логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.Arsenij.Papachok.kp



·
Старец Арсениј Папачок
ТРИ СОВЕТИ ЗА СПАСЕНИЕ


Еве, ќе ви кажам три работи кои треба да ги почитувате и да знаете дека сте луѓе коишто можат да се надеваат на спасение:


1. Да бидете добро исповедани. Сфатете дека тоа е Тајна која нè спасува. Затоа што, она што вие ќе го разрешите, и јас ќе го разрешам! Тајна втемелена на Светото Писмо, готово! И тие гревови, повеќе не се спомнуваат ниту на Страшниот суд, ниту на митарствата. Значи, готово е! Добро исповедани. Затоа што ако си добро исповедан, почнуваш да се преиспитуваш: пцуев, мислев така, направив тоа и тоа. Почнуваш да се решеташ и да се изоструваш, да се присобираш и да се разоткриваш. Така е. Дури ќе ве замолам да ги запишете гревовите кога ќе ги направите, за да не ги заборавите. Не е лесно, затоа што сатаната ти го сокрива моливот, немаш хартија кај себе и - забораваш. Што треба уште да ви кажам? Не оставајте само свештеникот да ве прашува. Тој ве прашува според одреден начин на испрашување. Но, ти ја знаеш суптилноста на својот грев или нешто друго. Значи, бидете исповедани. Затоа што ако добро си исповедан, не можеш повеќе да грешиш и се надеваш на своето спасение. Тоа е едно.


2. Настојувајте да бидете спомнувани на светите Литургии. Затоа што, мили мои, таа честичка со вашето име се става во Светата Крв. И вака вели свештеникот:„Измиј ги Господи, со Твојата Света Крв гревовите на овде спомнатите слуги Твои, по молитвите на Богородица и сите Светии Твои“. И се ставаат сите од дискосот во путирот со Светата Крв. И разбирате: Каде и да си, било мртов, било жив, спасен си; се спомнуваат и починатите и живите. И – колку те чини тоа? Настојувајте да бидете спомнувани на Литургијата. Дали ве познава некој свештеник или некој духовник или пак, вие браќа, сте дале да се спомне некој упокоен, да бидете спомнувани. Тоа е сè. Литургијата не е човечко дејствување, мили мои. Ниту пак ангелско. Таа е непосредно божествена! Зашто таму - не можеш ти да претвораш. Тој е Оној Кој е! И доколку е возможно да се отвори небото или пак покривот на Олтарот, не би можел да видиш повеќе светлина на небото или поголем поредок од тој што е во Олтарот, со ангелите, зашто Христос е со нас. Ние имаме и една молитва кога го правиме Входот:„И направи Господи, со нашиот вход да биде и входот на ангелите кои служат со нас!“. Значи, свештеникот има власт. Затоа што тие се таму: мноштво на ангели! Тоа е Христос; како, со тоа ли си играш? Затоа, настојувајте да бидете спомнувани на светата Литургија.


3. Бидете милостиви. Давајте милостина. Ох, кога би знаеле! ... И Влахуц вели:„милоста е сецелото Свето Писмо“. Тоа е најголемото можно нешто. Зашто тоа значи дека љубиш. И гледај - значи воспитание. Човеку, ако е кажано:„Ќе примите сто пати повеќе “, не плаши се дека ќе осиромашиш. Сакаш ли да бидеш богат? Давај! Но зар сакаме само да се збогатиме? Ме боли срцето за сиромавиот. Те боли ли воопшто срцето за него? Бев затечен пред еден питач, на улица, кој немаше една нога. Тој очекуваше да ги испразнам џебовите, без шега. Но јас немав ништо. Се случи да немам ништо. Одев пешки, немав пари ниту за такси. И му реков: „Брате, немој да ми се налутиш, немам ништо, но еве, ти давам топла рака!” – „Ох, отец, такво нешто до сега, никој не ми дал“. И си реков: „Се снајдов! Победив!“ Сакам да ви кажам: не бидете рамнодушни. И не чекајте да ги сретнете. Барајте ги. Барајте ги, бидејќи кога ќе ги најдете, се наоѓаш себе си. Запишан си таму, горе. Спасителот не може да те заборави, не може кога правиш таква милостина. И откинувајте од себе по секоја цена. Сега, милостината не подразбира само да вадиш од торбата, имаш пријател кој страда, кој – не знам што, кој е тажен: „Зошто си тажен? Зошто си тажен?“ И го утешуваш. И воопшто не го оставаш. Тоа значи дека си направил милостина кон него. Му даваш корисни зборови: „Остави бре, што починал татко ти, остави мил мој, зашто Бог знае.“ Не се исцрпувај. Ајде да бидеме спокојни, ајде да го спомнуваме, да му помогнеме таму(зашто можеме да му помогнеме соодветно на тоа како живееме)“. И бидејќи побаравте од мене корисно слово, ќе ви раскажам една приказна.
Некој ученик бил лут затоа што неговиот отец, кога бил на смртната постела, не го благословил, за да се спаси и тој. Зборовите на благословот којшто го примиле сите други браќа се овие: „Спасувај се!“ И му рекле на отецот: „Видете, не му кажавте корисно слово на ученикот.” - Викнете го тука. И тогаш отецот, му рекол, како и јас сега што ви кажувам: „Спасувајте се! Спасувајте се!“

 

fbHristijanski Braka

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная