логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Priroda.Makedonija.jpg

Осудување на другите- Извадок  на мудри изреки од Светите Отци за духовниот живот

  • Тивките и смирените луѓе се судии на своите дела, додека брзите луѓе ги испитуваат туѓите дела. (Св. Григориј Богослов).
  • Секогаш сме подготвени да обвиниме друг, а да го исправаме она за што сами сме криви и што е наша одговорност. За тоа сме секогаш спори! (Св. Златоуст)
  • Често човечкото судење на другите е слично на ова: кога господарот не ја исчистува својата куќа и покуќнина од кал и ѓубре, а ќе почне да ги напаѓа оние кои му доаѓаат дома калливи и валкани.Ние сакаме и бараме другите да бидат совршени и човечни, меѓутоа не ги поправаме своите мани и недостатоци. (Тома Кемпијски)
  • Повеќе сме склони да му замеруваме на ближниот за неговите  маани и недостатоци, отколку да ги осознаеме и да ги исправаме сопствените маани и недостатоци. (Мат. 7, 3)
  • О! Колку сме ние склони да ги осудуваме постапките на ближниот пред да ги провериме. А тоа се разбира се случува затоа што ние самите во нашите дела секогаш повеќе внесуваме нечисти побуди и цели.Чистата душа не верува лесно во можноста за неправедни дела. (св. Филарет, Митрополит Московски)
  • Кој што не е расположен за зло тој не е способен ниту за презир. (Св. Григориј Богослов)
  • Добриот човек ги смета сите луѓе добри, а лошиот и лукавиот не само лошите туку и праведните (во духовен смисол) ги презира, ги укорува, осудува и хули.Оној кој што има чисто срце, тој сите луѓе ги смета за чисти и поштени; но оној кај кој што срцето е осквернавено со страсти, тој никого не го смета за чист, туку си мисли дека сите луѓе се слични како него. (Ава Исаија)
  • И доблестите и пороците го прават умот слеп; во првиот случај (кај доблестите) умот не ги гледа пороците кај ближниот, во вториот случај (кај пороците) тој не ги гледа доблестите. (Ава Евагрије)
  • Лошиот и порочен човек мисли дека сите луѓе се такви, каков што е тој самиот. И тоа е природно, како што е природно човекот кој што страда од болеста која се нарекува жолтица сите работи да ги гледа обоени во жолта боја. (Петар, Епископ Томски)
  • Фрлете каква и да е работа во смрдлив сад, и таа работа ќе дава лош мирис. Истото тоа се случува и со постапките на другиот во душата на лошиот човек. Тој мисли дека во светот воопшто нема добар човек, ни добри луѓе. Крадецот и другите ги смета за крадци; лицемерот не допушта да има искрено побожни луѓе; оној кој што е роб на телото не сака да верува дека е можно да се сочува непорочноста и невиноста на душата и телото. (Филарет, Архиепископ Черниговски)
  • Кога ние не би имале недостатоци, маани и слабости, тогаш во нас не би постоело такво задоволство да ги забележуваме и да ги наоѓаме кај другите.
  • Не се труди да истражуваш и да дознаваш за туѓите дела, затоа што и во тебе самиот ќе се најде истото тоа поради што го презираш другиот. (Св. Нил Синајски)
  • Да бидеме многу внимателни спрема себе тогаш нема да се осудиме да им се подсмеваме на другите, поради самиот факт што и во нас самите има многу такви нешта поради кои што им се потсмеваме на другите. ()
  • Слепиот човек не се осудува да му се смее на сакатиот.
  • Суди и осуди се најпрво себеси, доколку сакаш да осудуваш друг. (Кирил, Епископ Мелитонски)
  • Доколку би биле непристрасни спрема самите себе, тогаш би постапувале поправедно према другите.Длабоко упатените и искусни луѓе во моралниот живот во сите времиња забележувале еден закон на взаемност; оној кој што е строг према себе, тој е снисходлив према ближните, а кој е снисходлив према себе, тој е строг према ближните. (Анастасије, архиепископ Воронешки)
  • Колку некој построго и понепристрасно суди за своите сопствени дела, толку е поснисходлив и воедно пореално суди за постапките на своите браќа околу него.Колку што е некој подалеку од лошите дела, толку поискрено ги сожалува лошите луѓе.Вистинските слуги Христови знаат од искуство колку е тешко да се бориш со страстите и како и покрај цела своја желба да не направат нешто лошо, лесно се случува она што не сакаат; затоа тие се снисходливи према другите и строги према себе. (Филарет Черниговски)
  • Ништо толку не ја обелоденува нашата душевна чистота, а воедно ништо така не сведочи за непознавањето на нашата духовна состојба како нашето осудување на нашите ближни.Навиката да се осудуваат ближните е дело на душата која што нималку не се грижи за своето сопствено спасение и која воопшто не се познава самата себе. (Филарет, Архиепископ Черниговски)
  • Човекот кој што ги осудува другите личи на огледало кое отсликува се во себе, а себеси не се гледа. (Св. Димитриј Ростовски)
  • Братот го прашал авва Стратигие: „Зошто јас ги осудувам браќата?“ а старецот му одговорил: „Затоа што сеуште не си се спознал самиот себе; затоа што тој што се познава и се гледа самиот себеси не ги гледа недостатоците на својот брат.“
  • Зошто ги осудуваме нашите ближни? Затоа што не се трудиме да се осознаеме самите себеси. Оној кој што е зафатен со спознавањето на самиот себеси, тој нема време да забележува работи кај другите. (Св.Серафим Саровски)
  • Тој кој што ја чувствува тежината на сопствените гревови, тој не обрнува внимание на гревовите на ближниот. (Авва Мојсеј)
  • Оној кој што непрекинато размислува за своите гревови, тој нема јазик за да зборува за делата на било кој друг човек. (Авва Исаија)
  • Опоменувајќи се себеси за сопствените гревови, никогаш нема да помислиме на туѓите.
  • Доколку внимаваме на своите гревови нема да обрнуваме внимание на гревовите на другиот. Лудост е да се остави својот мртовец  и да се оди да се плаче над мртовецот на ближниот. (Авва Мојсеј)
  • Кога би се интересирале за својата душа, кога би ги знаеле своите гревови, своите душевни болести, својата духовна голотија, не би ни паднало на памет да се распрашуваме за соседот. Кога гори нашата куќа, тогаш трчаме да спасиме што се може (доколку на може се); тогаш не се води разговор за соседот. (Филарет Черниговски)
  • Осудувајќи се себеси ќе престанеш да ги осудуваш другите. (Авва Јован)
  • Непрестајно гледај ги своите гревови и нема да ги осудуваш другите.Доволно ти се твоите зли дела, нема потреба да ги гледаш туѓите гревови. (Св.Димитриј Ростовски)
  • Спознај се себеси и тоа е доволно за тебе.Кога гледаш дека братот греши, никако не го осудувај, туку речи си во себе: И јас самиот не сум без грев, па какво право имам тогаш да го осудувам другиот? (Кирил, епископ Мелитонски)
  • Не го осудувај другиот туку потруди се самиот себеси да се поправиш, самиот ти да не бидеш достоен за осуда. (Св. Златоуст)
  • Да се воздржиме од судењето на другите; да ги осудиме нашите грешки и гревови.Судејќи им на порочните луѓе, ние се осудуваме самите себеси, затоа што и ние не сме ослободени од гревови.Да се плашиме некогаш да не не изобличат нашите сопствени зборови.Оној кој што ги осудува другите, удира печат на своите сопствени лоши дела. (Св.Марко Посник)
  • Кога ќе ги прикриеме грешките на нашиот брат, и Бог ќе ги прикрие нашите; а кога ќе ги обелодениме гревовите на братот тогаш и Бог ќе ги објави нашите гревови. (Авва Пимен)
  • „Еве еден од најкратките патишта кој што води до простување на гревовите“, зборува Св.Јован Лествичник, имено: „да не судиме! Доколку не судите и вам нема да ви биде судено“  (Лука 6:37)-Еве го патот на спасението без пост, без бдеење и без многу труд!“ потврдува Св.Атанасиј Синаитски. Тој раскажува како очевидец на настаните, како еден брат кој бил мрзлив, при својата смрт видел како неговите Ангели за една негова доблест- затоа што никогаш никого не осудувал-го искинале списокот на сите негови безаконија и ја исполниле неговата душа со небесна радост, при нејзиното излегување од неговото тело.
  • Воздивни при грешките на ближниот за воедно со тоа да воздивнеш и за себе; затоа што сите сме виновни заради нашите гревови и подлегнуваме на казна. (Св.Нил Синајски)
  • Оној кој што верува дека по излегувањето од телото ќе мора да се претстави пред Судот Божји, тој ни во каков случај нема да го осудува ближниот, затоа што и самиот ќе биде должен да одговара пред Бог за сите свои дела. (Авва Исаија)
  • Не гледај ги туѓите гревови, туку гледај ги своите лоши дела, затоа што за првите нема да се суди, но за своите дела сигорно ќе одговараш. (Св.Димитриј Ростовски)
  • Дури и да си исчистен од гревови, не му суди на ближниот за неговите гревови, за да со самото тоа судење и ти не паднеш во грев.
  • Не му суди на другиот за гревови, туку избави се самиот себеси од грев и судење.
  • Не осудувај го блудникот, па дури и ти да си невин, затоа што и ти самиот, како и тој, ќе го прекршиш законот ако го осудиш. Затоа што оној кој што рекол: „Не врши прељуба“ (Матеј 5:27), исто така рекол: „Не суди“ (Матеј 7:1)
  • Нека си и праведен, сепак не треба да го осудуваш грешниот, затоа што да кажеме твојот минат живот можеби бил без тие гревови кои што сега ги наоѓаш кај ближниот и за кои што сега би сакал да му судиш, но за твојот иден живот и живеење не можеш да гарантираш дека нема да погрешиш.
  • „Јас познавам една личност која што секогаш паѓаше во исти гревови, за кои што ги осудуваше другите.“
  • Кога не се наоѓаш во некој грев, можеби во него си бил претходно; доколку не си бил, можеш да бидеш и можеш уште повеќе да погрешиш од твојот ближен кого го осудуваш за тој грев.
  • Нема грев кој го направил човек, а кој не би можел да го повтори било кој друг човек.
  • Сите подлегнуваме на исти случаеви. Ближниот твој денес, а утре можеш истото тоа ти да го направиш, ако не со дело тогаш со збор или со мисла. (Св.Тихон Зидонски)
  • Што му се случило на еден, истото може да му се случи и на друг.Кога видел Свети Авва Агатон каква помисла и недело го терала да суди, си говорел на самиот себеси: „Агатоне, немој да го правиш тоа!“ И тогаш таквата помисла го напуштала.
  • Судејќи му на ближниот, а немајќи во себе потребно чувство на смиреност и чување на самиот себе, наскоро можеш и самиот да паднеш во истите оние гревови за кои што си ги осудувал другите и сеуште ги осудуваш.

 Подготви:      Светлана Димовска



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная