логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Св. Јован Битолски и Сан-Франциски за Богојавлението
Беседа на празникот на Просвештението, Битола 1928 година

3.angeli.so.truba
 
Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух!


      Прославувајќи го Богојавлението ние се потсетуваме дека Бог им се покажа на луѓето како Троица и дека Исус му се јави на светот како Христос. Каде се јави Христос? Каде го започна Своето дело? Дали отиде во голем град и таму се јави во Својата слава? Или, се качи на висока планина, а многу илјади луѓе  стоеја долу и гледаа на Него како на некое чудо? Не! Христос отиде во пустината, на реката Јордан, каде што Јован го крштевше народот. Јован го проповедаше покајанието и ги повикуваше грешниците, во знакот на покајанието, да бидат крстени во Јордан. И ете, како грешник дојде и Христос и молеше да биде крстен. Тој, во Кого немаше грев. Јован се исплаши: „Ти мене треба да ме крстиш“. „Сега остави го тоа“, одговори Исус, „бидејќи ни претстои да ја исполниме вистината“.

Адам преку гордоста згреши, сакаше да се воздигне, да стане Бог. А Христос дојде да ја исполни Божјата правда, гревот на Адамовата гордост да ја поправи со смирение. Адам сакаше да се воздигне пред Бога, а Бог се понижи пред човекот. Христос слезе во вода и го прифати крштевањето од Својот слуга. Треперејќи, Јован ја положи раката врз Господарот и својот Бог, а Христос смирено ја наведна Својата глава пред него. Ова Христово смирение го отвори небото. Тогаш од небото се чу гласот на Бог Отецот: „Ова е Мојот возљубен Син. Ова е Мојот Син, Кој Себеси се понизи за да ја исполни Мојата волја, вистинскиот Мој Син, Кој се понижи за човекот да се воздигне“. И Светиот Дух слезе од небото врз Исус, потврдувајќи ги зборовите на Отецот. Така смирението на Исус го отвори небото и им ја покажа на луѓето Тајната на Божјата Троичност. Но зошто Тој тоа го изврши токму во вода, а не на некое друго место?

Да се потсетиме како Бог го создаде светот. Кога Бог ги создавал небото и земјата, „земјата беше без облик и пуста, и Светиот Дух се дигна над водата“. Потоа Бог ги раздели земјата и водата, но така што водата, сепак, да ја има насекаде и да му биде потребна на секое создание. Човекот не може да живее без вода, ниту кое било животно; постои вода (влага) во воздухот; каде било да фатиме грутка земја – и таму постои вода; има вода и во каменот, иако ни се чини дека таму нема, сепак, таа постои и таму, и, кога Бог ќе посака може да направи да излезе од него, како што и направил во времето на Мојсеј. „Господова е земјата и сѐ што ја исполнува вселената, и сѐ што живее во неа“ (Пс. 23, 1). „Небото и земјата одамна беа создадени од вода и преку вода со силата на Божјото слово“, пишува апостолот Петар, „поради кое, тогашниот свет пропадна, потопен од вода“ (2 Петар 3, 5-6).

Кога човекот згреши врз себе го зема Божјиот гнев, не само врз себе, туку и врз целата природа. Човекот е круна на Божјото создание; тој е поставен за цар на природата. А кога царот ќе стане непријател на другиот Цар, тогаш и целото негово царство станува непријателско. Казната била определена не само за човекот, туку и за целото создание. „Бидејќи знаеме дека досега сите созданија воздивнуваат и тагуваат“. Но, „тие се покорија на суетата (не по своја волја, туку задари волјата на Оној Кој ги покори)“ (Рим. 8, 21-22). Затоа простувањето на вината го ослободува создаденото и од робувањето на пропадливото. Уништена ќе биде пропадливата природа и ќе се преобрази во „ново небо и нова земја, каде што ќе живее правдата“ (2 Петар 3, 13). За да биде можна оваа промена, природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после Судниот ден, Христос дојде на Јордановите води.

Потопувајќи се во Јордан, Христос ги освети не само тие води, туку и целата водена природа, како што Црквата пее во своите песни: „Христос се јави за да ги освети водите на Јордан“ (Претпразничен тропар), „Денес водената природа се осветува“ (Тропар за излегувањето на Јордан). А бидејќи водата се наоѓа насекаде, тогаш Христос, со осветувањето на водата го освети сето создание, целата вселена. Христос ја подготви природата за и таа да ги почувствува добрите последици од жртвата која Тој дојде да ја принесе. Но не само тоа, Тој ѝ дал моќ на водата да ги очисти човечките гревови. Крштението кое го вршеше Јован било само знак на покајание. Христијанското Крштение е ново раѓање, простување на сите гревови. Бог со водата ги казни гревовите на првиот свет и го уништи во потопот. Сега со водата Бог ги спасува луѓето преку Тајната на Крштението.

3.angeli.so.truba
 
      Така Христос на Јорданските води ја уништи главата на змијата, како што се пее во црковните песни, главата на онаа змија која ги измами Адам и Ева, но била победена со Исусовото смирение; на луѓето им откри дека е Бог Троица; ја освети водата, а со неа го подготви целото создание за прифаќање на зборовите за покајание и за нетрулежност.
И тогаш, издржувајќи уште една борба со ѓаволот во пустината, Христос тргна да ги подготвува луѓето за идното Царство и ја започна Својата проповед со зборовите: „Покајте се, зашто се приближи небесното Царство“ (Матеј 4, 17), или како што пишува во другото Евангелие: „Се исполни времето и се приближи Божјото Царство: покајте се и верувајте во Евангелието“ (Марко 1, 15).
До тогаш Јован Крстителот го проповедал покајанието, Му го подготвивал патот на Господ. Кога Самиот Господ им вели на луѓето: „Покајте се“, тој глас е наменет не само за луѓето кои живееле во Христовото време, туку со тие зборови Христос им се обрати на сите луѓе во сите времиња и векови. И ние сме ги слушнале тие зборови од Евангелието. Додека сѐ уште не стивнале празничните песни за Богојавление, тие нѐ потсетуваат дека се приближува времето за покајние. Да бидеме внимателни! Тоа не се зборови на пророк или ангел, туку на Самиот Господ. Ќе се покаеме и во постот, кој доаѓа, трудејќи се да ги победиме нашите страсти и да добиеме простување на гревовите, за во идниот век да влеземе во вечното Царство кое го подготви Господ. Амин.

 

За Преминпортал подготви Дејан Блажески

19ти јануари 2021 лето Господово

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная