логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 vozdvizenie.jpg

ЧАША ХРИСТОВА
Барале од Господа, двајца Негови возљубени ученици, престоли на славата – Тој им ја подарил Чашата своја (Мт. 20: 23).
Чашата Христова – страданија.
Чашата Христова им донесува на своите причaсници, овде на земјата, учество во благодатното царство Христово, приготвува за нив на Небото престоли на вечната слава.
Сите ние сме без одговор пред Чашата Христова; никој не смее да се жали на неа, да се откажува од неа, зaшто Тој што го заповедал нејзиното пробување, Сам понапред од сите ја испил.
O ти, дрво на познанието на доброто и злото! Ги уби ти во рајот родоначалниците наши, обманувајки ги со прелестите на чувствената наслада и со прелестите на разумот. Христос, искупителот на погубените, ја донесе на земјата, кај паднатите и изгонетите, Својата спасителна Чаша. Со горчината на чашата, во срцето се истребува престапното, убиственото гревовно насладување; со смирението кое обилно се точи од неа се умртвува гордиот плотски разум; на оној кој со вера и трпение ја пие му се возвраќа вечниот живот: одземениот, и кој ни се одзема од нас со јадењето на забранетиот плод.
Чашата Христова, чашата на спасението ќе ја примам! (Пс.115:4)
Се прима Чашата, кога Христијанинот ги поднесува земните маки со смиреномудрие, позајмено од Евангелието.
Св. Петар се устремил со обнажен нож во заштита на Богочовекот, опкружен од злодејци, но најкроткиот Господ Иисус му рече на Петар: „врати го ножот во својата ножница, чашата што ми ја даде мене Отецот, нема ли да ја пијам? (Јован 18: 11)
И ти, кога ќе те опкружат напасти, кажи ѝ на душата твоја во утешение и подкрепа: „чашата што ми ја даде мене Отецот, нема ли да ја пијам?
Горка е Чашата; при еден поглед на неа се губат сите човечки соображенија. Замени ги соображенијата со вера, и машки испиј ја горката чаша: неа тебе ти ја подава Отец себлаг и премудар.
Нити фарисеите, нити Кајафа, нити Јуда неа ја приготовиле, нити Пилат и неговите војници ја подаваат! Чашата, што ми ја даде мене Отецот, нема ли да ја пијам?
Злоумислуваат фарисеите, Јуда предава, Пилат го заповеда безаконото убиство, војниците на хегемонот пак, таа заповед ја извршуваат. Сите тие си приготвиле себе си верна погибел со своите злодеанија; ти не приготвувај си себе погибел, исто толку верна, со памјатозлобие, со посакување и мечтаење на одмазда, со негодување кон твоите непријатели.
Отецот небесен е семоќен, севидец: Тој ги гледа маките твои. И, ако нашол дека е нужно и полезно да ја отклони от тебе Чашата, тогаш тоа би го направил без одлагање.
Господ – сведочи и Писмото и црковната историја – во многу случаи им допуштал беди на своите возљубени и во многу случаи ги отклонувал бедите от своите возљубени,
сообразно со непостижните Судби Свои.
Кога пред тебе ќе се појави Чашата, не гледај на луѓето кои ти ја подаваат; подигни го својот поглед кон небото и кажи: „чашата што ми ја даде мене Oтецот, нема ли да ја пијам?“
Чашата на спасението ќе ја примам. Не можам да ја отфрлам Чашата – залогот на небесните вечни блага. Ме подучува мене на трпение апостолот Христов: „преку многу маки“, зборува тој, „ни прилега да влеземе во царството Божјо“ (Дела 14: 22). Зарем да ја отфрлам Чашата, средството за достигнување, за развивање на тоа царство во себе? Ќе ја примам Чашата – дарот Божји.
Чашата Христoва – дар Божји. Вам ви се дарува, пишувал великиот Павел до Филипјаните, во Христа, не само да верувате во Него, но и да страдате за Него (Филип. 1: 29).
Ти ја примаш Чашата, како што изгледа, од раце човечки. Што имаш ти со тоа, праведно ли постапуваат тие луѓе или безаконо? Твое е – ти да постапиш праведно, како следбеник Иисусов: со благодарност кон Бога, со жива вера да ја примиш Чашата и мажествено, до дно да ја испиеш.
Примајќи ја Чашата од раце човечки, спомни си, дека таа е – чаша не само на Невиниот, но и на Сесветиот. Откако ќе си го спомниш тоа, повтори ги за себе и за подобните на тебе грешници, зборовите на блажениот и благоразумниот грешник, коишто тој ги произнесе, бивајќи распнат оддесно распнатиот Богочовек: „ние достојно по делата наши примаме... Спомни си за мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството свое“ (Лк. 23: 41-42).
Потоа, обрати им се на луѓето, и кажи им (ако пак тие не се во состојба да разберат и да ги примат твоите зборови, тогаш, не фрлај ги чесните бисери на смирението пред нозете на оние кои не можат да ги оценат, а кажи мислено и со срцето): „благословени сте вие, орудија на правдата и милоста Божја, благословени од сега до века!“
Само така ќе ја исполниш заповедта на Евангелието, која гласи: Љубете ги непријателите ваши, благословувајте ги оние што ве проколнуваат (Мт. 5: 44).
Помоли се за нив на Господа, нека, за нанесените навреди и непријатности, им биде воздадено со времени и вечни награди, сè што сториле против тебе нека им се смета, на сторителите, на Судот Христов, за добродетел.
Дури и ако срцето твое не сака да постапува така, принуди го: зашто само тие што го присилуваат своето срце кон исполнување на евангелските заповеди можат да го наследат небото (Мт. 11: 12).
Ако пак, не сакаш така да постапуваш, значи не сакаш да си последовател на Господа Иисуса Христа, внимателно проникни во себе и разгледај: не си ли нашол ти друг учител, не ли си му се подчинил нему? Учител на ненависта е – ѓаволот.
Ужасно злосторство е: навредувањето, угнетувањето; најужасно злосторство е – убиството. Но, кој го мрази својот гонител, клеветник, предавник, убиец, памјатозлобствува на нив, им се одмаздува, неговиот грев е многу близок до нивниот. Напразно себе си и на другите тој им се прикажува како праведник. „Секој што го мрази братот свој, човекоубиец е“ (Јован 3: 15), не известил возљубениот Христов ученик.
Живата вера во Христа нè подучува да ја примаме Чашата Христова, а пак Чашата Христова влева во срцата на своите причасници надеж на Христа; надежта пак на Христа, на срцето му дава крепост и утеха.
Каква мака, каква адска мака е – да се жали, да се ропта на одозгора предопределената Чаша.
Грешни се пред Бога ропотот, нетрпението, малодушието, особено очајанието – грозните чеда на престапното неверие.
Грешен е ропотот против ближните, кога тие се орудија на нашите страдања; уште погрешен е, кога Чашата се спушта кон нас, право од небото, од десницата Божја.
Кој ја пие Чашата со благодарност кон Бога, со благословување на ближните, тој го достигнал свештениот покој, во благодатниот мир Христов, и уште од сега се насладува во духовниот рај Божји.
Ништо не значат сами по себе времените страдања: ние им даваме значење со нашата приврзаност кон земјата и кон сè пропадливо, со нашиот ладен однос кон Христа и Вечноста.
Ти ја трпиш горчината и одвратниот вкус на лековитата смеса; го трпиш мачното сечење и горење на членовите; го трпиш уморот од продолжителното гладување, долгото затворање во одаја; го трпиш сето тоа заради враќањето на изгубеното здравје на телото, кое, откако ќе оздрави, пак неминовно ќе се разболи, неминовно ќе умре и истлее. Потрпи ја горчината на Чашата Христова, која донесува исцеление и вечно блаженство на твојата бесмртна душа.
Ако Чашата тебе ти изгледа неподнослива, смртоносна – со тоа, таа тебе те изобличува: нарекувајќи се Христов, ти Христов не си.
За вистинските Христови последователи Чашата Христова е – Чаша на радости. Така, светите апостоли, после тоа, откако беа тепани пред соборот на старците јудејски, излегоа радосни од синедрионот, зашто се беа удостоиле да примат бесчестие ради името на Господа Иисуса (Дела 5: 41).
Чул праведниот Јов горки вести. Вест за вест доаѓале за да удрат во неговото тврдо срце. Последната од вестите била најтешка: погибелта на сите синови и сите ќерки негови од насилна, ненадејна, лута смрт. Од голема тага ги раскинал своите ризи праведниот Јов, со пепел ја посипал главата- паднал на земјата од дејството на покорната вера која живеела во него, му се поклонил на Господа и рекол: „гол излегов од утробата на мојата мајка, гол и ќе отидам одовде: Господ даде Господ и зеде. Како што му беше угодно на
Господа, така и се збидна: нека биде името Господово благословено во веки“ (Јов 1:21).
Довери Му се во простотата на срцето на Оној, во Кого и влакната на твојата коса се изброени. Тој знае колкава големина треба да биде размерот на целителната Чаша која ти се подава тебе.
Гледај често на Иисуса: Тој – пред убијците свои, е како агнец пред оние кои го стрижат; Предаден е на смрт, како безгласна овца за колење. Не тргај ги очите од Него – и ќе се растворат твоите страдања со небесна, духовна сладост; со раните Иисусови ќе се исцелат раните на твоето срце.
„Стојте!“ – им рече Господ на оние кои сакаа да го заштитат Него во Гетсиманската градина, а на оној кој дошол да го врзи му го исцелил пресеченото уво (Лк. 22: 51).
„Или ти мислиш“, му се спротивстави Господ на оној кој пробал со оружје да ја отстрани Чашата од Него, „дека не можам да го помолам сега својот Отец, да ми прати повеќе од дванаесет легиони ангели?“ (Мт. 26: 53)
За време на напастите не барај помош човечка; не троши го драгоценото време, не истоштувај ја силата на твојата душа во потрага на таква бесилна помош. Очекувај помош од Бога: по Негово магновение во свое време ќе дојдат луѓе и ќе ти помогнат.
Молчел Господ пред Пилата и Ирода, не изговорил никакво оправдание. И ти последувај му на тоа свето и мудро молчание, кога гледаш, дека те судат тебе непријателите твои, со цел да те осудат неминовно, те судат само заради тоа што сакаат преку судот да ја прикријат својата злонамерност.
Предвозвестена ли и претскажана од постепено насобраните облаци, или ненадејно, носена од свиреп ветер, се појави пред тебе Чашата, кажи му на Бога: „да биде волјата Твоја“.
Ти си ученик, последовател и слуга Иисусов. Иисус рекол: „ако некој мене ми служи, по мене да врви, каде што ќе сум јас, таму ќе биде и слугата мој“. А Иисус го поминал земниот живот во страданија: Тој бил гонет од раѓање до гроб; злобата, од самите пелени Негови, му приготвувала Нему насилна смрт. Достигнувајќи ја целта, таа не се наситила: самиот спомен за Него, сакала да го искорени од лицето на земјата.
По патеката на времените сраданија преминале во вечноста, по стапките на Господа, сите избраници Негови. Невозможно е за нас, пребивајќи во плотски насладувања во исто време да пребиваме и во духовна состојба. Па поради тоа, Господ непрестајно им ја подава на своите возљубени Чашата Своја. Со неа, го одржува во нив мртвоста кон светот и способноста да се живее со животот на Духот. Рекол преподобниот Исаак Сиријски: „човекот, за кого Бог се грижи посебно, се познава по нему непрестајно попуштаните страданија“ (Слово 35).
Моли го Бога да ја отстрани од тебе секоја незгода, секој напад. Не треба дрско да се фрлиме во бездната на искушенијата: тоа е горда самоувереност. Но, кога жалостите ќе дојдат сами по себе – не плаши се од нив, не мисли дека дошле случајно, во зависност од
околностите. Не, тие се попуштени од неиспитливата Божја промисла. Исполнет со вера и родените од неа мажество и великодушие, плови бестрашно посреде мракот и воинствената бура кон тивкото пристаниште на вечноста: тебе невидливо те раководи Сам Иисус.
Со благочестиво, длабоко размислување изучи ја молитвата на Господа, што Тој му ја принесувал на Отецот во Гетсиманската градина во претешките часови, кои му предходееле на Неговите страдања и крсна смрт. Со таа молитва среќавај и победувај секаква напаст. „Отче мој“, се молел Спасителот, „ако е возможно, нека ме одмине оваа чаша, но не како што јас сакам, но како што сакаш ти“ (Мт. 26: 39).
Моли му се на Бога да ги оддалечи од тебе напастите, и едновремено одрекувај се од својата волја, како волја гревовна, волја слепа; предавај се себе си, својата душа и тело, своите околности, и сегашни и идни, предостави ги ближните твои, кои ти се близу срцето, на волјата Божја, сесвета и премудра.
Бдејте и молете се, да не паднете во искушение: духот е бодар, а плотта немоќна (Мт. 26: 41). Кога нè опкружуваат искушенија, треба да се преумножуваат молитвите, за да се привлече кон себе особена благодат Божја. Само со особена благодат можеме да ги победиме сите овдешни бедствија.
Добивајќи одгоре дар на трпение, внимателно бдеј над себе за да ја сочуваш и задржиш при себе Божјата благодат. Ако пак не, грев неприметно ќе се вкрадне во душата или телото и ќе ја изгони од нас благодатта Божја.
Ако пак заради безгрижност и расејаност допуштиш во себе грев, особено оној, кон кој толку е склона нашата немоќна плот, кој ги осквернува и телото и душата, тогаш благодатта ќе отстапи од тебе, ќе те остави сам, непокриен. Тогаш тага, попуштена заради твоето спасение и усовршување, сурово ќе стапнит врз тебе, ќе те сотре тебе жал, униние, очајание, како оној кој го држи дарот Божји без должно благоговение. Побрзај со искрено и решително покајание да му ја вратиш чистотата на срцето, а со чистотата да го вратиш дарот трпение, зашто тој како дар на Духот Свет почива само во чистите.
Светите маченици воспевале радосна песна посреде разгорена печка, оделе по клинци, по оштри ножеви, седеле во котли во кои вриела вода или масло. Така и срцето твое, кога кон себе, со молитва, ќе привлече благодатно утешение, и кога со внимателност ќе го чува при себе, ќе воспева посреде несреќи и лути беди радосна песна, пофалби и благодарења кон Бога.
Ум, очистен од Чашата Христова, станува созерцател на духовни виденија: тој почнува да го гледа сеопфатниот, невидливиот за плотските очи, Промисол Божји, го гледа законот на трулежност во се што трули, ја гледа блиската на сите бескрајна вечност, го гледа Бога во великите Негови дела – во создавањето и пресоздавањето на светот. Земниот живот му се представува како брзо завршено странствување, неговите собитија – како сновиденија, богатствата негови – како кратковремена измама за очите, кратковремена измама за умот и срцето.
Каков е плодот на овдешните страдања, што тие ни го принесуваат за вечноста? Некогаш на светиот апостол Јован му било покажано небото. Еден од небожителите го прашал, укажувајќи на безчисленото собрание на светоносните белоризци, кои го
празнувале пред престолот Божји своето спасение и блаженство: „оние, облеченине во бели облеки, кои се и од каде дошле? А јас му одговорив“, Зборува Јован Богослов: „Господине, ти знаеш“. Тогаш му рече небожителот на Богословот: „тие се оние што дојдоа од големи маки; тие ги испраа облеките свои и ги избелија со крвта на Агнецот. Затоа се пред престолот на Бога, кому му служат во Неговиот храм и дење и ноќе; и Оној, Кој седи на престолот, ќе се всели во нив; и нема веќе да огладнат, ниту, пак, да ожеднат; нив нема да ги пече сонцето, и никаква горештина; бидејќи Агнецот, Кој е среде престолот, ќе ги пасе и води на живи извори водни, и Бог ќе им ја избрише секоја солза од очите нивни (Откр. 7: 13-17).
Отуѓувањето од Бога, вечната мака во адот, вечното општење со демоните и демоноподобните луѓе, пламенот, студот, мракот на геената – еве што е достојно да се нарече беда! Тоа е точно – голема беда, ужасна, неиздржлива.
Кон големата беда нè приведуваат земните наслади. Од таквата беда нè штити, нè спасува Чашата Христова, тогаш, кога тој што ја пие, ја пие со благодарност кон Бога, со славословие на себлагиот Бог, Кој му ја подава на човекот во горчливата чаша на времените страдања, својата безпределна вечна милост.


sv.Ignatij.Brjancaninov3a.jpg(Извадок од едно писмо на светителот Игнатиј Брjанчанинов во врска со неговата статија „Чаша Христова“).


... наместо опширно писмо ви ја праќам, Вам, статијата „Чаша Христова“. Статии со ваква содржина имам напишано петнаесет, назначени за да ја состават книгата: „Мојот дар на моите другари“. Мојот долг за љубовта, што, во таква степен, многумина ја имаат кон мене. Образот на изложението, надворешниот облик, самиот слог, можеби е новост за духовната руска литература. Така бев вдахновен - и јас, едноставно, дејствувам по тоа вдахновение. Сакам книгата моја да е другар, секогаш утешителен, никогаш обременителен. Читателот ќе најде секаде почеток, секаде крај. Ќе посака да ја прочита целата статија, ќе најде општа поврзаност. Сакам, книгата да е удобнопристапна за секого, како другар; исто сакам – гордиот ум да се смирува од висините на вистините и од длабочините на чувствата: другарот мора да биде со карактер...
„Чашата“, со сестричката Ваша, чувајте ја во тајност. Пијте двете од неа духовно утешение во страдањата Ваши. Вие, секако, нема да ми се налутите мене за следново: откако ќе ја прочитате „Чашата“, предадете ја во сопственост на Е. И. – Јас сакав да ѝ напишам, но изнемогнувам, морам да одам да легнам во постела. А, би сакал да не сум во долг пред неа, па, затоа оваа прозба ви ја предлагам Вам...

 

 

Подготви: отец Нил 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная