логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 (09.02.2011)


      На грешникот ништо не му е покорисно од постојаното држење на гревовите пред своите очи, од што почесто покајничко расположение и преиспитување на себеси. Ништо не може толку да го смилува гневот Божји: ниту постите, ни бдеењата, ниту било што слично.

      За да бидеме љубени од Бога, мораме да ја развиваме душевната убавина, секојдневно измивајќи ја секоја нечистотија со читање на Светото Писмо, со молитвите, милосрдието и едномислието меѓу нас.

      Оној, кој сака да Му угодува на Бога, да пребива во добродетелта и чистoтата, насушно е потребно да не води мирен, пријатен и безгрижен живот, туку тежок живот, исполнет со многу трудови и подвизи.

      Зошто световната жал предизвикува смрт? Причината е во тоа што жалоста обично доведува или до сомнеж, или до погубно богохулство.

      Сакаш ли да бидеш ист со апостолите? Знај дека ништо не ти стои на патот: доволно ти е само да ја исполниш добродетелта на милосрдието и во ништо да не заостануваш зад нив.

      Без девственост може да се здогледа Царството небесно, а без милосрдие нема никакви можности за тоа.

      И живеејќи во градот може да се достигне мудрољубието на пустиножителите; и мажената жена и бремената жена може да се моли, да пости, да постигне умиление.

      Каква е вистинската полза од земните наслади? Денес тие се, а утре не се; денес преубав цвет, утре расеан прав; денес распален оган, утре оладен пепел.

      Тежнееш ли кон своето спасение? Немој тоа да го докажуваш со зборови, туку со делата свои. Затоа потруди се да го смениш својот живот, бидејќи неверникот ќе те праша: „Како да знам што заповедал Бог и што е дозволено да се прави? Бидејќи еве, ти си роден христијанин и човек воспитан во толку прекрасна вера, а ништо корисно не правиш.“ И што ќе речеш ти?  Нема сомнеж, ќе понудиш ваков одговор: „Ќе ти покажам други луѓе, кои според заповедите живеат: монаси, оние кои во пустините се подвизуваат и се свети.“ Но, зарем не ти е срам, сметајќи се за христијанин, да укажуваш на други, како да не можеш да докажеш дека и самиот правиш христијански дела? Неверникот во истиот миг ќе ти возврати: „Зошто морам да одам во високите гори и пустини? Ако не е можно во градовите мудрољубиво да се живее, тоа може да биде големо обвинение против христијанскиот живот, бидејќи за неговото остварување потребно е да се напуштат градовите и да се бега во пустините.“

      Сѐ прави заради покорување на Бога и како сѐ да преземаш поради Него. Ова е доволно да не допуштиш да те обземе каква било соблазна или во твојот живот да завладее неред.

      Во телото Бога Го прославува оној кој не се оддава на блуд, кој не се прејадува, не се грижи за надворешно украсување, кој за себе се грижи само толку колку што е неопходно заради здравјето, кој не прави прељуби. Истото го прави и жената која не става на себе секакви јаки мириси, не го украсува со бои лицето свое, која е задоволна со изгледот даруван од Бога и не му додава ништо неприродно.

 

Свети Јован Златоуст

Извор: МПЦ



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2080
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2096
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 541
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

14/05/2026 - четврток

+Светиот пророк Еремија; Преподобниот маченик Акакиј Влечкар; Свети Пафнутиј Боровски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная