логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 θεοφάνεια- Богојавлението природно за светот

3.angeli.so.truba


Секоја твар е чувар на една мисла Божја; оттука секоја твар е мало Евангелие Божјо, бидејќи Го проповеда Бог, мислата Божја, бидејќи е неуморен гласник Божји. Неразорното јадро на секоја твар ја сочинува мислата Божја што е во неа, мислата на Божјата Мудрост, на Божјиот Логос. Оттука сѐ се стреми, сѐ гравитира кон Бог, кон Божјиот Логос, бидејќи со логосната суштина секое битие чезнее за Бог, копнее за Бог, се орасположува за Бог. Божјите мисли се како светлосни зрнца, расеани по сите твари, па секоја твар зрачи со логосна светлина, и сите зраци од сите твари водат и одведуваат кон вечното и неугасливо Сонце: Бог Логосот – Господ Христос.
            Логика на светот? Има ли овој свет логика, свет во сите свои поединости и во својата сеопфатна целина? – Да, има: Бог Логосот е единствената логика на светот. Во Логосот е и логиката, само во Логосот. Но, тој Логос на светот не е некој замислен, апстрактен, трансцендентен, платоновски, безличен логос, туку историски реална и вечна Божествена Личност: Бог Логос Кој станал човек, станал тело, станал материја, и на тој начин влегол во матицата наша, овострана, земна стварност, и во сферата на човечката историја живеел и дејствувал како Богочовек Исус Христос. (...) Светиот апостол Павле вели: „Сѐ преку Христос и за Христос се создава“. А тоа значи: сѐ во светот, од ангелите до црвите, од сонцата до атомите, има свој логос и своја логика, и тоа – божествен логос и божествена логика; па уште и со овој неминовен додаток: сѐ во светот постои за таа божествена логосност и за таа божествена логичност. Без тоа, светот е алогосно и алогично чудовиште.
            Бог Логосот не е само центар на сите битија и твари туку е и создателна, и животворна, и кохезивна, и синтетичка и промислителна сила во сите битија и во сите твари. Сѐ зрачи со Логосот, бидејќи сѐ е логосно и логично. Сѐ има своја божествена смисла, божествена цел, божествена вредност, сѐ – освен гревот, освен злото. Зашто во овој свет само гревот е безлогосен, безлогичен, бесмислен. Црната сила што го обесмислува светот, што ги обезлогосува битијата и тварите е гревот. Бог Логосот со овоплотувањето влегол во овој свет за да го ологоси, за да го протера од него гревот и неговата бесмисла, да зацари во него божествена смисла и да внедри божествена вредност. Само уништувачот на гревот во светот може да биде осмислител и просветител на светот. А тоа е единствено Он, единствено – Богочовекот Христос. Со овоплотувањето Он влегол во матицата на огревовениот свет за светот со Бог да се очисти од гревот и злото, да се осветли со Бог, да се просветли со Бог и да се осмисли со Бог. И навистина, Богочовекот е единствениот меѓу земните битија што божествено мудро, божествено совршено, божествено потполно ја објаснил тајната на светот и човекот.
            Она на што стои светот, темел и основа на светот е – Бог Логосот. Само на тој и на таков темел може да се изгради човечен свет, полн со божествена логика, божествена смисла, божествена мудрост, божествена вечност. Камен темелник – столб на сѐ вечно-човечко е поставен еднаш засекогаш – тоа е Господ Христос. Ќе се отфрли ли Христос, отфрлена е основата на светот, извлечен е темелот под градивото на светот и сѐ одеднаш се струполува во хаос, во бесмисла, во лудило, во ѓаволски водвиљ.
            Што е материјата според светосавската философија на светот? – Материјата е нешто божествено, нешто логосно, зашто и таа настанала преку Бог Логосот. Затоа, материјата зрачи со логосна светлина и божествена логичност. А и современата наука тврди дека материјата зрачи со некоја предсончева светлина. Преку сѐ и од сѐ што ние луѓето го нарекуваме материја зрачи, сјаи, блеска Логосот. Светот свети со Бог Логосот, со Божествена Светлина, со Божествена Логика, со Божествен Разум. Затоа овоплотениот Бог Логос рекол: „Јас сум светлина на светот“. На тоа додајте го и ова: светот живее со светлината, зашто е и соткаен од логосна светлина; животот е живот на божествена  светлина, затоа и овоплотениот Бог Логос за себе го рекол и ова: „Јас сум светлина на светот“. И светот е свет со Логосот, и животот е живот со Логосот. Логосот е и во атомот и во вселената; од врвот до дното – сѐ е од Него, сѐ е во Него, сѐ е преку Него. И самото постоење е од логосен карактер, бидејќи „сè стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана“ (Јован 1, 3). Сѐ што постои сочинува една целина, божествено логосна и божествено логична... Во светот на материите зад сите појави се крие невидливата сила Божја. Секоја твар е извор, извор на таа сила. Колку чуда во една капка вода, а камоли во Сонцето, во ѕвездите, во соѕвездијата, а пак во Творецот на сите тие чуда! Окото човечко не може да гледа во Сонцето, а камоли во Творецот на толкуте сонца!
            Господа, евангелската светост ја обесконачи човековата душа со божествени бесконечности, и свет човек божествено длабоко го гледа светот, божествено широко ја чувствува неговата тајна, божествено високо мисли за светот. Секоја твар е мало богојавление, зашто секоја твар со самото свое постоење Го објавува Бог. Лисчето на љубичицата, зарем тоа не е мало богојавление? Окото на ластовицата – зарем тоа не е поголемо богојавление? А зеницата во твоето око – зарем тоа не е поголемо богојавление и од едното и од другото? (...) Да, секоја твар со својот главен нерв е поврзана со Творецот! Да, секоја твар е богогласник! Да, секоја твар е богојавление! Да, овој свет е непрестајно и незамолчливо богојавление; преку него Бог ја објавува и мудроста Своја, и љубовта Своја, и силата Своја, и вистината Своја, и правдата Своја, и добрината Своја, и убавината Своја...
            Само ситните – мали души не можат, зашто не сакаат, да се нурнат во божествените длабочини на светот и таму да ја пронајдат неговата божествена логика, и идеја, и мисла, и смисла. Површински паразити, тие постојано остануваат на површината на светот, затоа и не можат надвор од прашината на светот. Прашината им ги затворила очите, па не Го гледаат Бог, ниту што било Божјо. Тварта ја прогласиле за прво и последно битие, за прв и последен живот, за прва и последна вистина. А тоа е идолопоклонство, и извор на секое идолопоклонство, било духовно било физичко.
            Господа, вие сте почувствувале, првото начело на светосавската философија на светот е: светот е богојавление. А второто, кое е второто начело? – Човекот е богослужење. Богојавлението е природа на светот, а богослужењето е цел на светот. Бог се објавува преку светот. На богојавлението човекот одговара со богослужење. Во светот што е богојавление, сиот живот човеков, од почеток до крај, од врвот до дното, треба да биде непрестајно служење на Бог, непрестајно богослужење. Главната обврска човекова во овој свет, во овој грандиозен храм Божји е – служење на Бог, богослужење. Природно и логично е во оваа вселена, во овој храм Божји, да се живее – служејќи Му на Бог. Бидејќи овој свет е богојавление, природно е човекот да биде богослужење. Човекот и не е ништо друго туку – свештенослужител, богослужител. Тој непрестајно Му служи на Бог: и со мислите, и со чувствата, и со зборовите, и со делата, со еден збор – со целокупниот свој живот. (...)
Најдобро и најсовршено Му се служи на Бог кога се живее според Евангелието на Богочовекот Христос.

3.angeli.so.truba
 
Преподобен Јустин Ќелиски

 

19ти јануари 2021 лето Господово

За Преминпортал

прилогот го подготви Дејан Блажески

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная