логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


vozdvizenie.jpg

Хулните помисли и борбата против нив

 По повод хулните помисли треба да жалиме и да се каеме пред Господа, но да не паѓаме со духот и да не мислиме дека тоа е пропаст. Бидејќи вие не ги сакате таквите помисли и се одвраќате од нив, Бог не се гневи на вас. Тие помислине се ваши, туку ги сее ѓаволот. На него е и кривицата... Молете се на Бога да го одгони ѓаволот. Почесто раазговарајте со духоввникот. И ѓаволот ќе побегне. Кога ќе забележи малодушност, тој навалува со такво досадување. А кога гледа дека душата е храбра и дека ги прозрела неговите подметки, истиот час се откажува.
 Што се однесува на помислите, држете се до следното правило: штом ќе ги забележите, одбијте ги без никакво просудување; останете само со мислата за Господа Спасителот, Сеприсутниот и Севидливиот...
 Духот на хулата и сомнежот се притаил, но немојте да мислите дека така брзо ќе ве остави... Низ тоа сите поминуваат. Затоа и пишуваат дека во борбата против ѓаволот подвижникот никогааш не треба да го одложува оружјето, туку секогаш да биде подготвен да му се спротивстави. Старците пишуваат дека нападите на искушенијата треба да ги одбиваме од срцето со омраза кон него, а потоа или напоредно со тоа, треба да Му се обратиме на Господа со молитва. Омразата кон ѓаволот е исто што и да му се зададе удар во гради. Тоа е моќно и за него непријатно средство.
 ... Духот на хулата кај вас е ѓаволски. Со каква само омраза тој се однесува кон Господа Спасителот?! Тоа е и природно, бидејќи Господ ја разорил нивната власт, така да за нив е страшно и самото име Негово.
 Хула и сомнежи, тоа е исто како кога тлото почува да се помрднува под нозете.
 Вознемирувачките помисли кои се појавувале бркајте ги далеку, не впуштајќи се во разговор со нив. Сега веќе јасно можете да видите дека тоа сè се ѓаволски наговори. А кога ѓаволот е во прашање, зошто би одолговлекувале? Треба да го одбиеме без одложување.
 Прво помошно средство за оној кој се соочува со зли наговори е – да не ги смета за свои, туку за посејани и да повлече граница помеѓу себе и посејаното, та сметајќи го таквиот наговор за туѓ, да се однесува кон него не како кон свое чедо, туку како кон ѓаволски пород. Така наговорот не само што истиот час почнува да слабее во душата, туку сосема се повлекува од неа.

 

Stefan.Petkovden.jpg

 


 Ми останува да ви кажам за духот на хулата, кој понекогаш ве напаѓа. Тоа што ве смутува, навистина е духот на хулата: не само што се појавува и ве напаѓаат хулни помисли, туку и зборови слушате во ушите.
 Нив ги произвведува... демонот. Тој тоа го прави затоа, да би ве смутил и лишил од смелоста за молитва; исто така, тој гледа дали ќе се согласите на некоја хула, како би ве турнал во грев, а потоа во – очајание. Против тој демон – прво... немојте да се збуните и никако немојте да допуштите дека тоа се ваши помисли, туку припишувајте ги директно на демонот. Потоа – против помислите и зборовите – мислетеи зборувајте спротивно. Тој зборува нешто лошо против светиот, а вие одговарате: „лажеш, злобниче; еве каков е тој...“. Така против сè – и секогаш противречете му, додека не се повлече. Заклучете вака: „биди проклет хулниче и зборовите на хула нека се вратат на твојата глава...“ Обратете се на Господа со следнава молитва: „Душата моја ја откривам пред Тебе, Господи! Ти гледаш дека јас не сакам такви помисли и дека не се соггласувам на нив. Тоа сè сее ѓаволот. Одгони го од мене“.
 Како што кај желбите е основно - да не се согласуваме со нив со срцето, така и кај сомнежот е основно – да не согласуваме со него во умот. Ќе речете дека сомнежот веднаш го обзема и зафаќа целиот ум. Тоа не е ништо. И со желбите се случува исто, одеднаш да го обземат целото срце. Но не значи дека веќе го совладале, туку само ја покажува бесрамноста на напаѓачот... И нека сомнежот го зафатил и целиот ум – напрегнете се да го одбиеете, како би останал надвор и како би можеле кон него да се однесувате како кон сè друго туѓо.
 ...Во однос на желбите, кога ќе дознаеме дека преку нив ни се приближува ѓаволот, сите свети прифаќаат втор метод: наместо лична борба со нив, да се обраќаме на Господа Спасителот, и тие ќе исчезнат... Со умот обраќајте се на Господа и молете Го да ги одгони, и искушението и оној што искушува. А трет метод ќе биде ова: да се обнови доброто во себе во неговата вообичаена сила. Вам и умот и срцетови се цели. Немојте да ги клеветите. Тоа што се случува – доаѓа од ѓаволот. Веројатно треба да се фатите за нешто во самите вам. За тоа и прифатете се: трудете се што побрзо да ги обновите добрите мисли и чувства кои ги имате.
 А нередот во помислите и чувствата кој го имате, сè тоа со време ќе се израмне, ако не престанете да ревнувате за она што Му е на Бога угодно. Постои едно испитано средство за тоа: да се има сеќавање на Бога и сеќавање на смртта. Тоа ќе всади страв Божји, кој ќе ве поттикнува на сè Богоугодно, ќе ве одвраќа од сè што Го разгневува Бога, ќе служи како чувар на сите добри духовни заработки и истребувач на сè лошо што се наталожило во нас.
 Тоа што понекогаш низ главата пролетува зла мисла – тоа е ѓаволска стрела. Неа ѓаволот ја оптегнува кога сака нашето внимание да го одвлече од молитвата и да окупира со нешто небожествено. Ако вниманието се задржина таа мисла, ѓаволот тогаш ќе долета и ќе почне во главата да создава различни приказни, како би ја осквернил душата и распалил некаквво страсно чувство... Тука постои еден закон... Вниманието што побрзо да се врати од лошо на добро и да се задржи на тоа...
 Овде ќе ви кажам нешто малку за помислите. Кога грешните дела ќе престанат, борбата се преместува внатре, во срцето... Тука се главни помислите, по помислите се довлекуваат сочувствата, по овие – желбите; по желбите доаѓа: приклонување на делото, соглласност и одлука... Со овие последните се остварува внатрешниот грев. Не се сите споменати внатрешни движења грешни. Грешноста почнува таму каде што се забележува согласување. Помислите не се грешни, ако човекот сам не ги поттикнува и ако не ги задржува со својата волја кога ќе се појават. Тука постои гревовна нечистотија. Но кога при тоа ќе се присоединат сочувството и насладувањето, како и похотната сласт која не се  одбива туку задржува, тоа е веќе половина внатрешен грев: ако пак сам ја задржува и распоалува таа сласт, тогаш целата душа е веќе во блудна состојба. А прав внатрешен грев, е приклонување, согласност и одлука.
 Помислите треба да се одбиваат, а не доброволно да се задржуваат. Штом се појави сочувствување или сласт – треба да ги гушиме со сите сили... Тоа е клучна точка на внатрешната борба... Прашањето „како?“ се решава на следниот начин: слези со вниманието во срцето, застани таму пред Господа и не пуштај ништо гревовно да влезе. Во тоа се состои сета внатрешна борба.
 А кој ќе похули на Светиот Дух нема опростување во веки (Мк. 3, 29). Дали падот во тој страшен грев е далеку? Не е воопшто; зашто еве какви се тие гревови: „претерана надеж на благодатта (милоста) Божја; очајание или недостаток на надеж на милоста Божја; противречење на очигледна и утврдена вистина и отфрлање на православната христијанска вера. Некои на тоа ја додаваат и зависта на духовните дарови кои од Бога ги добива ближниот; упорносто останување во грев и во зло; немарност за покајание до заминувањето од овој „живот“. Ете колку се патови! Појди по било кој од нив и веќе ќе ти биде тешко да се вратиш, паќе те одведе до провалија која голта.
 Поставете си себеси како закон во случај на неволја, то ест ѓаволски напад во вид на зли помисли или чувства, никогаш да не се задоволите со одбивање и неприфаќање, туку на тоа да ја придодадете и молитвата, сè додека во душата не се образуваат спротивни чувства и мисли. И секогаш со тоа завршувајте ја борбата со гревот. Тоа е налик на вадење трн...
 Главно е - пресекување на помислите. Кога помислите ќе попуштат... и сè друго губи сила. Штом се појави лошо движење, мислите веднаш застанете ги на некој свештен евангелски настан – Преображението, Страдањата Господови, Распетието, Воскресението, Вознесението... Со тоа сè лошо се одбива назад. Или... потсетете се, како што и правите... на смртта, Судот и последиците од тоа. Веднаш потоа, кога мислата ќе ја утврдите на присуството Господово, повикајте Го... и Нему поверете Му го вашето лечење... почнете да творите Исусова молитва... повторувајќи ја со вера. И сета содржина на главата и срцето ограничете ја само на неа.
 ... Ќе дојдат страсни помисли – гордост, презир, осудување, незадоволство, кавгаџиство, подбивање и други – и што ќе правите со нив? Тие треба некому да се соопштат: инаку ќе заседнат внатре и ќе почнат да растат и да се утврдуваат.
 Првата искушувачка помисла, која ќе почне да ве вознемирува, ќе биде самозадоволството; потоа ќе се појави внатрешното самовознесување, или пофалност пред самиот себе, а потоа – покажување пред другите. Разберете го тој пат.
 Своето умно око не тргајте го од срцето и сè што од таму излегува истиот час зграбете го и испитајте го – ако е добро, оставете го да живее, а ако не е – веднаш треба да го уништите. Така учете се да се спознаете себеси. Која помисла почесто излегува, значи – таа страст е посилна; против неа почнете и посилно да делувате.
 Сè правете со разум; и повеќе потрудете се околу помислите и чувствата. На надворешните напори може да се навикнеме, така што тие на крај стануваат лесни и се исполнуваат без напор; но внатрешниот напор нема крај и никој не може да каже дека та страна, еве, конечно е  уредена, така да борба повеќе не е потребна. Зашто штом човек помисли дека ја совладел некоја слабост или страст, непријателот ќе покрене најсилна бура. Затоа бдејте и молете се!
 Треба да се умудриваме во разгледувањето на помислите. Строгата внимателност на себеси, со страв Божји, ќе научи на сè.
 Под градната коска се вовлекло обично чмаење, а одоздола – тоа е ѓаволско дело. Тој лукаво се обидува да породи мисла дека кај Бога е некако досадно... Никогаш, ни за секунда не си дозволувајте на себеси да застанете на тоа чмаење... туку веднаш презрете го. Господ е блиску! Нека е благословено името Господово!
 Да се откриваат помислите, како што од опит знаете, многу е благотворно.
 Внатрешниот метеж секогаш е последица на несредени помисли. Да би успеале (да ги средите) држете ги заврзани... чувајте го сеќавањето на Бога и сеќавањето на смртта. Бог е секаде и сè гледа... гледа и сè внатре во вас. Со таа мисла спуштете се во срцето и надгледајте ги движењата кои таму се одвиваат – едни примајте, а други отфрлајте...
 По повод на лошите помисли, познато е дека штом некоја помисла е забележана и одлучно отфрлена, таа, ма колку и да е лоша, не се припишува на оној кој ја доживува. Имајте го тоа на ум и бидете спокојни.
 Главниот облик во кој се јавува непријателското во нас е помислата. Кога ѓаволот ќе успее да ги окупира нашите помисли со зла помисла, тој веќе не е без добиток, а нереткоо може и победа да прослави; зашто покрај помислата брзо може да се приклони и желба, а по желбата и одлука на дело; тоа е тоагааш веќе грев и пад. 
 ... Еве каде треба да биде насочено сето внимание на подвижникот: во себе – на помислите, желбите, страстите и склоностите, а првенствено на помислите, зашто срцето и волјата не се така лесно подвижни како мислата, а страстите и желбите ретко се подигнуваат самостојно, туку воглавно се раѓаат од помисли. Оттаму правилото: одсечи ја помислата и ќе одсечеш сè.

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3226
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7718
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная