логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.angeli.so.truba


СТОТИЦА ПРВА

sv.Maksim.Ispoved.jpg

 TVITer758

1. Љубовта е благо расположение на душата, во кое таа ништо од постоечкото не му го претпоставува на познанието на Бога. Но, оној кој е пристрасен кон нешто земно, не е возможно да се здобие со таква љубов.
2. Љубовта се раѓа од бестрастието, бестрастието од надежта во Бога, надежта од трпението и великодушноста, тие се раѓаат од сеопфатното воздржание, воздржанието се раѓа од стравот Божји, а тој страв од верата во Господа.
3. Оној што верува во Господа стравува од вечната казна, а кој стравува од казна се воздржува од страсти. Кој се воздржува од страстите трпеливо ги поднесува неволјите, кој трпеливо ги поднесува неволјите придобива недеж во Бога, надежта во Бога го ослободува умот од секоја земна пристрасност, а умот ослободен од тоа, придобива љубов кон Бога.
4. . Оној што Го љуби Бога го претпоставува познанието на Бога пред сешто е создадено од Него, и непрестано низ љубовен коп-неж, се стреми кон тоа познание.
5. Ако сите нешта кои постојат се про-излезени преку Бога и заради Бога, и ако Бог е подобар од се што е створено од Него, то-гаш оној, кој Го остава неизмерно подобриот Бог и се свртува кон полоши нешта, покажува дека на Бога Му го претпоставува створеното од Него.
6. Оној на кого умот му е прикован со љубов кон Бога, тој ги презира видливите тва-ри и самото тело, како нешто туѓо.
7. Доколку душата е подобра од телото и доколку Бог е неизмерно подобар од светот што го создал, тогаш оној кој го предпочита телото пред душата и создадениот од Бога свет пред Него Самиот по ништо не се разли-кува од идолослужителите.
8. Оној што го одделил умот од љубовта кон Бога и од усрдното обитување во молитва и се приврзал со умот кон нешто сетил-но, таквиот човек го претпочита телото пред душата и созданијата на Творецот пред Него Самиот.
9. Доколку животот на умот е просветленоста од познанието, а таа просветленост се раѓа од љубовта кон Бога, тогаш правилно се вели, дека нема ништо поголемо од љубовта кон Бога.
10. Кога по љубовен поттик умот се воз-несува кон Бога, тогаш тој никако не се чув-ствува ни самиот себе, ниту, пак, нешто од постоечкото. Озаруван од божествената нет-варна Светлост, тој престанува да чувствува се што е создадено, како што и сетилното око престанува да ги гледа ѕвездите, штом изгрее сонцето.
11. Сите добродетели му содејствуваат на умот во љубовта кон Бога, но повеќе од си-те помага чистата молитва. Зашто благодаре-ние на неа тој се вознесува кон Бога, бивајќи настрана од се створено.
12. Кога преку љубовта умот е грабнат од божественото познание и кога наоѓајќи се вон тварните нешта, ја чувствува Божествената бескрајност, тогаш, слично на божествениот Исаија, кој од восхит ја почувствувал сопствената ништожност, со сета душа ги повторува зборовите на пророкот: Тешко ми мене, зашто сум човек со нечиста уста и живеам среде народ исто така со нечиста уста, а очите мои го видоа Царот, Господа Саваот (Ис. 6, 5).
13. Кој го љуби Бога не може да не го са-ка секој човек како самиот себеси, па макар и страстите на ближниот, кои уште не се очистиле, да предизвикуваат одбивност кон него. Ете зошто гледајќи го нивното обраќање и поправање, тој се радува со безмерна и неискажлива радост.
14. Страсната душа е нечиста и е исполнета со похотливи помисли и омраза.
15. Кој гледа во срцето свое траги од ом-раза кон било кој човек за било каков негов пад, потполно е туѓ за љубовта кон Бога. Заш-то љубовта кон Бога е наполно неспоива со омразата кон човекот.
16. Господ вели: ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди (Јн. 14, 15). Ова е Мојата заповед: да се љубите еден со друг (Јн. 15, 12). Оној што не го љуби ближниот, не ја за-пазува заповедта. А кој не ја запазува запо-ведта не може да Го љуби Господа. 
17. Блажен е оној човек, што може под-еднакво да го љуби секој човек.
18. Блажен е оној човек што не е привр-зан за никаква тлена или минлива творба.
19. Блажен е оној ум што ги одминал си-те тварни нешта и непрестано се насладува со Божествената красота.
20. Оној кој грижата за телото ја претвора во похота (Рим. 13, 14) и има зло-памтење кон ближниот заради некакви време-ни блага, тој повеќе ислужи на тварта, откол-ку на Творецот.
21. Оној кој телото свое го чува од нас-лади и од болести стекнува сотрудник во слу-жењето на подоброто.
22. Оној што бега од сите светски похоти се поставува себеси повисоко од секоја свет-ска жал.
23. Оној кој Го љуби Бога неизоставно го љуби и ближниот, а таков човек не може ал-чно да го чува својот имот, туку со него бого-долично располага, давајќи му на секого она што му треба.
24. Оној што, подражавајќи Го Бога, пра-ви милостиња, не прави разлика меѓу добриот и лошиот човек, меѓу праведниот и неправед-ниот, по однос на нивните човечки потреби, туку на сите им разделува по исто, сообразно со потребите, макар ц да го претпочита доб-родетелниот пред порочниот.
25. Бидејќи по природа е благ и бестра-сен, Бог ги љуби сите подеднакво како свои созданија, но го прославува добродетелниот, како некој што Му е близок по дух, а пороч-ниот го милува поради Својата благост, и каз-нувајќи го во овој свет, го поправа. Така и благиот и бестрасен човек ги сака подеднакво сите луѓе: добродетелниот - по природа и по-ради добрата настроеност на волјата, а пороч-ниот - како по природа, така и по сострада-ние, проштевајќи му како на неразумен што се движи во темнина.
26. Љубовта се покажува не само со раз-давање на имотот, туку уште повеќе преку по-учувањето со Божјите слова и со телесното служење.
27. Оној што искрено се одрекол од свет-ските нешта и што нелицемерно и со љубов му служи на ближниот, побрзо се ослободува од секоја страст и станува причесник во Бо-жествената љубов и познание.
28. Оној што ја придобил во себе Боже-ствената љубов, подобно на Јеремија, не се изморува оној што оди по својот Господар (Јерем. 17, 16), храбро го поднесува секој труд, жалост и навреда, без да мисли зло за никого.
29. Кога си натажен од некого или пони-жен од нешто, чувај се од гневни помисли, за поради тоа оскрбување, да не те преселат во царството на омразата, откако ќе те одделат од љубовта.
30. Кога ти е тешко од укори и понижу-вања, знај дека си добил голема полза од тоа, затоа што со промисла, преку понижувањето од тебе е изгонета суетата.

31. Како што споменот на огнот не може да го стопли телото, така и верата без љубов не може да создаде во душата светлина на по-знанието.
32. Како што светлината на сонцето го привлекува кон себе здравото око, така и познанието на Бога природно го привлекува кон Себе, чистиот ум преку љубовта.
33. Чист е оној ум којшто излегол од не-знаењето и којшто се просветува од Боже-ствената светлина.
34. Чистата душа што се ослободила од страстите, непрестано се весели од Божестве-ната љубов.
35. Страста е достојна за осуда, бидејќи преставува противприродно движење на ду-шата.
36. Бестрастието е мирна состојба на ду-шата, која кога пребива во него, станува те-шко придвижлива кон злото.
37. Оној кој преку труд ги придобил пло-довите на љубовта, нема да се откаже од неа дури и кога би претрпел илјадници зла. Во тоа нека те убеди и Христовиот ученик Сте-фан и подобните на него, а и Самиот Спаси-тел, Кој се Му молел на Отецот за Своите убијци, и просел од Него прошка за нив би-дејќи не знаеле што прават (Лк. 23, 34).
38. Ако долготрпението и добрината се јавуваат како својства на љубовта (1 Кор. 13,4), тогаш оној што се раздразнува и кој прави зло, очигледно, и станува туѓ на љубовта. А туѓиот на љубовта, Му станува туѓ и на Бога, бидејќи Бог е љубов (I Јн. 4, 8).
39. Не зборувајте - вели божествениот Јеремија - дека сте храм Господен (Јерем. 7, 4). Не кажувај ни ти дека само верата во на-шиот Господ Исус Христос може да те спаси. Тоа е невозможно, ако не придобиеш преку дела љубов кон Него. А што се однесува до верата, нели // бесовите веруваат, а трепе-рат (Јак. 2, 19).
40. Делото на љубовта се состои во пра-вење од срце добро на ближниот, великоду-шност, трпение и благоразумно ползување со вештествените нешта.
41. Оној што го љуби Бога никого не огорчува и од никого не се огорчува заради минливи нешта. Тој се ожалостува и ги ожа-лостува другите само со спасоносна жалост, со каква и самиот апостол Павле ги огорчувал и ожалостувал Коринтјаните (II Кор. 7, 8-11; II Кор. 2, 4).
42. Оној што Го љуби Бога, живее ангел-ски живот на земјата: пости, бдее, пее псалми, се моли и секогаш мисли добро за секој чо-век.
43. Ако некој сака нешто, тој засилено се труди тоа да го добие. А Божественото е не-измерно подобро и подостојно за желба од сите предмети и добра кои можб да се посаку-ваат. Тогаш, колку усрдност треба да покаже-ме, за да го здобиеме Оној, Кој е благ и поже-лен по природа.
44. Не го осквернувај телото свое со срамни дела и не ја валкај душата своја со лу-кави помисли - па Божјиот мир ќе слезе врз тебе и ќе ти донесе љубов.
45. Истоштувај го телото свое со пост и бдение, неуморно посветувај го целото време на молитва и псалмопеење - и осветувањето на целомудрието ќе слезе врз тебе и ќе ти до-несе љубов.
46. Оној кој се удостоил со Божествено познание и преку љубовта примил просвету-вање никогаш не се превознесува преку духот на суетата. Оној, пак, кој не се удостоил со такво познание многу лесно е заробен од тој дух. Впрочем, ако подобен човек при сите де-ла го насочува погледот кон Бога, правејќи се заради Него, тој со Божја помбш, без труд ќе ја избегне таа суета.
47. Оној што не го достигнал Божестве-ното познание, кое делува преку љубовта, му придава големо значење на тоа што го извр-шува по Бога. Но откако ќе се стекне со тоа познание, тој целосно убеден ги повторува зборовите на патријархот Авраам, кој се удо-стоил да го види Божественото јавување: Јас сум прав и пепел (Бит. 18, 27).
48. Оној што се бои од Господа секогаш за свој собеседник го има смиреномудрието и поучувајќи се од него стигнува до Божестве-ната љубов и благодарност. Бидејќи, тој собе-седник го потсетува оној кој се бои од Госпо-да на претходниот негов световен живот, на разните грешки и искушенија кои му се слу-чувале како помлад; напомнувајќи му како Господ го избавил од сите нив и дека од страсниот живот го привел кон живот по Бо-га. Тогаш, заедно со стравот Божји тој човек се здобива уште и со љубов и во полнотата на смиреномудрието Му вознесува благодарност на Благодетелот и Управителот на нашиот живот.
49. Не осквернувај си го умот свој, задр-жувајќи ги во себе помислите на похота и гнев, та отпаѓајќи од чистата молитва да не паднеш во духот на унинието.
50. Умот се лишува од смелото општење со Бога, тогаш коа ќе стане собеседник на лукавите и скверни помисли.
51. Неразумниот човек воден од страсти-те се смутува гневејќи се и без да расудува брза да избега од браќата, а кога, ќе се распа-ли со похота, жали за тоа и веднаш се враќа. А благоразумниот човек и во двата случаи го прави обратното: за време на гнев тој ја отсе-кува од себе причината за смутот и го отсеку-ва од себеси чувството на огорченост од бра-ќата, а кога се распалува со похота, се воздр-жува од неразумен порив и средби со нив.
52. За време на искушение не го напуш-тај манастирот, туку храбро поднесувај ги брановите на помисли, особено помислите на тага и униние. Бидејќи по промисла искушу-ван низ жалости, ти ќе добиеш силна надеж во Бога. А ако ја напуштиш.обителта, ќе се покажеш неопитен, малодушен и непостојан.
53. Ако не сакаш да отпаднеш од љубов-та по Бога, не дозволувај братот твој да отиде да спие, огорчен од тебе, а и ти самиот не зас-пивај огорчен на него, туку најнапред оди и помири се со брата си (Мат. 5, 24) и со чиста совест принеси Му дар на Христа во усрдна молитва.
54. Ако оној кој ги има сите дарови на Духот нема љубов, тоа за него, согласно со зборовите на божественот апостол, нема ни-каква полза (I Кор. 13, 1-3) Според тоа колку само напор треба да вложиме, за да ја придо-биеме!
55. Ако љубовта не му прави зло на бли-жниот (Рим. 13, 10), па согласно тоа, оној кој му завидува на братот, се огорчува заради не-говиот напредок, со зли насмевки го валка не-говиот углед или по некоја зла навика потајно работи против него, нема ли да се отуѓи себе-си од љубовта предавајќи се на вечна осуда?
56. Љубовта е исполнување на законот (Рим. 13, 10), тогаш нема ли да се јави престапник, достоен за вечна осуда, оној што има злопамтење кон братот, кој му прави замки, кој го проколнува и кој се радува на неговиот пад?
57. Оној што го напаѓа братот свој или го суди, тој го напаѓа законот и го суди зако-нот (Јак. 4, 11), а законот, пак, Христов е љу-бов (Јован 13, 34), тогаш нема ли клеветникот да отпадне од љубовта Христова и не станува ли тој виновник за сопствената вечна осуда?
58. Не го предавај слухот свој на јазикот на клеветникот и не си го предавај јазикот, на слухот на злоречивиот, говорејќи или слушај-ќи со задоволство клевети за ближниот, за да не отпаднеш од Божествената љубов и да не се покажеш туѓ на вечниот живот.
59. Не ги слушај хулите за твојот Отец и не го поттикнувај оној што Го срамоти, за да не се прогневи Господ и да ти ја истреби ду-шата од земјата на живите.
60. Затвори му ја устата на оној што кле-вети во ушите твои, за да не согрешиш со не-го грешејќи двојно, приучувајќи се и себеси на таа погубна страст и не спречувајќи го да злослови против ближниот.
61. Господ не поучува: Јас, пак, ви ве-лам: љубете ги непријателите свои, благо-словувајте ги оние коишто ве колнат, праве-те им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат (Мат. 5, 44). Зошто Тој ни го заповедал тоа? За да не ослободи од омразата, жалоста, гневот и злопамтивоста и да не удостои со најголемото богатство - совршената љубов, која не може да ја има оној, кој не ги сака сите луѓе еднак-во, огледајќи се на Бога, Кој ги сака сите ед-накво и сака сите луѓе да се спасат и даја познаат вистината (I Тим. 2, 4).
62. Јас, пак, ви велам: да не се противи-те на злото. Ако некој те удри по десниот образ, заврти му го и другиот. А оној што сака да се суди со тебе и да тија земе кошу-лата, дај муја и горната облека. И ако некој те присили да одиш со него една милја, ти оди две (Мат. 5, 39-41). Зошто се тие запове-ди? За тоа, за да те сочува безгневен, несму-тен, неразжалостен, а непријатниот да го вос-пита преку твоето долготрпение, та бидејќи е благ, и двајцата да ве поведе по патот на љу-бовта.
63. Кон оние нешта за кои некогаш сме биле пристрасни, ги запазуваме страсните ме-чтаења. И затоа оној што ги победува страс-ните мечтаења, несомнено ги презира и пред-метите, кои се предзнаци на мечтите кои се јавуваат. Затоа што борбата со спомените е многу потешка од борбата со предметите, ис-то колку што е полесно да се греши со мисла отколку со дело.
64. Од страстите, едни се телесни, а дру-ги душевни. Телесните своите извори ги има-ат во телото, а душевните во надворешните предмети. И едните и другите се пресекуваат преку љубов и воздржание. Љубовта ги пре-секува душевните страсти, а воздржанието -телесните.
65. Едни од страстите припаѓаат кон раз-дразливиот дел на душата, а други кон желбе-ниот. И едните и другите се придвижуваат со посредство на чувствата, а тоа станува тогаш, кога душата се наоѓа вон љубовта и воздржа-нието.
66. Потешко е да се совладаат страстите на раздразливиот дел од душата, отколку страстите на желбениот дел. Затоа против нив Господ дал посилно лекарство - заповедта на љубовта.
67. Страстите завладејуваат, или со раз-дразливиот дел на душата, или со желбениот или со мислителниот дел, како во случајот со заборавот и незнаењето. А унинието, ги опфа-ќа сите сили на душата, одеднаш ги става во движење речиси сите страсти. Заради тоа унинието е најтешко надминливо од сите дру-ги страсти. Затоа Господ давајќи лек против него прекрасно вели: Со трпение спасувајте си ги душите (Лука 21, 19).
68. Никогаш не разжалостувај никого од браќата, особено не без вина, за тој, да не си замине не поднесувајќи ја навредата. Зашто во тој случај ти никогаш нема да можеш да го избегнеш изобличувањето на совеста, кое се-когаш ќе ти причинува тага за време на мо-литвата, оддалечувајќи ти го умот од блиско општење со Бога.
69. Немој да трпиш сомнеж или луѓе, што ти предизвикуваат таква соблазна против некого. Зашто оние што допуштаат до себе, на било кој начин, соблазни од настаните кои се случуваат случајно или неслучајно, не го познаваат патот на мирот (Рим. 3, 17), кој преку љубовта ги води оние што го возљуби-ле тој пат за познание на Бога.
70. Се уште нема совршена љубов оној, кој ја менува својата внатрешна душевна сос-тојба кон луѓето во склад со нивните особини. На пример, кога од една или друга причина еден човек го сака, а друг мрази. Или пак, ко-га заради истите причини понекогаш сака, а понекогаш мрази еден ист човек.
71. Совршената љубов не ја разделува единствената природа на луѓето по различно-ста на нивното расположение. Таа секогаш гледа само на неа (природата) и сите луѓе подеднакво ги љуби; добродетелните - како пријатели, а немарните во добродетелта - ка-ко непријатели; правејќи им добро, долготр-пејќи и ги поднесува направените од нив нав-реди; Совршената љубов воопшто не мисли за зло и страда заради нив, се со цел и немар-ните да ги направи свои пријатели, доколку е возможно; а доколку е невозможно, таа не от-стапува од своето расположение, пројавувај-ќи ги секогаш на ист начин плодовите на љу-бовта кон сите луѓе. Така и нашиот Господ и Бог,. Исус  Христос,  пројавувајќи ја Својата љубов кон нас, пострадал за целото човештво и на сите подеднакво им дарил надеж за вос-кресение, макар што секој сам себеси се пра-ви достоен или за слава или за вечна казна.
72. Оној што не ги презира славата и бес-честието, богатството и сиромаштијата, нас-ладата и тагата, се уште не придобил соврше-на љубов. Зашто совршената љубов го прези-ра не само тоа туку и овој времен живот и смртта.
73. Слушни што зборуваат оние, што се удостоиле со совршена љубов: Кој ќе не од-вои од љубовта Божја: тага ли, неволја ли, или гонење, глад ли, или голотија, опасност ли, или меч? Како што е напишано: Заради Тебе секогаш не убиваат; не сметаат како овци за клање. Но, во сето ова победуваме преку Оној Кој не возљуби. Оти сигурно знам дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни силите, ни сегашноста, ни иднината, ни височината, ни длабочината, ниту, пак, некоја друга твар ќе може да не оддели од љубовта Божја во Христа Исуса, нашиот Господ (Рим. 8, 35-39). Сите оние што го зборуваат и прават тоа за љубовта Божјасе светии.
74. Слушни уште еднаш што велат све-тиите за љубовта кон ближниот: Ви зборувам вистина во името на Христа, не лажам -тоа го сведочи мојата совест преку Свети-от Дух, дека ми е многу жал и срцето ме бо-ли постојано; оти повеќе би сакал јас да би-дам одвоен од Христа за браќата свои, мои-те сродници, по плот, кои се Израилци (Рим. 9, 1-4), итн. Истото го велат и Мојсеј и други-те светии (Исх. 32, 31-32).
75. Оној што не ги презрел славата, нас-ладувањето и среброљубието - кое ги развива и се изградило благодарение на нив, не може да ги пресече причините за гневот. Оној, пак, кој нема да ги отсече не може да стигне до со-вршената љубов.
76. Смирението и страданието го ослобо-дуваат човека од секој грев: смирението ги отстранува страстите на душата, а страдание-то - на телото. Блажениот Давид покажува, дека се задобил со тоа, обраќајќи Му се на Бо-га во молитва: Погледни ги страдањата и маките мои и прости ми ги сите гревови мои (Пс. 24, 18).
77. Преку заповедите, Господ ги прави бестрасни оние што ги исполнуваат, а преку догматите Божествени им ја дарува светлина-та на познанието.
78. Сите догми, или зборуваат за Бога, или за видливите и невидливите нешта, или за промислата и судот што се однесуваат на нив.
79. Милостињата го исцелува раздразли-виот дел на душата, постот ја гаси похотата, а молитвата го очистува умот, подготвувајќи го за созерцание на постоечките нешта. Бидејќи Грспод ни ги дарил заповедите сообразно со силите на душата.
80. Земете го мојот јарем на себе и поу-чете се од Мене, бидејќи Сум кроток и сми-рен по срце и ќе најдете мир за душите ваши (Мат. 11, 29). Кротоста го запазува раздразли-виот дел на душата од возбудување, а смире-нието го ослободува умот од надменост и суе-та.
81. Има два вида на страв Божји: едниот се раѓа во нас под закана за вечна осуда и бла-годарение на него во нас последователно се појавуваат воздржание, трпение, надеж во Бо-га и бестрастие, од кое возникнува љубов. Другиот е поврзан со самата љубов, раѓајќи во душата благоговение, за таа (душата), по-ради смелоста на љубовта, да не Го прене-брегне Бога.
82. Совршената љубов го изгонува (I Јов. 4, 18) првиот страв од душата, којашто, при-добивајќи ја, веќе не се бои од казна; а втори-от страв, како што беше споменато, секогаш го има соединет со себеси. На првиот страв му соодветствуваат словата од Писмото: пре-ку страв Господов злото се отстранува (Из-рек. 16, 6) и почеток на мудроста е стравот Господов (Изрек. 1, 7), а на вториот страв.со-одветствуваат зборовите: стравот господов е чист и останува за навек (Пс. 18, 10) и нема оскудност кај оние кои се бојат (Пс. 33, 10).
83. Умртвете ги своите земни членови, односно пороците: блудството, нечистоти-јата, страста, лошата желба и лакомство-то (Кол. 3, 5). Земја, апостолот го нарекува телесното мудрување; блуд - гревот извршен на дело; нечистотија - внатрешната соглас-ност на грев; страст - страсната помисла; ло-ши желби - едноставното допуштање на по-мислата за похота; користољубие - веште-ството кое ја раѓа и распламтува страста. Божествениот апостол ни зповеда да ги умртву-ваме сите тие членови на плотското мудрува-ње.
84. Најнапред, сеќавањето внесува во умот едноставна помисла. Доколку таа се за-држи таму, се придвижува страста и ако таа не биде уништена, ќе му наметне на умот да ја засака, а кога ќе настане тоа, следователно се извршува и самиот грев. Затоа премудриот апостол, обраќајќи се со послание до обрате-ните меѓу јазичниците, пред се им повела да го уништат дејството на гревот, а потоа ги по-викува, враќајќи се по обратен ред, да ја от-странат и самата причина за гревот. А причи-ната, пак, како што беше претходно кажано, која ја раѓа и распалмтува страста е користо-љубието. Мислам дека користољубие тука оз-начува стомакоугодување, кое е мајка и хра-нителка на флудот. Зашто користољубието е зло не само во однос на имотот, туку и во од-нос на храната, како што воздржанието е доб-ро не само по однос на храната туку и по од-нос на имотот.
85. Како што птица, на која и е врзана ногата, при обид да летне паѓа на земјата, по-влечена од врвката, така и умот, кој се уште не придобил бестрастие, а се обидува да се воздигне до познанието на небесните нешта, паѓа на земја, повлечен надолу од страстите.
86. Кога умот целосно ќе се ослободи од страстите, тогаш тој непречено оди кон созер-цание на тварите, правејќи си пат кон позна-нието на Света Троица.
87. Кога умот е чист, тој ги прима идеите за нештата и се побудува кон нивно духовно созерцание. А кога заради својата мрзливост стане нечист, тој вообразувајќи започнува да претставува прости идеи на други нешта и примајќи ги човечките мисли, се обраќа кон срамни и лукави помисли.
88. Секогаш кога за време на молитва умот не се тревожи од никаква светска помис-ла, тогаш знај, дека не се наоѓаш вон предели-те на бестрастието.
89. Кога душата започне да се чувствува здрава, тогаш и насон таа започнува да гледа чисти и безметежни сновиденија.
90. Како што убавината на видливите не-шта го привлекува кон себе сетилното око, та-ка  и  познанието на невидливите  нешта го привлекува чистиот ум. А невидливи нешта ги нарекувам бестелесните нешта.
91. Големо дело е човек да не покажува пристрасност кон материјалните нешта, но многу поголемо е да остане бестрасен по од-нос на мечтаењата за нив. Зашто низ помис-лите демоните водат со нас духовна борба, која е потешка од борбата, водена преку мате-ријалните нешта.
92. Оној што се стекнал со добродетели и се збогатил со знаење, материјалните нешта ги гледа онакви какви што се по својата при-рода и затоа постапува и говори соодветно на здравиот разум, никогаш не отклонувајќи се од вистината. Затоа што ние стануваме добро-детелни или порочни во зависност од благо-разумното или неразумното употребување на материјалните нешта.
93. Знак на крајно бестрастие е постоја-ното издигнување на срцето во простите пои-мања за материјалните нешта како во будна состојба на телото така и на сон.
94. Преку исполнувањето на заповедите, умот ги отфрла од себе страстите, а преку духовно созерцание на невидливите нешта, ги соблекува од себеси страсните помисли за те-лесните нешта. Со посредство на познанието на невидливите нешта тој се ослободува од созерцанието на видливите, а тоа познание се достигнува преку познанието на Света Трои-ца.
95. Изгревајќи и осветлувајќи го светот, сонцето, се јавува и себеси и осветлените од него предмети, така и Сонцето на правдата, изгревајќи во чистиот ум, се јавува и Себеси и логосите на сите творенија, и на веќе приве-дените во битие и на тие што допрва ќе бидат создадени.
96. Ние го познаваме Бога не од Негова-та суштина, туку од величественоста на Него-вата творба и од промислата за постоечките нешта. Преку нив како во огледало ја согле-дуваме Неговата бескрајна благост, премуд-рост и сила
97. Чистиот ум се наоѓа, или во прости умосогледувања за човечки нешта, или во природно созерцание на видливите нешта, или во созерцание на невидливите нешта, или во светлината на Света Троица.
98. Созерцувајќи ги видливите нешта, умот ги бара нивните природни логоси или тоа што тие логоси го означуваат, или пак, ја бара Самата нивна Причина.
99. Престојувајќи во созерцание на не-видливите нешта, умот ги бара природните логоси, Причината за нивното битисување и нивните последици, а исто и Промислата и Божјиот суд за нив.
100. Кога умот се наоѓа во Бога, тој најпр-вин, поради пламена љубов, бара да ја разбе-ре Неговата суштина, но наоѓа утеха, не во разбирањето на познанието коешто е во Бога, затоа што тоа е невозможно и подеднакво не-достижно за секое создадено суштество, туку во познанието во она што е околу Него, како што се вечноста, бескрајноста, благоста, пре-мудроста, сетворечката, сепромислувачка и судителна сила. И во Него, само тоа е постиг-ливо за секого, зашто Тој е беспределен и са-мото спознание на Неговата неспознатливост е знаење што го надминува умот, како што негде рекоа богословите св. Григориј и св. Дионисиј.

 

 Извор:Библиотека : СВЕТИ ОТЦИ, Книга 2

Издавач: ИКОНА

  Св. Максим Исповедник- 400 глави за љубовта (4)

 

Друго:

Blagodatniotogan.doma.jpg Св. Максим Исповедник- 400 глави за љубовта (1)

sv.Maksim.Ispoved.jpgСв. Максим Исповедник- 400 глави за љубовта (2)

Извор:Библиотека : СВЕТИ ОТЦИ, Книга 2

Издавач: ИКОНА

sv.Maksim.Ispoved.jpgСв. Максим Исповедник- 400 глави за љубовта (3)

 

 

Извор:

TVITer270

П.П. 2009-06-04 06:17:35

 

 

 

 

 


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7623
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная