Св. Јован Лествичник- ЗА ОДРЕКУВАЊЕТО И ОДВОЈУВАЊЕТО ОД СУЕТНИОТ ЖИВОТ
Бескорисни слуги се оние, кои што се сметаат себе си за крстени, а заветот на крштението не го исполниле како што треба.
Отуѓени, пак, од Бога и непријатели Божји, мислиме дека се оние што во Бога не веруват или веруваат искривено.
Богоборци пак, се оние кои не само што сами ги прекршиле и отфрлиле заповедите Господови, туку со сета сила се борат и против оние кои што ги исполнуваат.