логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Dejan.Bogojavlenie.jpg

Како што луѓето, кои го изгубиле својот вид, имаат потреба од спроводници, за да не паднат од незнаење во некоја јама и да пострадаат, така и луѓето, на кои очите на духот им се помрачени, имаат потреба од наставници во благочестието и верата, зашто, поради своето незнаење, ќе паднат во бездната на злобата и ќе загинат. Во древноста, целиот човечки род страдал од духовно слепило, затоа Го изоставил вистинскиот Бог и се поклонил на лажни богови. Лекарот на телата и душите, им ги дал на луѓето законот и пророците, за да го излекува нивното слепило и да ги раководи во познание на Бога. Меѓутоа, тие го отфрлиле лекарството на законот и пророците – ги затвориле очите и ги затнале ушите, за да не се обратат кон Господа! Божјиот Син, Исус Христос, откако видел, дека грешноста на луѓето не се излечила преку законот и пророците, Самиот слегол од небото; се родил од Света Дева Марија, го посрамил ѓаволот преку Својот крст, ја пленил потоа смртта, преку Своето воскресение дарил мир на блиски и далечни и сите ги довел до познание на тоа, дека Он е Бог. „Смрт, каде ти е осилката? Пеколу каде ти е победата?“ (1. Кор. 15,55). Тоа е дар и блаженство за луѓето од Бога!

Присуството на земниот цар, каде и да е, доставува радост и задоволство за присутните околу него. Овде, пак, присуствува небесниот Цар, слезен од небото на земјата, затоа треба да се радуваме не само ние, кои присуствуваме на Неговото јавување, но треба со нас да торжествува и целата земја. Ако при изгревот на сонцето, сè се осветлува – при изгревот на Сонцето на правдата не ќе ли се просвети секоја душа?! Мислено да застанеме пред Јордан и да го видиме Таинството, кое се извршува во него! „Морето виде и избега; Јордан се врати назад“ (Псал. 113,3). Да го видиме Јован, кој го извршува крштението над Оној, Кој ги зема врз Себеси гревовите на светот. Да Го видиме и Отецот, Кој одозгора сведочи за преславното снисходење на Својот Син. Да Го видиме и Духот Свет, Кој слегува во вид на гулаб и застанува врз Посведочениот. О, преславни чудеса на преславниот Цар! Како гнилежната рака, која се допрела до главата на целата вселена, не се обгорила? Кој видел и кој чул некогаш, сено да се допре до оган и да не биде повредено од пламенот? Навистина блажена и трипати блажена е таа фиданка на Захарија и Елисавета! Блажени сме и ние, кои Го гледаме Единородниот Син Божји, Кој е Светлината на светот, која го распрснува мракот на ноќта – делата на темнината. Блажени сме и ние, дека ќе ги видиме нашите телесни рожби и духовно да изгреваат од светиот купел, подобно да ѕвездите небесни, и наполно да се приопштат кон светата Црква, О, Оче, и Слово, и Духу Свети, троична суштино, и сила, и волја, и дејствие, удостој нè нас, кои ги исповедуваме Твоите неслиени и неразделни ипостаси – лица, да застанеме од десната страна, кога ќе настапи страшниот и праведен суд на целата вселена!

 

Подгорви: „Порталџија“



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная