Нашата молитва го одразува нашиот однос кон Бога. Оној кој е незаинтересиран за спасение има различен однос кон Бога од оној кој го напуштил гревот и е ревносен за добродетели, но сеуште не влегол во себе си и работи за Господа само надворешно. На крај, оној кој влегол и го носи Господ во себе си, стоејќи пред Него, исто така има друг однос. Првиот човек е небрежен во молитвата, како што е небрежен и во животот, и тој се моли во црква и дома само според утврденото правило, без внимание или чувство. Вториот човек чита многу молитви и често оди во црква, истовремено трудејќи се да го задржи своето внимание од расеаност и да искуси чувства според молитвите кои ги чита, но и покрај тоа тој ретко има успех. Третиот човек, целосно концентриран во (молитвата), со својот ум стои пред Бога, и во своето срце Му се моли без расеаност, без долги усни молитви, дури и кога долго време стои на молитва во неговиот дом или во црква… Секоја молитва треба да извира од срцето, а секоја останата молитва воопшто не е молитва. Молитвите од молитвениците, вашите сопствени молитви и мошне кратките молитви, сите мора да исходат од срце пред Бога, Кој го гледате пред вас.
Bp. Theophun the Recluse
Our prayer reflects our attitude towards God. He who is careless of salvation has a different attitude toward God from him who has abandoned sin and is zealous for virtue but has not yet entered within himself and works for the Lord only outwardly. Finally, he who has entered within and carries the Lord within himself, standing before Him, has yet another attitude. The first man is negligent in prayer, just as he is negligent in life, and he prays in church and at home merely according to the established custom, without attention or feeling. The second man reads many prayers and goes often to church, trying at the same time to keep his attention from wandering and to experience feelings in accordance with the prayers which are read, al though he is seldom successful. The third man, wholly concentrated within, stands with his mind before God, and prays to Him in his heart without distraction, without long verbal prayers, even when standing for a long time at prayer in his home or in church…. Every prayer must come from the heart and any other prayer is no prayer at all. Prayer-book prayers, your own prayers and very short prayers, all must issue forth from the heart to God, seen before you.
Извор: Маран Ата