Многу од делата човечки се добри сами по себе, но тие стануваат недобри, од нeкаква причина. На пример постот и бдението, молитвата и псалмопението, милосрдието и гостопримството се по природа добри дела, но кога се извршуваат поради суета, престануваат да бидат добри дела.
Бог ја бара целта на сите дела што ги правиме: дали ги правиме заради Него, или од некаква друга причина.
Спасителот вели: Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога (Мат. 5, 8), зашто Бог е скриен во срцата на оние што веруваат во Него. Тие ќе Го видат Бога и ризниците скриени во Него, кога ќе се очистат преку љубов и воздржание и ќе Го видат толку појасно, колку повеќе се очистени.
... Зашто тие нешта (приврзаноста кон светот) го валкаат умот и не му дозволуваат да го види Христос, Кој престојува во него благодарение на благодатта на светото Крштение.
Соодветно на тоа како се молиш за оној што те оклеветил, така и Бог ќе му ја открива вистината за тебе на оној што се соблазнил.
Пријателите на Христос срдечно ги љубат сите, но не се љубени од сите. А
пријателите на овој свет не ги љубат сите и не се љубени од сите.
Пријателите Христови ја чуваат докрај постојаноста во љубовта;
пријателите од овој свет ја чуваат дотогаш додека помеѓу нив не започне
кавга заради нешто од светот.“
(400 глави за љубовта, свети Максим Исповедник)
За Преминпортал: Дејан Блажески
4ти декември 2020 лето Господово