логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Војската

 Војниците кои војуваат за делото Божјо, одат по патот на мачеништво. А нашата војна е навистина дело Божјо.
Вие сте – идни војници! Работа на војникот е да стои цврсто и секогаш да биде спремен да се најде во тесно со непријателите, не жалејќи се себеси и не попуштајќи пред нив. Сега. После очистувањето на совеста – причествуањето со Светите Христови Тајни – и во обична состојба мора да се појави одушевување. А кај војникот, одушевувањето го прави брз и силен борец, кој руши сè што ќе му се најде на патот.
За војни и војни, Бог често видливо го покажувал својот благослов и во Стариот и во Новиот Завет. И кај нас, колку се само кнезови кои непрестано војувале и имаат прославени мошти?.. Во Киево-Печерската Лавра и пештерите постојат мошти на војнил. Војуваат од љубов кон своите, за тие да не би биле заробени и изложени на насилство на непријателите. Што правеле Французите по Русија? И како тогаш да не се војува со нив...
Дали воената обврска спаѓа во делата Божји? Меѓу делата Богоодредени И од Бога наградувани? Да!.. И ми се чини дека би требало да се постави малку понапред и погоре... Сега судете – луѓето ја исполнувале својата должност, ги затекла ненадејна смрт и отишле во другиот живот. Како таму ги дочекуваат. Секако, без прекор... и при тоа како оние кои ја извршувале својата должност...
Војничкиот живот го исправува човекот, го запознава со сиромаштијата и го учи на трпение. Но секако  сè зависи од самиот војник.
По мое мислење, војничката кариера е најдобра. Нашата наука често е речиси сосема запуштена. Судовите се занимаваат со извртување на тасовите на правдата. Останува животот на приватен земјопоседник, кој околу себе прави добра колку што може, или да се оди во воена служба... И војниците понекогаш имаат свои хирови, но топовите сето тоа го избиваат од глава; таму секој дури и неволно се сеќава на Бога и се крсти.
Војничкиот пат е најдобар – чист, чесен. Самопожртвован.

Науката и знаењето

Знаењето не оптеретува. Појасно ќе го гледате патот по кој да одите понатаму , и тоа не само за себе, туку и на другите ќе им го покажувате патот.
Знаењето никогаш нема да представува преголем терет. Може да постои опасност од тоа душата да се разбие живеејќи 4 години опкружена со младина која нема со целиот свој состав да биде од истиот дух; тоа е секогаш така но, исто така, секогаш тука ќе се најдат не само добри, но и одлични младичи, кои умеат да го чуваат својот духовен живот во полна сила, а при тоа надворешно посебно да не се издвојуваат.
Како можело да ви падне на памет, дека читањето на Божественото Писмо наводно ве одвлекува од науката. Од науката одвлекува лутањето на мислите, необузданоста на р’ѓавите желби, мрзливоста и примамливоста на безгрижниот живот. Тука треба да се воздржувате, а ништо толку не помага сè лично да се изгони, како читањето на Светото Писмо и другите добри книги.
Учењето не ги притиска плеќите. Тоа не е препрека во животот. Науката е наука, а животот – живот. Учете и при тоа држете се како доликува до оној кој решил да му угодува на Бога. Тоа што Богоугодувањето бара, може да се исполнува и со редовни занимавања.
Теориите се лична работа на оние кои учат; фактите се заедничко наследство. Вистинска теорија може да биде само онаа која е согласна со христијанските вистини.
Секоја научност оладува. Од тоа не е исклучена дури ни богословската наука, иако тука оладува пристапот кон предметот, а самиот предмет понекогаш и неожекувано може да го допре срцето. Научноста е од душевен, а молитвата од духовен карактер. Затоа не се согласуваат. А што се однесува на секојдневните работи, тука и нема што посебно да се зборува, посебно кај оној кој за жал има бујна природа.
Тоа што го знаете – секогаш говорете го: Зашто тоа што го имате не е ваше, туку Божјо... и треба да го поделите. Само не треба да се биде наметлив...
Треба да се чува срцето да не се врзува за светски сласти. Уживањето во тие сласти го гаси огнот на духот, додека учестувањето во било што без тоа уживање само го распалува духот, а не го гасни. И вашето занимавање со хемија е како дување кое не го гаси, а го распламтува. Ми падна на памет да ви кажам: зошто би ја отфрлиле таа професија? Тоа може да ви го замени ракоделието. Се сеќавам дека ви пишував поинаку, не разбирајќи ја вашата работа. Но судејќи по она што го правите, јас тука не гледам ништо спротивно на духовниот живот. Погубен есамо страстниот пристап; но, мислам дека тој може да се разбере. А мирното занимавање со хемијата не може да донесе ништо лошо, посебно ако разни процеси се протолкуваат во духовна смисла, или ако во нив се види одраз на пројава на духовниот живот. И хемијата е дело од книгата Божја – во природата. Тука не може да не се види Најпремудриот... и најнесфатливиот Бог.
Вашите научни работи, велите, ве одвлекуваат од молитвата и ве оладуваат. Тоа е нормално. Сите душевни занимавања од тој вид – и работните потфати од сите видови, и научна дејност, и уметничките дела – ја имаат истата таа особина. А и да не зборуваме за оние работи кои се подолу. Постои еден начин тоа да се избегне – сè да се посвети на Бога, според начелата на вистината која Тој ја открил, не дозволувајќи си себеси било каков пристап кој е спротивен на тоа, туку напротив, сè да се насочува кон нив за потврда.

 

 bogorodica.k.dol.jpg

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 

   Св.Теофан Затворник : 1.Молитвата – дишење на духот (Речник на христијанскиот живот - 69)


 Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Подготви: Златко  Дивјаковски

 

Друго:Житие на свети Теофан Затворник

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2075
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2092
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 538
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная