На времето имало некој голем подвижник, кај кого дошол еден верник. Во селото од коешто потекнувал подвижникот имало еден многу грешен човек, па тој го прашал својот посетител: „Се смени ли тој и тој човек, или уште е таков каков што беше?“ Посетителот одговорил: „Не, авво, тој не се промени, истиот е.“
Следниот ден кај подвижникот дошол ангел Господов и го прашал: „Бог ме испрати да те прашам каде да ја смести душата на грешникот за кого што вчера праша, оти тој умре ноќеска: во рајот, или во пеколот?
Ти го судеше, па кажи ми го неговиот суд.“ Подвижникот смртно се нажалил, и до крајот на животот просел прошка од Бога.... Видете, тој осудил многу грешен човек, но сепак, осудувањето е осудување. Наместо тоа, тој требало да се моли: „Боже, Те молам, смилувај се на него. Боже, Те молам, заштити го.“
Сметаш дека си со Христа, а другиот не е? Тогаш помоли Му се на Христа да му помогне. - старец Арсениј Папачок
Избор од фејсбук страната на:
презвитер Бобан Митевски