логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


TViTer316
  ·
Благослови ги моите непријатели, Господи. И јас ги благословувам и не ги колнам.
Непријателите повеќе ме истуркаа во Твојата прегратка, отколку пријателите.
Пријателите ме врзуваа за земјата, непријателите ме одврзуваа од земјата, и ги рушеа сите мои надежи во земјата.
Тие ме правеа странец во земските царства, и непотребен жител на земјата.
Како што гонетото животно наоѓа посигурно засолниште, отколку негонетото, така сум и јас, гонет од непријателите, најдов посигурно засолниште, скривајќи се под Твојот шатор, каде што ни пријателите, ни непријателите не можат да ја погубат мојата душа.
Благослови ги моите непријатели, Господи. И јас ги благословувам, и не ги колнам.
Тие наместо мене ги исповедаа моите гревови пред светот.
Тие ме камшикуваа, кога јас се сожалував да се камшикувам себеси.
Тие ме мачеа тогаш, кога јас бегав од маките.
Тие ме навредуваа тогаш, кога јас си ласкав самиот на себеси.
Тие ме плукаа тогаш, кога јас се гордеев со себе. Благослови ги моите непријатели, Господи. И јас ги благословувам, и не ги колнам.
Кога се правев мудар, тие ме нарекуваа луд.
Кога се правев силен, тие ми се смееја како на џуџе.
Кога сакав да бидам водач на луѓе, тие ме туркаа назад.
Кога брзав да се збогатам, тие ме удираа со железна рака.
Кога мислев мирно да спијам, тие ме будеа од сон.
Кога ѕидав куќа за долг и спокоен живот, тие ја рушеа и ме изгонуваа надвор.
Навистина, непријателите ме одврзаа од светот и ги продолжија моите раце до Твојот скут.
Благослови ги моите непријатели, Господи. И јас ги благословувам, и не ги колнам.
Благослови ги и умножи ги; умножи ги и уште повеќе огорчи ги против мене – та да биде моето бегство кон Тебе неповратно; надежта во луѓето да се искине како пајажина; да се зацари смирението целосно во мојата душа; да стане срцето гроб на моите два злобни близнака: гордоста и гневот; за сето мое богатство да го соберам на небото; ах, барем еднаш да се ослободам од себеизмамата, која и ме заплеткала во страшната мрежа на лажливиот живот.
Непријателите ме научија да знам, - она што ретко кој го знае – дека човекот нема непријатели во светот надвор од себе. Непријателите ги мрази само оној, кој не знае, дека непријателите не се непријатели, туку сурови пријатели.
Навистина тешко ми е да речам, кој ми направил повеќе добро а кој повеќе зло во овој свет: пријателите или непријателите. Затоа благослови ги, Господи, и пријателите и непријателите мои.
Робот ги колне непријателите, зашто не знае. А синот ги благословува, зашто знае. Зашто синот знае, дека непријателите не можат да му го допрат животот.
Затоа слободно чекори помеѓу нив и Му се моли на Бога за нив;
Благослови ги моите непријатели, Господи. И јас ги благословувам, и не ги колнам.

Молитви крај езерото - Свети Николај

 17ти јули 2022 лето Господово

Избор од фб профил на Simeon Stefkovski

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4504
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4281
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3774
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…