Поуки од Свети Нектариј Егински
Целта на нашиот живот е да станеме совршени и свети. Да бидеме деца Божји и наследници на Царството небесно.
Да внимаваме да не бидеме лишени од идниот живот, заради овој, поради животните грижи и неспокојот, да заборавиме на целта на нашиот живот.
Постот, бдеењето и молитвата сами од себе не ги донесуваат саканите плодови, затоа што тие не се целта на нашиот живот; тие се средства за постигнување на целта. Украсете ги вашите свеќници со добродетели. Борете се да ги отфрлите страстите. Исчистете го вашето срце од секоја нечистотија и чувајте го чисто за да дојде и да се всели во вас Господ; да ве исполни Светиот Дух со Своите Божествени дарови.
Деца мои љубени, целиот ваш труд и грижи да бидат насочени таму. Тоа да биде ваша незапирлива цел и стремеж. Кон тоа да биде насочена вашата молитва.
Секојдневно барајте Го Господ; но внатре, во вашето срце, а не некаде надвор од него. И кога ќе Го најдете, станете со страв и трепет како херувимите и серафимите, бидејќи вашето срце станало Божји престол. Но, за да Го најдете Господ, смирете се целосно, зашто Господ се гнаси од гордите, а ги љуби и посетува оние со смирено срце. Затоа и вели: „Но на кого ќе погледнам? На оној кој е со смирен дух и кој трепери од Моите зборови“.
Бдејте и молете се да не паднете во зло. Не очајувајте ако често паѓате во старите гревови. Многу од нив се јаки по природа и по навика. Меѓутоа, со тек на време и со трудољубивост, се победуваат. Ништо нека не ве фрла во безнадежност
fb
„Внатре, во нас, ние имаме длабоко вкоренети слабости, страсти и повреди. Сето тоа не се исправа со едно движење, но со трпение и со упорност, напор и внимание.
Патот што води до совршенство е долг.
Молете се на Бога да ве укрепи.
Трпеливо примајте ги вашите паѓања и веднаш станувајќи трчајте кон Бога, не застанувајте на тоа место каде што сте паднале.
Не очајувајте ако постојано паѓате во старите гревови.
Многу од нив се силни поради навиката, но сепак по некое време и преку усрдност се победуваат. Ништо нека не ве лишува од надежта“
Св. Нектариј Егински