Преподобен Јосиф Исихаст
Затоа, не вели го, дете мое, тоа што ти го кажува ѓаволот за старецот : дека на старецот не му е гајле за тебе, дека тој не обраќа внимание на твоите тешкотии и потреби. Како може да не обраќа внимание оној што страда заради вас?
Биди внимателен. Остави ја таа мисла и пројави трпение, за Бог да ја види твојата добра волја и да ја олесни твојата тешкотија. Прифати го искушението и не обвинувај еден или друг. Зашто, кога не го трпиш тоа или друго искушение и се жалиш од другите, тогаш, бидејќи тоа Господ ни го испраќа, Тој самиот ќе нѐ бичува, што е многу пострашно и посурово, бидејќи никој од луѓето не може така да казнува, како што казнува Сесилниот. Затоа, дете мое, „прифати казна, за да не се прогневи Господ“ на сѐ (Пс. 2, 12). Засакај ја Неговата волја и поднесувај ги неволјите како свои, за Тој да не нѐ предаде на малодушност и хули.
И кога повторно ќе грешиш и ќе паѓаш, повторно кај се. Не очајувај. Поттикни во себе смелост и надевање. Вели: „Прости ми, Христе мој“ и повторно: „Се кајам!“ Не вели: „За мене е подготвен Божјиот гнев.“ Зарем тоа не е грев? Не сме ли ние луѓе?
Не жали се од браќата. Поднесувај ги нивите грешки, за и тие да ги поднесуваат твоите. Љуби за и тебе да те љубат, и трпи за и тебе да те трпат. Стани добар и сите ќе станат добри кон тебе. Покори ги своите страсти и ќе видиш дека многумина со почит ќе се однесуваат не само кон твоите зборови, туку и кон движењето на твоите очи…
Преземено од Православно Секојдневие