ќе се навикнеш на неа внатре во себе, така што, потоа ќе ја преземе умот. Не се ослободувај во внимавањето над помислите, бидејќи ќе станеш млак и ќе се оскверниш. Молитва, тоа е постојана присилба над нашата природа. Практикувајќи ја, ќе видиш колку благодат ќе добиеш!

Животот на човекот, чедо мое, е скрб. Затоа што се состои во туѓинување. Не барај совршен спокој! Нашиот Христос го подигна Крстот, и ние ќе го подигнеме. Доколку ги истрпиме сите таги, ќе добиеме благодат од Господа. Затоа, Господ не става под искушение, за да ја испита нашата ревност и љубов спрема Него. Заради тоа е потребно трпение. Без трпение човекот не станува практичар, не ги осознава духовните нешта, така што, не може да го достигне нивото на добродетелта и совршенството.

Возљуби Го Исуса кажувајќи ја непрестајно молитвата и таа ќе ти го просветлува Неговиот пат.

Внимавај да не осудуваш, бидејќи заради тоа Бог допушта и да отстапи благодатта од тебе, така што, те остава да паднеш и да се смириш согледувајќи ги своите гревови. Тоа што го пишуваш е во ред. Она што најпрво го чувствуваш е благодат Божја којашто кога наидува го прави човека продуховен. И сè му изгледа убаво и добро. Тогаш сите ги љуби, има умиление, солзи и топлина во душата. Но, кога ќе се повлече благодатта, телесното надвладува и духот паѓа. Ти сепак, дури и тогаш, не губи ја твојата ревност, туку, постојано кажувај ја молитвата, со сила, со напор, со многу болка. Господи Исусе Христе, помилуј ме! И повторно и многупати исто и постојано. Гледајќи Го мислено Христа, кажувај – Ти благодарам Господи мој за добрата што ми ги даде и за злото што го трпам. Слава тебе, Боже мој, слава Тебе. И кога ќе истрпиш, пак ќе дојде благодатта, пак радоста. Но, пак ќе дојде и искушението, и тагата, и стресот и напнатоста. Но, повторно борба и победа и благодарност! И така ќе биде се додека лека-полека не се очистиш од страстите и не станеш духовен, така што, созревајќи да стигнеш до бестрастие. Но, бори се! Не барај добрите нешта да дојдат сами по себе. На пердуви не стануваш монах. Монахот треба да биде навредуван, исмеван, искушуван, да падне, да стане, да биде човек. Не во прегратките на својата мајка. Не се чуло некој да станал монах близу својата мајка. Само што си рекол ‘оф’, ќе слушнеш ‘јади, да не се разболиш’. Подвигот бара лишување. Арното нема да го најдеш во бања и во лесен помин. Тоа бара борба и многу труд. Бара, дење-ноќе да Го повикуваш Христа. Бара трпение во сите искушенија и таги. Бара да го удавиш гневот и желбата (или сопствената волја).

3.angeli.so.truba

Ќе се измориш многу, додека да сфатиш дека молитвата без внимание и без трезвеност над себе самиот е губење време, труд без наплата. Треба над сите свои чувства одвнатре и однадвор да го ставиш будниот чувар, вниманието. Бидејќи, без него, умот и силите на душата се обезсилуваат, разлевајќи се над обичните и суетни работи како водата што се разлева по улиците. Никој никогаш не ја нашол молитвата без внимание и без трезвеност. Никој никогаш не се удостоил да се искачи кон она што е горе, без претходно да го презре она што е долу! Многупати ти се молиш, а твојот ум го разгледува она што е овде или таму, тоа што му се допаѓа, тоа што од навика го привлекува. Ти треба присилба да го оттргнеш од таму, за да се сосредоточи врз молитвените зборови. Многупати во твојата помисла, во твојот збор, во твојот слух, во твојот поглед, лукаво навлегува непријателот, непрепознавајќи го. Потоа ќе го препознаеш, но ти треба борба за да се очистиш. Сепак не се изнемоштувај борејќи се со духовите на лукавството. Со благодат Божја ќе победиш и ќе се радуваш за сите твои таги. Внимавај на овие нешта и кажи им на другите да бидат предострожни во самопофалбите, бидејќи тоа им штети и на совршените, а камоли на вас коишто сте сеуште слаби. На еден светител, некој гостин три пати му рекол дека добро го извршува ракоделието. И на третиот пат светителот му рекол ‘…од мигот кога влезе овде човеку, го изгони Бога од мене’.

Гледаш ли, Светиите колку се внимателни во однос на духовните закони? Заради тоа, за се е потребна голема предострожност. Само навредите и омаловажувањата духовно го градат човекот. Бидејќи од нив се раѓа смирение. На тој начин добива венци. Трпејќи, ги дави егоизмот и славољубието. Тогаш кога ќе те навредуваат: горделивче, лицемере, шетрпеливко, време е за трпение. Ако проговориш, загуби! Значи, секогаш имај страв Божји! Имај љубов за сите и внимавај да не повредиш некого вака или онака, бидејќи додека молитвиш ти пречи тагата на твојот брат. На сите, биди им добар пример во збор и во дело и Божјата благодат секогаш ќе те чува и ќе ти помага. И внимавај чедо мое, никогаш да не заборавиш во сиот свој живот, дека монахот треба да е пример за мирјаните, а не соблазна, како што тој самиот зема пример од ангелите. Затоа, должен е многу да внимава, за да не го обземе сатаната.

Навистина ли е неопходно монахот да излезе во светот? Нека излезе! Сепак, потребно е целиот да стане око, светлина, добро да внимава, за да не се случи помагајќи им на другите, самиот да си наштети.

Особено се во опасност младите монаси и монахињи што излегуваат во светот, а сеуште се во цветот на својата младост. Поминуваат помеѓу стапици. За оние што се повозрасни, што се имаат исушено во подвигот, не постои толкава опасност. Тие не претрпуваат голема штета, дури можат и повеќе да помогнат, ако имаат опит и познание. Во секој случај, воопшто, секој монах, нема никаква полза од светот, освен славата и пофалбите коишто само го разгалуваат. И тешко нам, ако Божјата благодат соодветно не ги покрива потребите и делата на секој што излегува надвор.

Извадок од книгата: Исихастички сведоштва, Старец Јосиф, Струмица : Манастир Свети Леонтиј – Водоча, 1999 стр: 25-29

 

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/molitva-toa-e-postojana-prisilba-nad-nashata-priroda/

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная