Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
"За жал, во денешно време се множат зборовите и книгите, а се намалува опитот, зашто луѓето се под влијание на световниот дух, кој постојано се стреми кон леснотии и го одбегнува телесниот напор. Многумина од нас се успокојуваат преку многу читање, а малку или воопшто не творат.
Имаме само восхит кон Светите атлети на нашата Црква, без да направиме обид да го сфатиме нивниот труд, зашто самите не се потрудивме да го сториме тоа, да ги возљубиме и од усрдност да се обидеме да ги подражаваме. Сите оние пак, кои усрдно прават пoдвиг, не се штедат себеси и не си припишуваат никакви заслуги, се од голема помош бидејќи само тогаш ќе се успокојат душите на кои помошта им е потребна, а кои прибегнуваат кон нив.
И само тогаш, ќе се успокои нивната душа и во овој живот и во вечниот."
Мај 2021 лето Господово