логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  3.angeli.so.truba

 TVITer758

СТОТИЦА ВТОРА

1. Оној што искрено Го љуби Бога се моли нерасеано, а оној пак, кој се моли нерасеано искрено Го љуби Бога. Но, не може да се моли нерасеано оној, чијшто ум е приврзан за нешто земно. И така, оној чијшто ум е приврзан за нешто земно не Го љуби Бога.
2. Умот кој долго се занимава со некаков сетилен предмет, има страст кон него: похота, тага, гнев или злопамтивост. И, оној што не го презрел тој предмет не може да се ослободи од страста.
3. Страстите, завладувајќи со умот, го приврзуваат кон матетријалните нешта, и откако ќе го одделат од Бога, го принудуваат да се занимава со нив. А кога со него ќе завладее Божјата љубов, таа го ослободува умот од оковите, убедувајќи го да ги презира не само материјалните нешта, туку и самиот претходен живот.
4. Како плод на исполнувањето на заповедите се јавуваат простите мисли за нештата, а плодот на читањето на Светото Писмо и созерцувањето е тоа што умот станува ослободен од материја и облици. А токму од тоа произлегува сосредоточената молитва.
5. За умот потполно да се ослободи од страстите и за да може да се моли без расеаност, не е доволно само практикувањето на добродетелите, ако тоа не е проследено со различни духовни созерцанија. Оти дејствувањето го ослободува умот само од невоздржаност и омраза, додека духовните созерцанија го избавуваат од заборавеноста и незнаењето. На тој начин умот се оспосо6ува да се моли  како што треба.
6. Има две состојби најчиста молитва: едната им соодветствува на оние што се подвизуваат во искуството на добродетелите, а другата на оние што се подвизуваат во созерцанието. Првата возникнува во душата од стравот Божји и добрата надеж, а втората 6д Божествената љубов и повозвишената чистота. Признаци на првата се прибраноста на умот и неговото оддалечување од сите световни мисли, извршување на сосредоточена и од ништо непоматена молитва, како Сам Бог да стои пред нас, што навистина и се случува. Признак на втората состојба е обземеноста на умот од Божествената бескрајна светлина, при неговотоустремување кон молитвата, кога тој не се чувствува ниту самиот себеси, ниту било што друго, освен Еднствениот, Кој преку Својата љубов го исполнува со озарение. Тогаш, движејќи се блиску до логосите што се околку Бога, умот ги восприема чистите и јасни откровенија за Него.
7. Човекот се приклонува кон она што го сака, а се што го спречува да го постигне тоа, тој го презира, за да не се лиши од она што му е пријатно за срцето. Затоа оној што Го љуби Бога се грижи за чистата молитва, и секоја страст што ја попречува, тој ја отфрла од срцето.
8. Оној што го отфрла себељубието -мајката на сите страсти, со Божја помош, лесно ги отстранува и останатите страсти: гневот, таѓата, злопамтививоста и др. Обземениот од себељубие бива повредуван од него и од тие страсти, дури и без да го сака тоа. А себељубието е страсна приврзаност кон телото.
9. Луѓето се сакаат меѓу себе на начин достоен за пофалба или осуда од следните причини: заради Бога, кога добродетелниот човек ги сака сите, а е сакан дури и недобродетелниот; заради природните причини - како што родителите си ги сакаат децата, а децата родителите; од суета - кога фалениот го сака оној што го фали; заради среброљубие - кога го сакаат богатиот заради извлекување пари од него; заради сластољубие - кога некој ги љуби оние што му слугуваат во неговото слугување на стомакот и на она под стомакот. Од овие видови на љубов, првата е достојна за пофалба, втората е средна, а останатите страсни.
10. Ако некого го мразиш, а друг ниту го мразиш, ниту го љубиш; ако некои ги љубиш умерено, а други силно; тогаш од таа нееднаквост познај дека си далеку од совршената љубов која подразбира сите да ги сакаш подеднакво.
11. Клони се од зло и прави добро (Пс. 36, 27), т.е. бори се со демоните за да ги намалиш страстите, а потоа држи се до трезвеноумноста, за да не се умножат. И уште, бори се за да задобиеш добродетели, а потоа со трезвеноумноста труди се да ги зачуваш. Тоа е она кажаното: да се дејствува и да се чува (Бит. 2. 15).
12. Демоните што не искушуваат по Божјо допуштање, или го распламтуваат желбениот дел на душата, или го вознемируваат раздразливиот дел, или го помрачуваат разум-ниот дел, или го поразуваат телото со страдања и болести, или ни го одземаат нашето богатство.
13. Демоните не искушуваат или сами, или против нас вооружуваат луѓе што не се плашат од Господа: сами не искушуваат кога се оддалечуваме од луѓето, како што Господ бил искушуван во пустината; а преку луѓето -кога општиме со нив, како што Господ бил искушуван преку фарисеите. Но, ние, гледајќи го нашиот образец (Бог), ќе ги одбиеме нападите од двете страни.
14. Кога умот ќе започне да преуспева во Божјата љубов, тогаш и демонот на хулата започнува да го искушува, уфрлајќи му такви помисли какви што ниту еден човек не може да измисли, туку само ѓаволот - таткото на демоните. Тој го прави тоа завидувајќи му на богољубецот, за тој, кога ќе очајува заради тоа, да поверува дека сам измислува такви помисли, и да не се осмели да се издига кон Бога преку за него вообичаената молитва. Но, нечестивиот не извлекува од тоа никаква полза за себе и не ја достигнува целта, туку обратно - не прави поцврсти. Зашто борејќи се и одбивајќи ги нападите на демоните, ние стануваме поискусни и поискрени во љубовта кон Бога. Но мечот нивни нека се забие во нивното срце, и лаковите нивни нека се скршат (Пс. 36, 15).
15. Умот, обрнувајќи се кон видливите нешта, по природен пат мисли за нив со посредство на сетилата. Ниту умот, ниту природното мислење, ниту предметите, ниту чувствата се зло, бидејќи тие се Божји созданија. А што е тогаш зло? Јасно е дека тоа е страста во природното мислење, која не може да постои при правилно исползување на умосогледувањата, кога умот е трезвен.
16. Страста е противприродно движење на душата или кон неразумна љубов, или кон безрасудна завист, која се чувствува кон некого заради нешто сетилно. Пример: движењето кон неразумна љубов кон жена, кон јадење, или богатство, или кон минлива слава, или кон нешто сетилно, или пак, кон нешто што ги овозможува тие чувства. Движењето кон безрасудна омраза се однесува на нешто од наведеното, или на она што го спречува пристапот до нив.
17. Или уште: порочноста е неправилно исползување на мислите, по коешто следува злоупотреба на нештата. На пример, во однос на жената, правилното исползување на бракот ја има за цел рожбата. А оној што го зема предвид сладострастието, тој греши, расудувајќи во однос на ползата од бракот, сметајќи го за добро она што не е. И, стапувајќи во брак, тој врши злоупотреба. Сличен е односот и кон другите нешта и предмети.
18. Кога демоните ќе го оддалечат твојот ум од целомудрието и ќе го обвијат во блудни помисли, тогаш со солзи извикај кон Владиката: Чувај ме како зеница на окото, засолни ме под сенката на твоите крилја, од лицето на нечестивите што ме напаѓаат - од непријателите на душата моја, што ме опкружуваат (Пс. 16, 8, 9), и ќе се избавиш.
19. Демонот на блудот е тежок и бурно ги напаѓа оние што се подвизуваат против страста, а особено при небрежност кон воздржаноста во храната и средбите со жени. Од почеток, тој незабележливо се прикрадува во умот преку нежноста на насладувањето, а потоа, преку вратите на сеќавањето, го напаѓа безмолвникот, разгорувајќи му го телото и претставувајќи му на умот различни срамни образи. Со тоа го поттикнува да се согласи на грев. Ако не сакаш тоа да се задржи во тебе, прими го врз себесипостот, трудот, бдението и прекрасното безмолвие со засилена молитва.
20. Демоните постојано демнат над нашата душа и се обидуваат да ја уловат со посредство на страсни помисли, за да ја фрлат во мисловен грев или во грев извршен со дело. Но, кога наоѓаат ум што не ги прима, тогаш потонуваат во срам (Пс. 34, 4). А кога го наоѓаат зафатен со духовни созерцанија, тогаш се враќаат назад и в миг се засрамуваат (Пс. 6, 11).
21. Оној што го вежба својот ум за свештени подвизи и ги прогонува од себе страсните помисли врши ѓаконска служба; соодветен на свештеник е оној што го просветува умот со познанието на постоечките нешта и го уништува лажното знаење, а епископско дело врши оној, што ѓо прави својот ум совршен помазувајќи го со светото миро на познанието на Светата Троица, на Која исе поклонуваме.
22. Демоните се изнемоштуваат кога преку исполнувањето на заповедите, страстите во нас се намалуваат. А гинат кога преку бестрастието на душата потполно исчезнуваат од неа, не наоѓајќи таму ништо од она со што се потхранувале, и преку коешто воделе борба против неа. Тоа значи кажаното: Изгубцја сила и погинаа од лицето Твое (Пс. 9, 3).
23. Едни од луѓето се воздржуваат од страсти поради страв од луѓето, други поради суета, а трети, како последица на воздржаноста. Но, има и такви што се ослободуваат од страстите по Божја промисла.
24. Сите зборови Господови се сведуваат на четири нешта: заповеди, догми, опомени и ветувања. И заради нив, ние ги истрпуваме сите тешкотии на духовниот живот: пост, бдение, спиење на гола земја, тешки трудови и лишувања при послушанието, хули, обесчестувања, та дури и мачења и смрт. Затоа и писмото вели: Поради зборовитпе од устата Твоја, чекорев по патишта тешки (Пс. 16, 4).
25. Награда за воздржанието е бестрастието, а за верата - познанието. Бестрастието раѓа способност за расудување, а познанието љубов кон Бога.
26. Умот што успешно го минува патот на дејственото љубомудрие, напредува во благоразумието, а кој успешно го минува патот на созерцанието, напредува во познанието. Првиот пат го доведува, оној што се подвизува, до разликување на добродетелта и порокот, а вториот го одведува сопричесникот на познанието до логосите на нетелесните и телесните суштества. А со богословска благодат, умот се удостојува откако на крилјата на љубовта ќе прелета преку сето тоа и ќе остане во Бога, успевајќи, колку што е тоа возможно за човечкиот ум, преку духот да ги види свој-ствата што се околу Него.
27. Сакајќи да богословиш, не барај ја смислата на Бога сам по себе, зашто таа е недостапна не само за човековиот ум, туку и за кое било друго суштество по Бога. Но, разгледувај ги, по можност, својствата Негови: вечноста, бесконечноста, благоста, премудроста, сетворечката и промислителска сила, на чијшто суд подлежи се што постои. Зашто меѓу луѓето, голем богослов е оној што, макар и делумно, ги разоткрива тие Божји својства.
28. Силен по дух е човекот што со го соединил знаењето со дејствувањето. Зашто со дејствувањето тој ја исушува похотата и го смирува гневот, а со познанието го окрилува својот ум, и се вознесува кон Бога.
29. Кога Бог вели. Јас и Отецот едно сме; со тоа се означува единственоста на Божествената суштина. Кога, пак, кажува: Јас Сум во Отецот и Тој е во Мене, ја покажува неразделивоста на Ипостасите. Според тоа тритеистите, разделувајќи Го Синот од Отецот, пропаѓаат во двојна бездна. Зашто тие тврдат дека Синот е совечен на Отецот, но го одделуваат едниот од другиот, со што неминовно го одрекуваат раѓањето на Синот од Отецот, а според тоа всушност потврдуваат три божества и три начела; или пак, признавајќи дека Синот е роден од Отецот, но сепак, разделувајќи го од Него, допуштаат дека Тој не е совечен со Отецот, и со тоа Господарот на времето, му го потчинуваат на самото време. Неопходно е, согласно со великиот Григориј, да ја сочуваме верата во Едниот Бог, исповедајќи ги притоа трите Ипостаси, секоја со своите личносни својства. Зашто, според неговото учење, Троица се разделува неразделиво, и се соединува разделиво. Затоа и различието, и единството во Бог, се нешто недости-жно и чудесно. Зашто, во што би била чудесноста, ако Синот со Отецот би се соединувал и разделувал како човек со човек, и ништо повеќе?
30. Оној, што е совршен во љубовта, и којшто го достигнал врвот на бестрастието, не познава разлика меѓу себе и другите, меѓу свое и туѓо, верно и неверно, роб и слободен, дури и меѓу машки и женски пол. Застанувајќи повисоко, над тиранијата на страстите, и гледајќи само едно човечко суштество по природа, тој гледа еднакво на сите, и кон сите е еднакво настроен. Оти за него нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб ни слободен, нема машки пол, ни женски зашто сите се едно во Христа Исуса.
31. Демоните, потпирајќи се на страстите што се вгнездени во длабочините на душата, ги раздвижуваат страсните помисли во нас. Потоа, водејќи битка со умот, со посредство на тие помисли, тие го принудуваат да се согласи на грев. Го победуваат, воведувајќи го во мисловен грев, а кога тој е веке направен, го водат веќе заробениот ум, кон грев со дело. Опустошувајќи го духот преку помисли, демоните се повлекуваат заедно со нив. Во умот останува само идолот за гревот, за којшто зборува Господ: Па така, штом ја видите мерзоста на запустението да стои на свето место, кој чита нека разбере (Мат. 24, 15). Тоа свето место и храм Божји е умот човеков, во кој демоните, откако го имаат опустошено духот хиз страсни помисли, го возвишиле идолот на гревот. Истото тоа веќе се случило во историјата, во што не се сомнева никој од оние што ги читале делата на Јосиф Флавиј. Всушност некои зборуваат дека истото ќе се случи и при антихристот.
32. Има три начела, коишто не поттикнуваат на доброто: семињата на доброто, вложени во нас од природата, светите сили и добрата волја. Природното семе не насочува да се однесуваме со луѓето онака, како што сакаме тие да се однесуваат со нас. Или, пак, кога некој се наоѓа во тешка ситуација, во мака или неволја, ние, по природа, сочувствуваме. Светите сили, содејствуваат со нас, кога сакаме да направиме добро дело, и ни помагаат успешно да го завршиме. А добрата волја влијае на разликувањето на доброто и злото, и избирањето на доброто.
33. Има исто така три начела кои се поттикнувачи на злото: страстите, демоните и ло-шата волја. Страстите се поттикнувачи кога неразумно посакуваме нешто, како кога посакуваме храна во никое време и без потреба, на пример: или посакување на жена, без намера за рожба, или незаконита жена. Исто така, (страстите се поттикнувачи) кога неоправдано се разгневуваме или жалиме, на пример, на оној што не обесчестил или ни направил штета. Демоните пак, наоѓајќи го погодниот момент во нашето невнимание, изненадно и секавично не напаѓаат, и со голема жестина ги раздвижуваат споменатите и слични на нив страсти. Злата волја е поттикнувач на злото, кога ние, знаејќи го доброто го избираме злото.
34. Награда за трудот и добродетелта, се. бестрастието, и познанието, зашто тие се нашите застапници, за Царството небесно, како што страстите и незнаењето се застапници на вечната мака. Затоа, оној што ги бара заради човечка слава, а не заради самото добро, ќе ги чуе зборовите од Писмото: Просите, а не добивате, оти зло барате, за да го трошите во вашите похоти (Јак. 4, 3).
35. Многу од делата човечки се добри сами по себе, но тие стануваат недобри од некаква причина. На пример постот и бдението, молитвата и псалмопението, милосрдието и гостопримството се по природа добри дела, но кога се извршуваат поради суета, престануваат да бидат добри дела.
36. Бог ја бара целта на сите дела што ги правиме: дали ги правиме заради Него, или од некаква друга причина.
37. Кога ќе го чуеш Светото Писмо: Кој секому ќе му даде според неговите дела (Рим 2, 6), знај дека Бог наградува, не за делото што е извршено без добра намера, макар и да изгледа добро, туку единствено за она што е извршено со добра намера. Зашто Божјиот суд не гледа. само на делата, туку и на целта, со која тие се извршуваат.
38. Демонот на гордоста има двојно лукавство: или го убедува монахот сите добродетелни дела да си ги припише на себеси, а не на Бога - дарителот на доброто, и помошникот при остварувањето на праведните дела; или, ако монахот не потпадне на тоа искушение, му го наметнува презирот кон помалку совршените браќа. Завладеаниот од овој демон, не знае дека е убедуван да се откаже од Божјата помош. Зашто, презирајќи ги браќата како неуспешни во своето духовно усовршување, тој, се разбира, мисли дека се постигнал само со сопствената сила. Но, тоа е невозможно, како што и Господ вели: Без мене не можете да направите ништо (Јн. 15, 5). Зашто нашата немоќ, поттикната на извршување на добри дела, не може ништо да доведе докрај, без Давателот на доброто.
39. Оној што ја познава немоќата на човечката природа, се стекнува со опитот на Божјата сила. Благодарение на неа, тој успева да стекне некои духовни цели, а некои се стреми да ги достигне, при тоа не презирајќи никој од луѓето. Зашто тој знае дека Бог му помогнал и го ослободил од многу тешки страсти и беди, и Тој може да му помогне на било кој друг, особено на оние што се подвизуваат заради Него. Но, според некои Свои судови, не ги избавува од етрастите сите одеднаш, туку како добар и човекољубив лекар, ги исцелува оние кои се трудат, во време благопријатно за тоа.
40. Гордоста се појавува, кога страстите престануваат да дејствуваат, или по недостатокот на нивните причини, или по лукавото отстапување на демоните.
41. Скоро секој грев се извршува заради уживање, а се исчистува со страдање и тага - волни или неволни, а и преку покајанието и бедата што не снајдува според устројството на Божјата Промисла. Зашто Писмото вели: Оти, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени; Но, судејќи не, Господ не накажа, за да не бидеме осудени заедно со светот (I Кор. 11,31,32).
42. Кога ти доаѓа неочекувано искушение, не обвинувај го оној преку кого дошло, туку барај ја во себе причината поради која се појавило и ќе се поправиш. Зашто преку него или преку некој друг, требало да ја испиеш горката чаша на Божјите судови.
43. Доколку си злобен, не го отфрлај страдањето што треба да го претрпиш за низ него да се смириш и да ја отфрлиш гордоста од себе.
44. Едни искушенија на луѓето им носат наслада, други жалост, а трети телесни маки. И сообразувајќи се со причините за страстите во душата, Лекарот на душите, според своите судови, го дава соодветниот лек.
45. Нападите на искушенијата, кај едни доаѓаат заради исправање на веќе сторените гревови, кај други, за престан на сегашните гревови, а кај трети, за одвратување од идните гревови. Исклучок се искушенијата што се појавуваат заради испитување, како што било, на пример, со Јов.
46. Благоразумниот човек, расудувајќи за исцелувачката сила на Божјите судови со благодарност ги поднесува сите неволји што го снајдуваат, сметајќи дека причината за нив лежи во неговите сопствени гревови и во ништо друго. А неразумниот, не разбирајќи ја премудроста на Божјата Промисла, кога согрешува и кога бива казнет причината за својата беда ја согледува во Бога, или во луѓето.
47. Има средства што го запираат движењето на страстите и не им дозволуваат да растат, и има други, кои ги намалуваат и стишуваат. На пример: постот, трудољубивоста и бдението не идозволуваат на похотата да расте, а самотијата, созерцанието, молитвата и љубовта кон Бога ја намалуваат и ја доведуваат до потполно исчезнување. Слично е и со раздразливоста - долготрпението, незлопамтивоста и кроткоста ја запираат и не идозволуваат да расте, а љубовта, милостивоста, добрината и човекољубието постепено ја намалуваат.
48. Во оној, кој има непрестано насочен кон Бога ум, похотата прераснува во божествена страст, а раздразливоста целосно се преобратува во божествена љубов. Зашто благодарение на долговременскиот допир со божественото озарение, тој целиот се просветлува и овладувајќи со страсниот дел, тој го преобратува, како што беше кажано, во бескрајна желба за близост кон Бога и непрестана љубов, целосно пренасочувајќи се од земните нешта кон божественото.
49. Оној што не завидува и што не паѓа во грев, оној што не му злопамети на оној што го повредил, не секогаш и го љуби него. Затоа што тој може и без да љуби да не ,му. возвраќа зло за зло според заповедта. Но не е така лесно да возвраќаш со добро на злото без да се присилуваш на тоа. Зашто да им прави добро од сржта на душата на оние што го мразат, може само оној што има совршена духовна љубов.
50. Оној што не љуби некого, не значи воедно и дека го мрази, како што и оној што не го мрази другиот не мора со самото тоа и да го љуби. Тој може да биде и рамнодушен во однос на него, т.е. да не го љуби, но и да не го мрази. Зашто, само петте способности посочени во деветтата глава од оваа стотица можат да побудат љубовно расположение во душата: една е достојна за пофалба, другата - неутрална, а останатите се достојни за осудување.
51. Кога гледаш дека твојот ум со задоволство се занимава со материјални нешта и со огромна желба се свртува кон мислење за нив, знај дека ти повеќе ги сакаш тие нешта отколку Бог. Зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше (Мат. 6,21).
52. Умот, соединувајќи се со Бога, и престојувајќи во Него, преку молитва и љубов, станува мудар, благ, силен, човекољубив, милосрден и долготрпелив. И просто кажано, тој во себеси ги носи скоро сите Божествени својства. А, оддалечувајќи се од Бога, и оддавајќи се на материјални нешта, тој станува сластољубив, оживотинствен и оѕверствен, војувајќи со луѓето за тие нешта.
53. Свет, Писмото ги нарекува материјалните нешта, а светски луѓе (мирјани) се оние, чијшто ум е обземен со нив. Засрамувајќи ги, Писмото вели: Не сакајте го светот и се што е во него; Похотата на телото, желбата на очите и гордоста на животот не се од Него, туку од овој свет (I Јн. 2, 15-16).
54. Монах е оној што го оддалечил умот свој од материјалните нешта, и престојува во Бога преку воздржаност, љубов, псалмопеење и молитва.
55. Зборот пастир во духовна смисла означува подвижник во дејствително љубомудрие, зашто стоката се моралните дејствувања. Ете зошто Јаков вели: ние, слугите твои, сме пастири. А, пастир на овие овци е оној што стекнал познание, при што овците тука ги означуваат помислите што пасат на планините од духовните созерцанија. Затоа Египќаните, т.е. непријателските сили, сите овчари ги сметаат за нечисти (Бит. 46, 34).
56. Кога телото е побудувано од чувствата кон исполнување на своите желби и наоѓање на наслади, порочниот ум го следи и се согласува со неговите мечти и стремежи. А добродетелниот ум се воздржува и се отстранува од страсните мечти и стремежи и наместо тоа се грижи благоразумно да ги насочи и да ги направи подобри своите мисли.
57. Од добродетелите, едни се телесни, а други душевни. Телесните се пост, будност, спиење врз гола земја, слугување, рачен труд, извршуван за да не биде обременет никој, или за помош на другите, итн. Душевните се: љубов, долготрпение, кроткост, воздржаност, молитва и др. Ако поради некаква неопходност, на пример поради телесната состојба (поради немоќ или нешто слично) ние не успееме да ги исполниме гореспоменатите телесни добродетели, Господ, кој ја гледа причината за тоа ќе ни прости. Но, неисполнувањето на душевните добродетели нема да има оправдување зашто тие не се отежнуваат од такви нешта.
58. Љубовта кон Бога, го убедува оној што ја поседува да го презре секое минливо насладување, секоја болка и жалост. Нека те уверат во тоа сите свети, коишто толку многу пострадаа заради Христа. 
59. Избегнувај го себељубието - мајката на сите зла, коешто е неразумна љубов кон телото. Зашто од таквото расположение се раѓаат трите првични, страсни и безумни помисли: цревоугодието, среброљубието и суетата. Тие како повод ја имаат наводната неопходност на потребите на телото, а од нив, по свој ред, се раѓа целото племе на страстите. Ете зошто, како што беше кажано, треба да го избегнуваме себељубието и да му се протиставуваме со голема трезвеност на умот, зашто со неговото уништожување се истребуваат и сите негови рожби.
60. Страста на себељубието го советува монахот да биде милосрден кон телото и снисходлив кон него во храната, повеќе од што е неопходно, наводно поради грижа за здравјето и за разумно управување, та малку по малку, отклонувајќи се на негова страна, да падне во бездната на сластољубието. Мирјанинот, пак, со самото тоа што е мирјанин, таа го поучува и грижите за телото да ги да претвора во похоти (Рим 13, 14).
61. Највисоката состојба на молитвата, е таа, кога умот во време на молитвата е надвор од плотта и светот, и станува наполно невештествен и надвор облиците. Оној што ја зачувува оваа состојба ненарушена, тој навистина се моли непрестано (I Сол 5, 17).
62. Како што телото, умирајќи се одделува од се што е живо, така и умот, умирајќи во дејствието на совршената молитва, се отсекува од сите светски мисли. Зашто, ако не умре со таква смрт, тој не може да биде со Бога и да живее со Него.
63. Нека никој не те измами, монаху, со мислата дека можеш да се спасиш, робувајќи им на насладувањата и на суетата.
64. Како што телото греши со дела и ги има за свое воспитување телесните добродетели, така и умот греши преку страсните помисли и се воспитува преку душевните добродетели, за да стане целомудрен, созерцувајќи го чисто и бестрасно, она што е материјално.
65. Како што ноќите следуваат по деновите, и летата по зимите, така и жалостите и маките следуваат по суетноста и насладувањата, или во сегашноста или иднината.
66. За грешникот е невозможно да го избегне идниот суд, без доброволен труд или без страданија и неволни беди овде.
67. Велат дека борбата на демоните против нас е допуштена од Бога, поради пет причини. Првата причина е, како што велат, оваа: ние, откако сме нападнати, борејќи се, да го достигнуваме разликувањето на добродетелта од гревот. Втората е: откако со борба и труд сме ја придобиле добродетелта, да ја сочуваме цврста и стабилна. Третата е: напредувајќи во добродетелта, да не се превознесуваме, туку да се научиме на смирение. Четвртата е: откако низ искуството сме го спознале порокот, да го намразиме со совршена и силна омраза. И, на крај, петтата и најважна причина е: откако ќе станеме бестрасни, да не заборавиме ниту на сопствената немоќ, ниту на Силата што ни помага.
68. Како што умот на гладниот мечтае за леб, а умот на жедниот за вода, така и умот на цревоугодникот мечтае за различни јадења, на блудникот - за женски лица, на суетниот - за човечки почести, на среброљубецот - за до-бивка, на оној што злопамети - за одмазда кон оние што го оскрбиле, на завидливиот - за несреќите што ќе го снајдат оној на когошто му завидува. Исто се случува и со останатите страсти. Зашто умот опседнат од страстите, ги восприема страсните помисли и кога телото е будно, и кога спие.
69. Кога во душата се засилува желбата, умот започнува да мечтае во сон за материјалните нешта што донесуваат наслада, а кога нараснува гневот, почува да гледа во нешта кои раѓаат страв. Нечистите духови ги потсилуваат страстите, земајќи ја за свој сотрудник нашата негрижа. А Светите Ангели ја стишуваат таа страст, со што не поттикнуваат на извршување на добродетели.
70. Кога желбениот дел од душата се разгорува, во неа се образува устојчива навика за сластољубие, а кога постојано се дразни гневниот дел, тој го прави умот исплашен и малодушен. Првото се исцелува преку непрестаниот подвиг на пост, будност и молитва, а второто преку добрина, човекољубие, љубов и милосрдие.
71. Демоните водат борба против нас или преку предметите, или преку страсните мисли што се однесуваат на тие нешта. Преку материјалните нешта водат борба со оние што се потопени во материјалниот свет, а преку мислите против оние што се оддалечиле од материјалниот свет.
72. Колку што е полесно човекот да греши со мисла, отколку со дело, толу е потешка мисловната борба во споредба со борбата што се води против материјалните нешта.
73. Материјалните нешта се наоѓаат надвор од умот, а мислите за нив се образуваат внатре во него. Затоа од умот зависи правилното или лошото искористување на тие мисли, зашто од грешното искористување на мислите, следува злоупотреба на материјалните нешта.
74. Умот ги восприема страсните помисли на три начини: преку сетилата, преку телесната состојба и преку спомените. Преку сетилата, кога врз нив дејствуваат материјалните нешта кон кои сме пристрасни, зашто тогаш сетилата побудуваат во умот страсни помисли. Преку телесната состојба, кога поради неумереноста во храната, или поради дејството на демоните, или пак, поради некаква болест што ја изменува состојбата на телото, се побудуваат во умот страсни помисли или го принудуваат да оди против Божјата промисла. Преку спомените, кога во нас се возобновуваат сеќавањата за нештата, кон кои сме биле пристрасни, и со тоа повторно се побудуваат страсните помисли во умот.
75. Од нештата што ни се дадени од Бога за користење, едни се наоѓаат во душата, други во телото, а трети околу телото. На пример, оние што се во душата се нејзините сили; оние што се во телото се сетилните органи и другите делови; а, оние околу телото се храната, имотот итн. Доброто или лошото ползување со овие нешта, не прави или добродетелни или порочни.
76. Од својствата што произлегуваат од нештата, едни се наоѓаат во душата, други во телото, а трети околу телото. На пример, оние што се во душата се познание и незнаење, заборав и сеќавање, љубов и омраза, страв и смелост, радост и жалост итн. Оние што се во телото се наслада и болка, осетливост и неосетливост следствено на некаков физички недостаток, живот или смрт, и слично. Оние што се околу телото се плодност и неплодност, богатство и беда, славност и неславнбст итн. Од нив, луѓето некои ги сметаат за добри, а некои за лоши, но во дејствителноста според својата суштина, ништо од ова не е зло само по себе, туку во зависност од користењето, може да биде или добро, или лошо.
77. Познанието, по природа е добро, исто како и здравјето, но нивните спротивности често се покорисни отколку самите тие. Зашто знаењето, иако е по природа добро, порочните не го искористуваат за добро, исто како и здравјето, богатството и радоста: бидејќи таквите луѓе не ги ползуваат духовно. А, она што е спротивно, е корисно за нив. И така, слични состојби не се јавуваат како зли по својата суштина, дури и да изгледаат така.
78. Не ги злоупотребувај мислите, за да по сила на неопходност не ги злоупотребиш и материјалните нешта. Зашто оној што пред се не ќе погреши со мисла, никогаш нема да погреши со дело.
79. Образ на земниот се главните пороци: глупост, страшливост, распуштеност и неправедност. А, образ на небесниот се главните добродетели: мудрост, храброст, целомудрие и праведност. И како што го носиме обликот на земниот, така ќе го носиме и обликот на Небесниот (I Кор. 15, 49).

3.angeli.so.truba
80. Ако сакаш да го пронајдеш патот што води кон животот, тоа барај го во оној Пат, Кој Сам за Себе вели: Јас сум патот, вистината и животот (Јн. 14, 6), и таму ќе го пронајдеш. Но, барај го со целата твоја трудољубивост, зашто малкумина го наоѓаат (Мат. 7, 14); во спротивен случај, ќе отпаднеш од тие малкумина, и ќе бидеш во мнозинството.
81. Душата се воздржува од гревови поради следните пет причини: поради страв од луѓето, поради страв од судот, заради идните награди, од љубов кон Бога, и на крај, поради грижата на совеста.
82. Некои велат дека злото би отсуствувало од созданијата, кога не би постоела некаква друга сила, што не влече кон него. Но, таа сила не е ништо друго, туку нашето пренебрегнување на природните енергии на умот. Затоа, оние што се грижат за нив, секогаш прават добро и никогаш зло. Ако ти го сакаш тоа, тогаш отфрли ја негрижата, и заедно со неа ќе го отфрлиш и злото, што е грешна употреба на мислите, проследена со злоупотреба на материјалните нешта.
83. На разумниот дел во нас, по природа му е својствено да се Му потчинува на Божјото Слово и да владее над нашиот неразумен дел. Затоа овој ред треба да се запазува кај сите луѓе, и тогаш не би имало ниту зло во созданијата, ниту пак она што не влече кон него.
84. Некои од помислите се прости, а други сложени. Простите помисли, се бестрасни, а сложените се страсни, составени од страст и мисла. И притоа може да се види дека многу прости помисли ја следат појавата на сложените, кога почнуваме да се приближуваме кон грев во мислите. Да го земеме за пример златото. Кога на некој му се појави страсна помисла за злато, тогаш се зачнува мислата да го открадне и во умот веќе се извршува грев. Покрај сеќавањето на златото се пројавува и сеќавање за ќесе, сандак, ризница итн. Во дадениот случај помислата за златото е сложена, бидејќи имало страст во него, а помислата за кошницата, сандакот, складиштето и останатото е проста, бидејќи умот нема пристрасност кон нив. Слично е и со секоја друга помисла: помислата на суета, на жена и се останато. Зашто не сите помисли што ги проследуваат страсните помисли се исто така страсни, како што видовме во примерот. Од него можеме да заклучиме кои помисли се страсни, а кои прости.
85. Некои велат дека демоните, довлекувајќи се во време на сон до нашите тајни делови од телото, ја возбудуваат блудната страст, а преку спомените, доведуваат во умот лик на жена. Други сметаат дека демоните се појавуваат во умот во лик на жена, и заедно со тоа, допирајќи до тајните делови, ја возбудуваат похотата, и на таков начин возникнуваат блудни мечти. Трети пак, дека опседнатиот со страст демон, приближувајќи се, ја доведува во движење истата таа страст во човекот, и затоа душата се разгорува во помисли, замислувајќи си преку сеќавањето, најразлични облици. Истото се случува со останатите страсни мечти; всушност, како што велат, со едни тоа се случува на еден начин, а со други на друг. Но, демоните не се во состојба да ја возудат страста на ниту еден од овие начини, ниту во будна состојба, ниту во сон, ако во душата се присутни љубовта и воздржанието.
86. Некои од заповедите на Законот е неопходно да ги запазуваме и телесно и духовно, а некои само духовно. На пример заповедите: не прељубодејствувај, не убивај, не кради, и сличините на нив, треба да ги запазуваме и телесно, и духовно, при што духовното запазување треба да биде тројно. А, заповедите за обрежувањето, за чување на саботата, за колењето на јагниња, за вкусувањето на бесквасен леб со горчливи треви, и слични на нив, треба да ги запазуваме само духовно.
87. Кај монасите има три основни морални состојби: првата - да не греши со дело; втората - да не ги чува во душата страсните помисли; третата - со бестрасност на умот да гледа во лицата на жените и на оние што го сакаат.
88. Не го љуби богатството оној што се одрекол од се што му припаѓало, и на земјата тој веќе нема ништо освен телото, а и со него ја раскинува врската, доверувајќи Му ја грижата за себе на Бога, и на благочестивите луѓе.
89. Од оние што стекнуваат богатство, некои го стекнуваат бестрасно и лишувајќи се од него, не се ожалостуваат, исто како оние што го примаат со радост разграбувањето на нивниот имот (Евр. 10, 34). А, некои го при-добиваат страсно, и затоа се ожалостуваат кога треба да се лишат од него, како што се случило со богатиот од Евангелието, кој си заминал натажен (Мат. 19, 22). Ако, овие луѓе навистина се лишат од него, жалат се до смртта. И затоа, лишувањето од богатство, го обзна-нува внатрешното расположение на бестрасниот или на страсниот.
90. Со оние што ги достигнале височините на молитвата, демоните водат борба така што во умот им вложуваат прости помисли за материјални нешта и со тоа ги одвлекуваат од молитвата. Со оние што знаат - така, што ги зачувуваат во нив страсните помисли. Оние што се подвизуваат во дејственото љубомудрие - ги убедуваат да извршат грев со дело. И, окајани, се борат на сите можни начини да ги одделат луѓето од Бога.
91. Оние што се трудат во благочестие, Божјата Промисла биваат испитувани преку следните три искушенија: или преку дарување на пријатности, како на пример: здравје, убавина, многу деца, богатство и слава; или преку испраќање на таги, како лишување од деца, имот и почести, или пак, со причинување на страдања на телото, како на пример: болести, страдања итн. Кон првите Господ се обраќа вака: Така, и секој од вас, кој не се отпкаже од се што има, не може да стане мој ученик (Лк. 14, 33), а кон вторите и третите: Со трпение спасувајте си ги душите (Лк. 21, 19).
92. Велат дека четири нешта ја променуваат состојбата на телото и му предаваат на умот како страсни, така и бестрасни помисли: ангелите, демоните, воздухот (времето н.з.) и храната. Ангелите, велат, ја променуваат таа состојба преку збброви; демоните - преку допир, времето - преку своите промени, храната преку квалитетот и количината на јадење и пиење, преку нивниот недостаток или прекумерноста. Освен тоа, промена на телесната состојба се случува и преку сеќавањето, слухот и видот, кога душата пред тоа била подложена на тажни или радосни околности. Кога ќе пострада од нив, душата предизвикува промени во телесната состојба, а изменетата состојба на телото, според споменатото, раѓа во умот и соодветни помисли.
93. Смртта, во вистинска смисла на зборот, е одделување од Бога, а жилата на смртта е гревот (I Кор. 15, 56). Примајќи ја во себе таа жила, Адам бива прогонет од дрвото на животот, од рајот и од Бога, со што по неопходност следувала и телесната смрт. А животот, во вистинска смисла е Оној, Кој кажал: Јас сум животот (Јов. 14, 6). Преку Својата Смрт, Тој повторно ги врати во живот мртвите.
94. Кога човек пишува нешто, тој го прави тоа или за себеси - за да се присетува, или за корист на другите, или и за едното и за другото. А понекогаш го прави тоа за посрамување на некои луѓе, или за да се докаже, или затоа што е принуден.
95. Место раззеленето е дејствителната добродетел, а тивка вода (Пс. 22, 2) е познанието на созданијата.
96. Смртна сенка е човековиот живот. И оној што е со Бога и со когошто е Бог, може смело да каже: и да појдам среде сенката смртна, не ќе се исплашам од злото, зашто Ти со мене си (Пс. 22, 4).
97. Чистиот ум ги гледа нештата во нивната вистинитост, искусното слово им го донесува тоа на другите, а сетилниот слух го прима. А лишениот од сето тоа го порекнува оној што го кажал вистинското слово.
98. Со Бога е оној којшто ја познава Светата Троица, Нејзините созданија и промисла, и којшто го чува во бестрастие страсниот дел од својата душа.
99. Велат дека жезолот го означува Божјиот Суд, а палката - Божјата промисла. И тој што стекнал познание за нив може да каже: Жезолот Твој и палката Твоја, тие ме тешат (Пс. 22, 4).
100. Кога умот ќе се соблече од страстите и ќе се просвети преку созерцувањето на она што постои, тогаш тој може да биде во Бога и да се моли како што треба.

 (Продолжува)

Друго:

Blagodatniotogan.doma.jpgСв. Максим Исповедник- 400 глави за љубовта (1)

Извор:Библиотека : СВЕТИ ОТЦИ, Книга 2

Издавач: ИКОНА

 

Извор:

TVITer270

П.П. 2009-06-06 19:03:06

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7623
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная