логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Hristos.prekrasno27

Христос воскресе!


Некој ќе праша: Зошто се вели дека воскреснатиот Господ ја победи смртта, а луѓето сè уште умираат?


              Секој влегува во овој живот низ мајкината утроба, секој заминува од овој живот низ смрт и гроб. Тоа е правило. Само што за нас кои веруваме во Христа смртта повеќе не претставува мрачна бездна, туку раѓање за нов живот и враќање во својот дом. Гробот за нас повеќе не е вечен мрак, туку само една врата на која нè чекаат сјајни ангели Божји. За сите кои се исполнети со љубов кон прекрасниот и човекољубив Господ гробот станува само последна препрека пред да се најдат во неговото присуство - и тоа пречка тенка како пајажина. Затоа славниот апостол Павле вели: ..За мене живот е Христос, а смртта - придобивка" (Филип. 1, 21). Како Христос да не ја победил смртта кога таа веќе не се гледа. Гробот не е повеќе длабока бездна, бидејќи тој го пополни со себеси: гробот не е повеќе темен, бидејќи тој го осветли: ниту гробот е веќе страв и ужас, бидејќи не значи крај на животот, туку почеток: ниту гробот е наша вечна татковина, туку само врата кон таа домовина. Разлика помеѓу смртта пред и по воскреснувањето на Христос е како разлика помеѓу страшен пожар и пламен на свеќа. Толку темелна е победата Христова и така победата ја проголта смртта (1. Кор. 15, 54).
                   И натаму некој ќе праша: Зошто се вели дека воскреснатиот Господ го победил гревот, кога луѓето сеуште грешат?
Господ навистина го победи гревот. Тој го победи гревот со своето безгрешно зачнување и рождество; го победи со својот чист и безгрешен живот на земјата; го победи со своето праведничко страдање на крстот, и на крајот сите тие победи ги круниса со своето славно Воскресение. Тој стана лек, сигурен и непогрешлив лек против гревот. Само Христос може да го излекува оној кој е заразен со грев. Кој не сака да греши, само со помош на Христа може таа своја желба да ја оствари. Кога беше пронајдена вакцината против сипаниците, луѓето извикаа: ја победивме таа болест! Исто така зборуваа кога беа откриени и други ефикасни лекови против други болести. Зборуваа: Ја совладавме таа болест! Ја победивме таа болест! Да се пронајде лек против некоја болест, тоа значи победа над болеста. Христос е неспоредливо најголемиот лекар во историјата на човештвото, оти им донел на луѓето лек против болеста над сите болести, односно лек против гревот од кој се раѓаат сите други болести и сите други маки на луѓето, и душевни и телесни. Тој лек е самиот Тој. воскреснатиот и живиот Господ. Тој е единствениот и единствено сигурен лек против гревот. Ако луѓето и ден-денес грешат и од грев пропаѓаат, тоа не значи дека Христос не го победил гревот, туку тоа само значи дека тие луѓе не го земаат соодветниот лек против својата смртоносна болест, значи, луѓето или суште не го познаваат доволно Христа како лек или, ако го познаваат, сепак не го употребуваат од некакви нејасни причини.

                          Но историјата сведочи со илјадници и илјадници гласови дека оние што го примија тој лек на својата душа и го зедоа за своето тело, се исцелија и станаа здрави. Познавајќи ја слабоста на нашата природа, Господ Исус Христос им наредил на верните Него да го земаат како храна и напиток под видлив облик на леб и вино. Тоа го направи Човекољубецот поради неизмерната љубов спрема луѓето, само за да им го олесни приодот кон животодавниот лек против гревот и против гревовното распаѓање...Кој јаде од Моето тело и ја пие Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него... ќе живее преку Мене" (Јован 6, 56-57). Оние што грешат се хранат со гревот, а поради гревот животот во нив постепено се губи. Оние пак што се хранат со живиот Господ, всушност се хранат со животот, а животот во нив се повеќе се намножува, а смртта се намалува.

А колку животот се намножува,толку смртта се намалува. А колку животот се намножува, толку повеќе гревот станува омразен. Блуткавата и жалосна сладост на гревот се заменува со животодавната и радосна сладост на Христа Победителот. Блазе им на оние што ја испитаа и ја вкусија оваа тајна во својот живот. Тие можат да се наречат синови на светлоста и деца на благодатта. Кога ќе се преселат од овој живот, ќе отидат како од болница, но не веќе како болни, туку како наполно излекувани.


Св.Николај Охридски - Омилии

 

фб на Симеон Стефковски

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2079
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2095
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 540
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная