логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Георгиј Флоровски

ЗА ПРИЧИНАТА НА ВОПЛОТУВАЊЕТО
Јас Сум Алфа и Омега
(Откровение 1: 8)


I
Христијанското благовестие првично претставувало вест за спасението, и за Господа сведочеле, пред сè, како за Спасител Кој ги искупил Своите луѓе од ропството на гревот и од тлението. Ранохристијанското богословие го разгледувало Воплотувањето во перспективата на искупувањето. Древната Црква морала да се бори против погрешните претстави за Личноста на Христос, и таквите претстави таа жестоко ги критикувала и ги отфрлала, зашто постоела опасност таквите гледишта да ја поколебаат верата во искупувањето на човекот. Смислата на спасението Црквата го гледа во воспоставувањето на нарушената врска на човекот со Бога, а тоа значи дека Искупителот е истовремено и Бог и Човек: во спротивно, воспоставувањето на таа врска не би било возможно. Таква е основната мисла на св. Атанасиј во полемиката со аријаните, на св. Григориј Богослов во борбата со аполинаризмот и на другите црковни писатели од ИВ и од В век. „Се спасува она што се соединува со Бога“ – вели св. Григориј Богослов. Отците на Црквата постојано ја истакнувале искупителната смисла на Воплотувањето. И причината и целта на Воплотувањето ги дефинираат како искупување на човекот и негово враќање во првичната состојба, изгубена по падот во грев. Воплотениот ги поништил и ги израмнил гревовите на човештвото; тоа можел да го направи само Тој, зашто истовремено имал и Божествена и човечка природа.

Од друга страна, не треба да се тврди дека отците на Црквата спасението го сметале за единствена причина за Воплотувањето, односно дека претпоставувале дека, во случај човекот да не беше согрешил, не би имало ни Воплотување. Отците на Црквата не го поставиле прашањето во таква форма. Проблемот на првоначалната причина за Воплотувањето во таа епоха воопшто не се разгледувал. Отците на Црквата не ја отворале темата на врската меѓу тајната на Воплотувањето и првоначалната причина на Создавањето и никогаш специјално не се занимавале со тоа прашање. „Навистина, мора да се забележи дека идејата за Воплотувањето коешто не е поврзано со падот во грев, целосно се совпаѓа со општата устроеност на византиското богословие. Некои кажувања на отците сведочат дека тие биле свесни за тој проблем и дека, веројатно, го анализирале.“ Тие „кажувања на отците“ допрва треба да се соберат и да се проучат. Со цитати од истите тие отци може да се докаже и спротивното мислење. Не е доволно само да се изберат цитати, да се извадат од контекст и да се игнорираат приликите во кои биле напишани делата. Голем број „кажувања на отците“ имаат конкретна полемичка насоченост: тие, избрани „по случаен избор“, треба да се користат со најголема претпазливост и прецизност. Вистинската смисла на секоја забелешка можеме да ја утврдиме само од контекстот, земајќи го предвид целосниот светоглед на авторот.

II
Руперт од Дојтц († 1129), судејќи по сè, бил првиот од средновековните богослови кој формално го поставил прашањето за причината на Воплотувањето. Неговата идеја се состоела во тоа дека Воплотувањето било дел од исходниот план за Создавањето и, следствено, не било поврзано со падот во грев. Со Воплотувањето, според неговото сфаќање, завршила исходната творечка замисла на Господа: тоа самото претставувало цел, и воопшто не било само спасително лекарство за човечките гревови. Гонориј Отенски († 1152) го делел истото мислење. Најистакнатите латински лекари од ЏИИИ век – како што се Александар од Гелс и Алберт Велики – исто така сметале дека пристапот кон Воплотувањето како независно од падот е најприфатлив.

Јоханнес Дунс Сцотус (Џон Дунс Скот) (ч 1266–1308) врз основа на таквиот пристап разработил цела концепција со крајна точност и со совршена логика. За него, Воплотувањето неповрзано со падот во грев не само што е најверојатната хипотеза, туку е и суштинска точка на вероучењето којашто постојано треба да се има предвид. Според неговото поимање, Воплотувањето на Синот Божји е – причина на сето Создавање. Во спротивно, сметал тој, ова величествено дејствие Господово би било во извесна смисла непредвидливо и „случајно“. Ако причината за доаѓањето на Христос е во падот во грев, би следувало дека величественото Божјо дело е само случајност, но славата на сета твар не е поголема од славата на Христос, и затоа е невкусно да се претпостави дека Господ би се откажал од Своето Воплотување поради праведноста на Адам, доколу тој не согрешил.“  

Во целина, за Дунс Скот стои прашањето за редоследот во Божествената предодреденост, односно во последователностите на мислите на предвечниот Совет. Воплотениот Христос е прва и основна цел на творечката волја на Бога, и имено заради Христос била создадена сета твар. „Воплотувањето Христово не било замислено случајно, Туку тоа отсекогаш била Божја цел. Така, говорејќи за предодреденоста, треба да се каже дека Вочеловечениот Христос бил предодреден пред сите нешта, зашто Тој се наоѓа пред сè во конечната цел.“ Последователноста на „целите“, последователноста внатре во предвидението, безусловно, е чисто логична. Дунс Скот во прв ред нагласува дека Воплотувањето било првоначална Божествена замисла, којашто не зависела од ништо, и којашто се вклопува во целосната слика за Создавањето.

    
И Тома Аквински (ч 1225–1274) исто така детално го анализирал ова прашање. Сите докази, сметал тој, се на страната на идејата дека „Господ би се Воплотил без оглед на сè“ – значи, и без оглед на падот во  грев – а како аргумент го цитира блажениот Августин: „Говорејќи за Воплотувањето на Христос, мора да се имаат предвид многу други нешта, покрај ослободувањето од гревот“ (Де Трин. ЏИИИ, 17). Меѓутоа, Аквински не можел да најде еднозначна потврда за таквото гледиште ниту во Светото Писмо, ниту кај светите отци; затоа тој се приклонил кон мислата дека Синот Божји не би се воплотил доколку првиот човек не согрешил. „Макар што Господ можел да се воплоти и без појавата на гревот, сепак повистинито изгледа тоа дека, доколку човекот не согрешил, Господ не би се Воплотил, зашто во Светото Писмо се укажува на само една причина за Воплотувањето – гревот на првиот човек.“ Човекот може да ги разбере неискажаните тајни на Божествената волја само ако тие јасно се објаснети во Библијата, „и само во онаа мера, во која тие се предадени во Светото Писмо“, или, како што вели Аквински на друго место, „онолку, колку што ние го спознаваме тоа од светиите, преку чии зборови Господ ни ја открил својата волја“. И на прашањето за причината за Воплотувањето вистинскиот одговор Му е познат само на Христос: „Вистината тука може да ја знае само Оној – Кој се родил и со Своја волја се принел Себеси како жртва“.   

Бонавентура (1221–1274) исто така бил внимателен во врска со ова прашање. Споредувајќи ги двете хипотези – дека (1) Воплотувањето  не е поврзано со падот во грев и (2) дека тоа директно зависи од падот – тој заклучува: „Двете мненија од различни причини предизвикуваат почит во душата: првото повеќе одговара на заклучоците на разумот, а второто повеќе одговара на побожноста на верата“. Поправилно би било да се базираме на директните сведоштва од Светото Писмо, а не на законите на човековата логика.

Дунс Скот го следеле повеќето богослови од францисканскиот ред и голем број други философи, како што се Дионисиј Картузијански,Габриел Биел, Јохан Херманн Њессел и, во време на Тридентскиот собор,  Јацобус Нацлантус, епископ Коджиски (Цхиоггиа), а  исто така и некои од раните реформатори – на пример, Андреас Осиандер. Нивното мнение било подложено на силна осуда од страна на сите останати учења, и тоа не само од убедените томисти; во седумнаесеттиот век за дадениот проблем многу спореле како римокатоличките, така и протестантските богослови. Меѓу католичките приврзаници на независното Воплотување треба особено да се истакне Франциско Салски и Малбранш. Малбранш решително инсистирал на идејата за метафизичката неопходност од Воплотувањето, односно на идејата за Воплотување коешто на никаков начин не е поврзано со падот во грев; зашто во спротивно, сметал тој, не би постоела никаква разумна причина за самото Создавање.

Меѓу католичките богослови до ден денес постои и спротивно становиште, понекогаш прилично остро, така што прашањето останува неразрешено. Што се однесува до англиканците, во минатиот век епископот Ексткот енергично ја бранел идејата за „апсолутноста“ на Воплотувањето во својот извонреден есеј „Евангелието на Создавањето“.

Отец Сергеј Булгаков исто така цврсто се држел до убедувањето дека на Воплотувањето треба да се гледа како на исходна Господова  волја, која ì претходела на катастрофата на падот во грев.

III
Во текот на овој многувековен спор, може да се забележи постојано цитирање на сведоштвата на отците на Црквата. Но, колку и да изгледа чудно, во тие зборници отсуствува најважниот цитат.

Бидејќи прашањето за исходната причина за Воплотувањето во епохата на отците не се разгледувало директно, повеќето текстови, користен во подоцнежните спорови, не даваат никакви директни укажувања. И, се чини, единствениот од отците кој навистина го загатнал овој проблем  макар и во друг контекст, различен од контекстот на средновековните западни богослови,  бил преп. Максим Исповедник (580-662). Тој решително тврдел дека Воплотувањето е првата и безусловна цел на Создавањето. Како се извршило Воплотувањето, коешто го соединило Божественото величие со човечката минливост  е недостижна тајна; но ние можеме да ја разбереме причината и целта на тоа Божјо дејство, неговата  и  (причина и цел). И таа првоначална причина и конечната цел, според мнението на преп. Максим е, имено, самото Воплотување, со последователното наше влегување во Телото на Воплотениот. Својата мисла преп. Максим ја излага со крајна јаснотија и прецизност. Да се повикаме на шеесеттото прашање од „Прашања до Таласиј“, во кое се толкува 1 Петар 1:19-20: „... скапоцената крв на непорочното и чисто Јагне  Христос, Кој е предназначен уште пред создавањето на светот...“. Следува прашањето: „Од Кого е пердназначен?“ Одговарајќи, преп. Максим, пред сè, кратко го излага православното учење за Личноста на Христос, по што продолжува: „Тоа е Божестрвениот крај, заради кој сè и настанало. Тоа е Божествената цел, замислена (од Бога) уште пред почетокот на постоењето на тварните нешта, којашто ние ја определуваме на следниов начин: таа (цел) е претходно замислен (од Бога) крај, заради кој постојат сите тварни нешта, но кој постои сам по себе, а не заради какво-годе од тие (тварни) нешта. Имајќи го предвид тој крај, Бог ги привел во постоење сите сушти. Тоа, во свистинска смисла на зборот, е границата на Промислата, а исто така и на оние (твари) за коишто Тој промислува  таа граница според која происходи возглавувањето во Бога на сите суштества, создадени од Него. Тоа е таинство коешто ги опфаќа сите векови, коешто го открива трансценденталниот и велик Совет Божји, кој бесконечно и безгранично им претходи на вековите, чиј Ангел било Самто сушто Слово Божјо, Коешто станало Човек. Тоа ја објавило, ако може така да се каже, најдлабоката основа на Добрината на Отецот и во Себе го покажало Крајот заради кој, очигледно, тварите и го добиле и почетокот и крајот на своето постоење. Зашто, уште пред векови било замислено (од Бога) соединување на границата и безграничноста, мерата и безмерноста, крајот и бескрајноста, материјата и Творецот, движењето и мирувањето  тоа соединување коешто било јавено во Христос во крајот на времето“ (Љуаест. ад Тхаласс., 60; ПГ 90, 621А–Б).

Нужно е да се прави јасна разлика меѓу вечното постоење на Логосот во крилото на Света Троица и Домостројот на Неговото Воплотување. „Предвидението“, имено, се однесува на Воплотувањето: „Затоа Христос и бил предодреден  не таков, каков што е според Својата природа, туку таков каков што подоцна се Воплотил според Домостројот заради нас.“ Укажувањето на „безусловната предодреденост на Христос“ е совршено очигледна.

Таквото убедување во целост соодветствува на општиот карактер на богословската мисла на Максим, и тој не еднаш се навраќа на него  како во одговорите на Тачасиј, така и во „Амбигва“. На пр., во врска со Ефесјаните 1:9, преп. Максим вели: „...(со Своето Волплотување) Тој ни покажал зашто сме создадени и ни ја покажал благонаклонетоста на Бога спрема нас пред сите векови“. Човекот по самото свое устројство ја предвидува во себе „големата тајна на Боествената замисла“  исполнување на сета твар во Бога. Сета историја на Божествената Промисла се дели, според преп. Максим, на две етапи: првата ги достигнува височините во Воплотувањето на Логосот и претставува историја на спуштањето на Бога кон луѓето („преку Воплотувањето“); втората е историја на издигањето на човекот кон славата на обожението, односно, ако може така да се каже, распространување на Воплотувањето на сета твар. „И така, да ги разделиме и ние во мислите вековите и да ги определиме едните така што да се однесуваат на таинството на божественото Вочеловечување, а другите  да се однесуваат на извишувањето на луѓето кон Бога... Или подобро: почеток, средина и крај на сите векови, минати, сегашни и идни, е Господ наш Исус Христос“ (Љуаест. ад Тхаласс., 22; ПГ 90, 320Б–Ц).

Конечното извршување и исполнување, според преп. Максим, е поврзано со началната творечка волја и намера Божја: на тој начин, неговата концепција е строго „теоцентрична“ и, истовремено  „христоцентрична“. Во неа, меѓутоа, ниту за миг не се заборава за тешката реалност на гревот и за бескрајната болка на гревовното постоење. Преп. Максим упорно ја истакнува неопходноста на обраќањето и очистувањето на волјата, нужноста од борбата со страстите и со злото. Но тој, дотолку повеќе, се обидува на трагедијата на падот во грев и на отпадништвото на тварното да гледа во светлината на првичната самисла и предвидувањето Божјо.

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

Посети:{moshits} 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная