логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


sv.Ignatij.Brjancaninov2a.jpg
ФАРИСЕЈ
(втор дел)


Господ изрече во светото Евангелие многу заповеди кои носат во себе мисли и чувства совршено спротивни на душепогубното и нечовечно фарисејство. Овие заповеди ја уништуваат основата на која се ѕида фарисејството. Пазете се, рекол Господ, од квасот фарисејски (Мт. 16: 6). Еден од евангелистите ни објаснува дека Господ со зборовите квасот фарисејски го наименувал учењето на фарисеите (Мт. 16: 12), а пак друг евангелист под овие зборови го подразбира нивното лицемерие (Лк. 12: 1). Тоа е едно те исто: од лицемерното однесување израснуваат мислења и учења фарисејски; и обратно, мислите и учењата Фарисејски го создаваат лицемерот, за кого ниеден грев не е страшен, ниедна добродетел не е за почитување. Тој сака да го прикрие секој направен грев, да го оправда, а наместо вистински прави привидни добродетели.

Господ им предал на Своите ученици поведение отворено, искрено, засновано не на лукавството туку на светата мудрост; поведение од кое мора да  зрачи вистинската добродетел, која со својата убавина ќе ги привлекува кон себе погледите и срцата на луѓето. Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен (Мт. 5: 16). Фарисеите спротивно на тоа, посакувале само да изгледаат праведни, покажувајќи се себе си за Божји слуги пред општеството, пред простиот народ. И сега може да се види како фарисеите прибегнуваат кон секакви итрини, за нивните дела, коишто имаат убава обвивка, да блеснат колку што е можно повеќе пред очите на луѓето; а пак своите злодела тие се грижат да ги оправдаат како политичка неопходност, ги маскираат нив со правосудност и мудра претпазливост, или се правдаат дека со допуштањето на помало зло спречуваат поголемо, или наоѓаат други оправданија кои преизобилно се точат од нивните срца преисполнети со лукавство. Господ го забранува таквото поведение со многу силни изрази. Тој вели: Вие се прикажувате пред луѓето за праведни, но Бог ги знае вашите срца: зашто она што е за луѓето високо, пред Бога е мерзост (Лк. 16: 15). Фарисеите сакале со оправданијата да ги прикријат своите душевни страсти, дејствија и плодовите што произлегуваат од нив. Душевните страсти под сенката и свежината на оправданијата обично пуштаат длабоки корења во душата, прераснуваат во дебело дрво, кое ја прегрнува со гранките целата активност на човекот, т.е. страстите проникнуваат во сите негови мисли, чувства и дејствија. Свети Пимен Велики рекол: „Ако на човечката гревовна волја ѝ помагаат оправдувањата, тогаш човекот морално се развратува и гине“.


Во  поведението, во кое не се бара добродетелта безкорисно, со цел да Му се угоди на Бога, а се  бара славата од добродетелите пред очите на луѓето, заради нивното ништожно, непостојано и променливо мислење за нас - човекот е неспособен  да ја спознае верата христијанска, да го прими учењето Христово; За такво нешто потребно е срце кое се признава себе си за грешно, срце кое го исповеда својот грев. Како можете вие да поверувате, им вели Спасителот на фарисеите, кога примате слава еден од друг, а славата, што е од Единиот Бог, не ја барате? (Јован 5: 44). Господ ја одзема од учениците Свои секоја храна која би можела да го потхранува славољубието. Тој сака срдечниот жртвеник да биде очистен од скверниот идол и од сето она што му припаѓа на идолослужењето. Господ заповеда сите добри дела да ги правиме во тајност. И милостињата, по Неговото завештание, треба да биде во тајност! и постот да биде во тајност! и молитвата да биде – во затворената клетка! Нашите добри дела треба да бидат скриени не само од луѓето, ами и од нас самите, не само заради тоа луѓето да не ги растлеваат нашите души со пофалби, ами и заради самото наше срце, за тоа да не ни се додворува и  да не прељубодејствува, нарушувајќи го така светиот сојуз со светото смирение. А ти, кога даваш молостиња, да не знае твојата лева рака што прави десната (Мт. 6: 3). И тоа е малку! Господ ни заповедал да се одречеме од себе во овој кратковремен земен живот, да ги презреме сите самооправданија, и секоја правда заради евангелската правда. Во што се состои евангелската правда? Во страдањата, во крстот! Таму го повикува Својот ученик Спасителот! Таму Тој го прави изборот меѓу повиканите! Таму го одделува плевелот од пченицата! Таму ги запечатува со Својот печат избраните! И кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене. Кој ќе ја запази душата своја, ќе ја изгуби, а кој ќе ја изгуби душата своја заради Мене, ќе ја зачува (Мт. 10: 38, 39).


Браќа! во подножјето на крстот Христов да ги оставиме и погребаме сите сфаќања на светот во однос на честа, навредувањето, понижувањата, загубите, неправедноста, за човечките закони и човечкото правосудие. Да се направиме јуродиви ради Христа! да ги поставиме нашите образи под плуканиците, под шамарите! нашата земна, од стариот човек, чест, нека се покрие со правта на понижувањата! да не погледнеме со сочуство и болка кон нашето тлено богатство: нека го ограбуваат и разнесуваат ветрови, кога тие ќе бидат допуштени! да не ја поштедиме плотта наша во доброволните подвизи и во страдањата неволни! Да се научиме од Господа Иисуса Христа на Неговото таинствено молчание, коешто е највозвишеното богословие и красноречие, зачудувајќи ги со него дури и ангелите! Нему, на Бога воплотениот, светот не му воздаде справедливост: зарем ние треба да ја очекуваме од светот? Да се откажеме од неа во подножјето на крстот Христов! Да не бидеме ѕверови, коишто гризат и повредуваат, кога се нападнати од ловците или од другите ѕверови! Да се уподобиме на Агнецот Божји, во времето на нашето кратко странствување овде на земјата - тогаш и Тој ќе нè направи подобни на Себе во вечноста, каде што нашето блаженство нема да има крај, нити мерка. И овде, во нашето земно прогонство, кај верниот ученик Иисусов доаѓа Духот Свети, Утешителот, подавајќи во неговата душа неискажливо блаженство од идниот живот, кое го одзема чувството на страдање, а воведува невидлива, света наслада која не зависи од луѓето и околностите. Пред таквата наслада сите земни наслади, дури и дозволените - се ништожни.

Главен карактеристичен белег на лицемерот, првата стрела што тој ја пушта кон ближниот е соблазната, и осудувањето на ближниот кое произлегува од неа. Соблазната во намерата на злосторникот честопати е лажна и измислена и служи како оправдан предлог за извршување на злосторството. Соблазната кај него благовремено го приготвува  злосторството и во исто време го оправдува; соблазната пак кај оние кои се сеуште заразени со падот на Адам, и покрај тоа што тие можеби се благонамерни и се стремат кон спасението, е знак на паднатата човечка природа и е недостаток многу важен и упорит. Овој недостаток му противдејствува на покајанието, од кое произлегува – очистувањето. Соблазната е нездрава проценка на слабостите на ближниот, при која тие слабости пораснуваат до неверојатна, неопфатна големина. Соблазната е чедо на самољубието кое се вселило во душата. Таа е туѓа за љубовта кон ближниот и за правилната љубов кон себе. Господ го споредил овој недостаток со греда, за разлика од секој јавен грев на ближниот кој е како раска. Не судете, рекол Господ, за да не бидете судени. Оти, со каков суд судите, со таков ќе бидете судени; со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери... Лицемере, извади ја прво гредата од твоето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на брата си ( Мт. 7: 1-5). Треба да се присилуваме себе си да не ги осудуваме ближните. За да го избегнеме осудувањето треба да се оградиме со страв Божји и смирение. За да ја ослабиме и со Божја помош да ја искорениме од своето срце соблазната од ближните, треба при светлоста на Евангелието да се задлабочиме во себе, да ги набљудуваме своите слабости, своите гревовни стремежи, движења и состојби. Кога нашиот грев ќе ги привлече кон себе нашите погледи - тогаш нема да имаме време за недостатоците на ближните, нема ниту да ги заприметиме. Тогаш сите ближни ќе ни изгледаат прекрасни, свети; тогаш секој од нас  ќе се признае себе си за најголем грешник, за единствен грешник на овој свет: тогаш наширко ќе се отвори за нас вратата и прегратките на вистинското покајание.


    Великиот Пимен кажал: “Ние и браќата наши како да сме два цртежа. Ако човекот гледа на себе, ако ги открива своите недостатоци, тогаш во братот тој ќе гледа совршенство. Ако пак во себе гледа совршенство, тогаш кога ќе го спореди братот со себе, ќе го најде него за полош“. Најголемите Божји угодници посебно се грижеле за да се видат себе грешници, и толку грешни, така што гревовите на ближните, дури и оние јавните и големите, им изгледале ништожни и опростителни. Преподобниот Сисое  му рекол на аввата Ор: „Поучи ме“. – „Имаш ли ти доверба во мене?“ – го прашал авва Ор. „Имам“ – одговорил Сисое. – „Тогаш оди - рекол авва Ор - и прави го она што го правам јас“. – „А што правиш ти, отче?“ – прашал авва Сисое. Старецот рече: „Јас се гледам себе си полош од сите луѓе“.


  Ако човекот ја достигне онаа состојба, кажал Пимен Велики, за која апостолот напиша:  за чистите сè е чисто (Тит. 1: 15), тогаш тој ќе се види полош од сите творби. Еден брат го прашал старецот: „Како можам да мислам за себе дека сум полош од убиец?“ Пимен му одговорил: „Ако некој ја достигне таа состојба за која говори апостолот, и ако види пред себе некој што извршил убиство, тој ќе каже: овој човек еднаш изврше убиство, а јас се убивам себе си секојдневно“. Братот му ги прераскажал зборовите на Пимен на друг старец. Старецот рекол: „Ако човекот дојде до таква чистота и ако го види гревот на братот, тогаш неговата праведност ќе го покрие сторениот грев“. Братот пак прашал:
„Каква праведност е тоа?“. Старецот одговорил: „непрестајното самообвинување“.


Еве ги вистинските слушатели и исполнители на Законот евангелски! Изгонувајќи ги од своите срца осудувањето и  соблазнувањето, тие се исполниле со света љубов кон ближните, изливале врз сите милост и со милост ги лекувале грешниците. Кажано е од светите отци за Макариј Египетски Великиот, дека тој бил како земен бог - со таква великодушна милосрдност тој ги поднесувал недостатоците на ближните. Авва Амон вникнувајќи непрестајно во себе и разобличувајќи ја душата своја во нејзините слабости, дошол до длабоко смирение и света простота. Од големата љубов кон ближниот, тој не гледал зло во него, заборавал дека злото постои. Еднаш донеле пред него – бидејќи тој бил епископ – една девојка, која била бремена, и му рекле: „Оној согрешил со неа, дај им епитимија“. Амон, прекрстувајќи го стомакот на девицата, заповедал да ѝ дадат шест пара покривки и рекол: „Кога ќе дојде време да роди, да не умре случајно, или таа, или детето, па да имаат во што да ги погребаат“. Оние што ја обвинувале девицата, му одговориле: „Тебе што ти е? Дај им епитимија!“. Тој одговорил: „Браќа! таа е блиску до смртта! Што уште треба да правиме со неа?“ – и ја отпуштил.


Дошол еднаш авва Амон во некое место каде што живееле монаси за да раздели со браќата трпеза. Еден од браќата кои пребивале таму многу бил растроен во своето поведение: него го посетувала некоја жена. Тоа го дознале браќата; тие се смутиле, се собрале да се посоветуваат, и решиле да го истераат братот од неговата келија. Дознавајќи дека епископот Амон се наоѓа тука, дошле при него и го помолиле и тој да дојде да ја прегледаат заедно келијата на братот. Дознал за тоа и братот, и ја скрил жената под едно големо дрвено буре, превртувајќи го наопаку. Авва Амон го разбрал тоа и заради Бога го скрил гревот на братот. Доаѓајќи со браќата во келијата, тој седнал врз бурето и заповедал да ја пребараат келијата. Келијата била пребарана, а жената не била најдена. „Што е ова? – прашал авва Амон – Бог да ви го прости вашето прегрешение“. Потоа тој се помолил и им рекол да излезат. После браќата излегол и самиот. Излегувајќи, тој милостиво ја зел раката на братот и му рекол со љубов: „ Брат! Биди внимателен кон себе!“. Така светиот Амон се одалечувал од секое осудување и така ги лекувал грешниците, омекнувајќи ги со милост нивните срца, и со милост приведувајќи ги кон покајание.

Колку што Господ нè отргнува од пропаста на соблазната и осудувањето; колку што вистинските слуги Господови се одалечуваат од оваа страшна и погубувачка бездна: толку, напротив, ѓаволот не влече во неа, прикривајќи ја со различни оправдувања. Едно од сатанските оправданија е безрасудната ревност, која од многумина е прифатена за ревност по благочестие, за света ревност. „Човекот, кој е воден од безрасудната ревност - вели свети Исаак Сирин - никогаш не може да достигне мир во помислите. Чуждиот на таквиот мир, чужд е и на радоста. Ако мирот на помислите е совршено здравје, а ревноста е противна на мирот: тогаш тој што има ревност лукава, боледува од голема болест. О човеку! Мислејќи дека се распалуваш со справедлива ревност против слабостите на другите, ти го губиш здравјето на сопствената душа! Ако сакаш да ги лекуваш другите, тогаш разбери, болните повеќе имаат потреба од внимателна грижливост, одколку од жестокост. Притоа, кога ти не им помагаш на другите, самиот себе се фрлаш во тешка болест. Таквата ревност кај човекот е знак не на премудрост, но е знак на недостаток, тоа е болест на духовниот разум, знак на големо незнаење. Почеток на Божјата премудрост е – тихоста и кротоста, својствата на големата и крепка душа, кои се појавуваат во неа од правилниот образ на помислите, и која ги носи слабостите на луѓето“ (Слово 89).


Гревот  на соблазната и осудувањето толку е удобен за погубување на луѓето и затоа е така возљубен од ѓаволот, така што тој не се задоволува само со возбудувањето во нашето срце на лукавата ревност која е туѓа на евангелскиот разум, со возбудувањето на гордите помисли кои секогаш се соединети со унижување и презирање на ближниот, но и создава јавни замки за да ги улови невнимателните во гревот на соблазната и осудувањето. Авва Пимен зборувал: „Во писмото е кажано: Што видоа твоите очи, зборувај (Прик. 25:8). Но јас ви советувам да не зборувате не само за тоа што сте го виделе, а дури и за тоа што го допреле вашите раце. Еден брат беше измамен на следниов начин: му се прикажувало дека братот негов греши со жена. Долго тој се борел сам со себе; на крај, приближувајќи се, ги клоцнал со ногата, мислејќи, дека навистина тоа се тие, и рекол: престанете, не ви е ли доста? Но се покажа дека тоа биле снопја од жито. Затоа ви реков: не обличувајте дури ако сте се увериле со своите раце“ ( Азбучен Патерик).
Гревот на осудување така му е противен на Бога, што Тој се одвраќа и од своите угодници кога тие ќе си позволат да го осудат ближниот: Тој им ја одзема Својата благодат, како што се гледа тоа од многуте примери, сочувани од црковните писатели за полза и надзидување на Христијаните. Никаква праведност не ни дава право да го осудуваме братот кој греши, на кого Господ може да му дарува вистинска праведност, на многу поголема од таа, која мислиме дека ја имаме кај себе. Ние можеме да бидеме праведни само со правдата Божја; кога го осудуваме ближниот, токму со тоа ја отфрламе правдата Божја, ја заменуваме неа со правдата своја, или поточно со болестта – фарисејство. Оној што го осудува ближниот, го краде она што му припаѓа на Бога: судот над Неговите созданија - го краде она што му принадлежи на Христа, Којшто ќе им суди на живите и мртвите во последниот ден.

Дивниот Јован Савваит раскажувал за себе: „Во времето, кога живеев во пустината недалеку од манастирот, дојде да ме посети еден брат од таму. Јас го прашав: Како живеат отците и браќата? – Добро по твоите молитви - ми одговори тој. Потоа го прашав за еден брат, за кого се ширеа лоши гласини. Тој ми одговори: Верувај ми, тој брат продолжува да живее како порано. Кога го слушнав тоа, јас реков: Ох! – и веднаш излегов од себе. Се видов себе си како стојам на Голгота во Иерусалим. Нашиот Господ стоеше на Голгота помеѓу двајцата разбојници. Јас потрчав да му се поклонам Нему. Тогаш – Господ им се обрати на ангелите кои стоеа покрај Него и им рече: Истерајте го одовде, бидејќи во однос на Мене тој е антихрист; нечекајќи го Мојот суд, тој го осуди братот свој.


Во времето кога ме истеруваа низ вратата, мојата мантија се заплетка и беше задржана од нив. Доаѓајќи во себе, јас му реков на братот што беше ме посетил: Горчлив е за мене овој ден. Тој праша: Поради што отец? Јас му го раскажав виденото, и додадов, дека соблекувањето на мантијата означува одземање од мене на покровот Божји и помошта Божја. Од тој ден јас се задлобочив во пустињата, и скитав во неа седум години, не употребувајќи леб, не влегувајќи под покрив, и не разговарајќи со никого. По поминувањето на тоа време, јас повторно го видов Господа: Тој ми ја врати мојата мантија“.


Браќа! да бидеме внимателни кон себе! Да се потрудиме да се очистиме не само од страстите телесни, но и од страстите душевни: од суетноста, зависта, злобата, среброљубието, и од други слични недостатоци, коишто се движат и дејствуваат како што изгледа само во душата, без учество на телото, и затоа се нарекуваат душевни. Реков „како што изгледа“ затоа што тие имаат влијание и на телото, но префинето, неприметно и непостижно за мнозинството. Кога сме внимателни кон себе и кога се очистуваме од овие страсти, тогаш постепено се вселува во нас љубовта кон ближните, а од неа пак ослабува и се уништува чуството на соблазната и осудувањето на ближните. Непрестајно да помниме, дека нема правда угодна на Бога, надвор од сокрушеноста на духот. Да ги оправдуваме секогаш ближните, а да се осудуваме самите себе, за да ни ја дарува Бог својата милост и својата благодат. Тој им ги дарува овие дарови само на смирените и милостивите. Амин.


Подготви: о.  Нил

Друго:

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная