Најважно денеска е човекот да не се приспособува кон тој светски дух. Тоа би било еднакво на исповедање на нашата вера. Да се трудиме, колку можеме, да не се предадеме на тој тек, да не се повлечеме по тој канал. Итрите риби не се фаќаат на куката. Ја гледаат мамката и разбираат дека е мамка, се оддалечуваат од таму и се спасуваат. Додека другите ја гледаат мамката, брзаат да ја загризат и оп, се уловуваат! На ист начин и светот има свои мамки и ги уловува луѓето. Тие се привлекуваат од светскиот дух и паѓаат на неговата измама.
Светското мислење е болест. Како што човекот избегнува некоја болест, така треба да го избегнува и светското мислење во сите негови манифестации. Да се оттуѓи од духот на светскиот прогрес, за да напредува духовно, да биде здрав духовно и да се радува со ангелска радост.
Превод од бугарски
Извор: СВЕТСКИЯТ ДУХ Е БОЛЕСТ
Извор: