логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 vozdvizenie.jpg

ДУХОВНИЧКИ СОВЕТИ

-Кога составуваме поменик за светиот олтар, кого да го ставиме на прво место?
Најблиските роднини кои ги имаме на земјата не се таткото и мајката, па колку и да живеете. Најблиските роднини кои ги имаме не е сопругата, не е сопругот, туку свештеникот кој не крстил, а следниот е крсниот кум, и третиот, за оние кои се венчани, е кумот од венчавка. Значи, кога го составуваш поменикот, најнапред покојните да ги запишеш. И ако е покоен свештеникот што те крстил, тогаш него најнапред да го запишеш. Потоа да го запишеш кумот, ако е покоен, и потоа останатите.
Истото да го направиш и кога составуваш поменик за живите. Ако е жив свештеникот, го ставаш најнапред свештеникот и потоа крсниот кум, па кумот од венчавката, и потоа ја ставаш сопругата; сопругот, мајката, сестрата и другите роднини.
-Кои лица не можат да се заведат во поменикот?
Во поменикот не можат да се заведат најнапред секташи, бидејќи тие конечно се отцепени од Христовата Црква. Таквите во вечни векови не можеш да ги заведеш во поменикот. Втори се самоубијците, кои самите си го одземаат животот: или се удавиле, или се обесиле, или умреле од пијанство, пиеле и умреле пијани, или умреле во двобој, и таквите се сметаат за самоубијци.
Потоа не се спомнуваат на проскомидија оние кои живеат невенчани. Во вечни векови не можеш да ставиш честица во светиот Путир за таквите кои живеат во прељуба! Никогаш! За прељуба се даваат 15 години отстранување од причеснаувањето, бидејќи живеат невенчано. И ако да ја ставиме неговата честичка да се причеснаи со Телото и Крвта Господови?
Исто така не се спомнуваат на проскомидија оние кои ги отфрлаат Светите Тајни и кои повеќе не се исповедаат.
 
Готово! Таквите повеќе да не ги ставаш! Тие се одвоиле од Црквата за вечност!
-Дали е од корист на христијаните да земаат честички за дома?
Не е дозволено да земеш честичка за дома. На ниту еден свештеник не му е дозволено да даде честичка за дома. Голема е грешката на свештеникот кој дава честичките да се носат дома! Тоа не е дозволено; Боже сочувај не! Свети Симеон Солунски вели: "Свештеникот кој ќе даде честичка од олтарот на народот, повеќе да не биде свештеник".
Честичката ја вади свештеникот во олтарот и останува во светиот Путир. Тој ја вади за живите и мртвите. Таа остану-ва да се осветува кога Пресветиот Дух слегува на епиклезата. Откако се осветува, се става во божествената Крв, и тогаш имаме Причесна непосредно со Телото и Крвта Господови. А не да ја даде на човек па дома да ја става по креденци. Тешко мене, каква лудост! Кој ти рекол дека смееш да даваш честички за дома? Никогаш не се даваат честички. Нека дојде кај мене свештеникот кој дава честички!
Ако, пак, некој христијанин е пијаница, тогаш дали е добро да го дадеме за помен на Проскомидија?
Добро е да го ставиш за Псалтирот, за светото Елеосветување, за акатисти, но не и за Светата Литургија.
А дали може блудникот да се стави за спомнување на светата Литургија?
Блудниците, ако не го остават гревот и не се исповедаат, не се спомнуваат никогаш!
Кој може да крсти дете?
За крштевањето да си одберете луѓе православни христијани. Исто и за венчавањето. Само до ова да се отстранувате: на венчавањето и на крштевањето да не поставувате многу кумови, бидејќи со сите се ородувате преку духовно сродство, и вашите деца во вечни векови не можат да стапат во сродство.
Дали можат да се крстат пометнати деца?
Оној што ќе се осуди да крсти мртво или пометнато дете, некрстено, повеќе не може да биде свештеник во вечни векови. Што крштеваш? Земна прашина! Бидејќи душата е замината уште од мигот кога тоа починало. Како? Стана свештеник и се нафаќаш да крштеваш на гробишта и да го прелажуваш светот? Голема лудост!
Слушнав дека некаде свештеникот за Богојавление ги крштева пометнатите. Тоа е лудост! Тоа е налудничаво! Не се крштева во вечни векови! Душата му е замината. Дали знаете каде престојуваат некрстените деца? Запаметете сите што сте тука! Некрстените деца на христијани престојуваат на северната страна на небесата, каде што има еден вид на магла, како кај нас в зори, пред да зазори.
Тие од Спасителот примаат прстен, и се нарекува "прстен на вечната бесмртност". Тие престојуваат таму и посто-јано повикуваат против родителите: "Господи, не ја видовме сончевата светлина, не ја видовме месечевата светлина, не ги видовме ѕвездите, не ја видовме светлината на денот, не го видовме полското цвеќе, зошто не држиш во темнина, оти ние не сме виновни?" А Христос ќе им рече: "Останете таму, да го видам покајанието на вашите родители!" Бидејќи ако оние кои имаат починати некрстени деца често се исповедаат на духовникот и извршуваат епитимија, и повеќе не го прават овој ужас, тогаш се спасуваат.
Кога се спасуваат родителите, тогаш се спасуваат и децата. Кога се спасуваат родителите, во тој миг пометнатите деца го примаат крштевањето во надежта, како оние што го имаа од Стариот завет, кои порано се надеваа на Христа велејќи: "Ќе дојде Месијата да не изведе од адот!" Го примаат крштевањето на надежта и заедно со своите родители летаат на небото. Тоа е судбината на децата кои умреле некрстени.
Преподобен, како ни прилега нам, христијаните кои носиме име на светители од календарот, да го празнуваме именденот?
Кога се празнува денот на светителот чие име го носиш, отиди во црква, ислушај ја светата Литургија и причеснаи се, ако претходно се исповедаш. Ако можеш направи малку милостина на неколку сиромашни души.
Неодамна дојде една старица кај мене: "Оче, запиши за спомнување!" "Што да напишам, тетко?" "Пиши Гица, Костикуца, Тинкуца, Нелуца...!"
"О, тетко! Каде ги најде овие имиња на овие светители? Јас остарев во манастирот, а за свети Гица не сум слушнал. Каде го најде свети Костикуца? Во календарот го нема, во Прологот го нема, во Минејот го нема, во Пентикостарот го нема, во Триодот го нема. Од каде го извади?".
"Не, не. Така се викаат!"
"Ајде, бегај оттука, тетко! Зар се потсмеваш на црковните служби?".
Значи, не Гица, туку Георгиј се вика; не Костикуца, туку Константин, бидејќи "свети Костикуца" не постои, ни Костакел или Костаке, како што го нарекуваш дома. И "света Тинкуца"! Никогаш не сум слушнал за "света Тинкуца" или Катрина или Катинка, додека, пак, за света Катерина, великомаченица, царската ќерка, сум слушнал. Ги видов нејзините свети мошти на Синајската Гора во златен ковчег.
И така, кога доаѓате со поменикот, немојте да пишувате такви имиња, бидејќи се потсмевате на Божјите Светители. Како да ги запишам така, кога треба да вадам честички. Честички не можам да вадам, освен само за православно име.
Да знаете! Јас ви кажувам. Не ми е гајле што ми се лутите мене. Јас сум земја и утре ќе бидам во гроб, но да не речете дека не сте слушнале и дека не сум ви кажал!
Дали можат да се дадат две имиња на крштевањето?
Во вечни векови да не се даваат две имиња на крштевањето, туку само едно и православно! Никогаш да не ставате две имиња на децата. Туку едно и православно! Бидејќи честичката е за една душа, не за две. Така е! Да даде Бог рајот да го наследите! Така, деца, сите да се видиме во рајот! Сите! Боже да не чуваш ниту еден да не остане на маки. Сите да се радувате во рајските градини! Сите, деца!
Кога би имал некоја голема вреќа, да ве ставам во една вреќа, па да можам да ве пуштам во рајските градини... Таму! Дали знаете таму колку е убаво? Ох тешко мене! Слушнете што вели апостол Павле: Што око не виде, уво не чу, ниту на човека на ум му падна (1. Кор. 2, 9). Тоа Бог го приготви на оние кои се бојат од Него и кои Го љубат.
Кое време не се прават големи метании?
Кога се влегува во црква, најнапред се прават три поклони во средината на црквата; при иконата која се целива се прават две метании, ја бакнуваме иконата и правиме уште една метанија. Истото треба да се направи и при Богородица во средината на црквата. Тоа никогаш не е забрането.
Според типикот, метании не се прават од петок вечерта, од вечерната, до неделата навечер, до вечерната, во чест на Воскресението на Господа. Метании не се прават на дванаесетте големи празници, и од Велигден до Томина недела. Но наместо големи се прават мали поклони. Поклоните не се забранети во текот на годината, но се прават по два поклона за една метанија.
Оној што има епитимија од духовникот нека прави метании во својот дом, без разлика на времето, бидејќи тој е под епитимија.
Што можете да ни кажете за рајот?
Онака како што човекот се труди да направи за себеси куќа на овој свет, таква ќе има во вечни векови. Одам да ви приготвам место (Јован 14, 2), вели Спасителот.
Онака како што секој ја подготвува својата душа тука на земјата, така ќе ја добие во рајот! Како што велат старите: "Како што ќе постелеш, така ќе лежиш!"
Затоа оние кои ве доведуваат овде во манастирите се ангелите кои ве чуваат од крштевањето, за да можете да направите уште повеќе за душата, дури има време, бидејќи само Спасителот знае уште колку време имаме!
Дали е добра книгата за дванаесетте петоци?
Книгата за дванаесетте петоци е останата од богомилите, еден вид словенска секта од XII век. Тоа е апокрифна книга, односно неодобрена од Светиот синод. Исто така не е одобрена ниту "Сонот на пресвета Богородица". Но Црквата ги толерира, ги дозволува бидејќи многу народ преку нив се обратува на покајание, но тие не се одобрени од Светиот синод.
Најдобри се: "Акатист на Богородица" и "Молебен канон на Богородица". Тие имаат голема моќ и се одобрени од сите Вселенски собори. Да ги читате секојдневно.
Читајте го "Благовештенскиот акатист", кој е најпознат. "Акатистот на Покров на Богородица", кога имате некоја голема неволја, да ве покрие Богомајката. И "Акатистот на иконата на Богородица "Радост на сите натажени".
Ете, кога имаш големи неволји читај го "Часословот" и Богомајката ти дава радост; и "Молбениот канон" е за смиру-вање. Кога си нервозен, кога имаш неволја во куќата и вознемирени се сопругот или сопругата, читајте го "Молбениот канон кон Богородица" со запалено кандило пред светите икони, и ќе се смириш.
Оваа моќ ја има "Молбениот канон кон Богородица", па дава мир во семејството и во домот.
Оче, има излезено од печат уште нешто: "Послание на нашиот Господ Исус Христос за страдањата кои ги претрпе".
Подобро е да го читате "Акатистот на нашиот Спасител Исус Христос", бидејќи е одобрен од сите цркви. Овој "Акатист", заедно со "Покајниот канон кон Спасителот", најмногу ни помагаат.
Но, научете ја најсилната молитва, по Господовата молитва "Оче наш", односно молитвата на срцето, та постојано во умот и срцето да велите: "Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилувај ме грешниот!"
Или, пак, можете и вака да говорите: "Господи, Исусе Христе, Сине Божји, преку молитвите на Твојата Пречиста Мајка и на сите светии, помилувај ме грешниот!"
Тоа е кратка молитва, но има голема сила. Добро е да ја повторуваш и во воз, и кога си на пат, и во својот дом, се дури не заспиеш вечерта да ја имаш постојано на устата. Ако го имаш името на Исуса Христа, тогаш повеќе немаш привидувања во сонот, кошмарни соништа, бидејќи сатаната не може да се приближи онаму каде што се спомнува со сето срце и сета љубов името на Спасителот.
Освен тоа знај дека ако навечер заспиеш, а не си се помолил, тоа е голем грев. Па колку и да си уморен, макар и накратко кажи ги вечерните молитви од "Часословот", направи неколку поклони па потоа легни си!
Наутро, ако заминеш на работа без молитва, исто така гревот е голем. Свети Јован Златоуст вели вака: "Пред се прилега во текот на човековиот живот да се научи чистата молитва".
Кога наутро ќе станеш, не фаќај се веднаш за работа. Постои некој ѓавол кој се нарекува "претходник", кој има голема чета на ѓаволи на земјата, кои ги праќа во домовите на христијаните, да ги научи кога ќе стануваат наутро, веднаш да се фатат за работа. При зазорувањето да се фаќаат за работа.
Не! Најнапред прослави Го Бога, бидејќи потоа Бог тебе те укрепува, и во денот можеш да сработиш колку десетмина луѓе.
Што треба да правиме, ако сме обврзни да работиме во недела?
Во денешно време доаѓаат мнозина при мене кои мораат да работат во недела и на големите празници. "Оче, јас сум обврзан да работам во недела, зашто ако не работам ќе ме отпуштат!"
Ајде јас да ви кажам нешто! Но, немојте да се налутите: парите кои ќе ги заработите во неделата дајте ги на сиромаси! Бидејќи милостината е поголема од држењето на еден ден.
Дали знаете дека Спасителот ја исцели во синагогата жената која беше згрчена осумнаесет години? Видовте ли дека дојде и старешината на синагогата, кој лицемерува со ревноста кон Законот? Но, не можеше да го удри со збор Христа, бидејќи народот ќе го убиеше, бидејќи народот беше до Христа.
Еве што вели лицемерот: Има шест дена во кои треба да се работи; тогаш догајте и лекувајте се, а не во саботен ден\ (Лука 13,14).
Спасителот повеќе не може да го поднесе: Лицемере. Бидејќи едно имал во срцето, а друго во устата. Тоа е лицемер, кој едно има на јазикот, а друго во срцето. Лицемерието е полошо од сите ѓаволи! Лицемере, не го одврзува ли секој од вас својот вол, или осле, од јаслите во сабота и не го води ли да го напои? А оваа ќерка Авраамова, што ја врзал сатаната еве веќе осумнаесет Години, не требаше ли да се ослобо-ди од тие врски во саботен ден? (Лука 13,15-16).
Ја нарекува ќерка, зашто таа била побожна. Таа била со наведната глава, како на молитва. Рекол само слово, и ја исправува. И тогаш, дали гледате и вие, дека е големо да се одржува саботата, меѓутоа да се исцели некој и да му се помогне некому од сомилост е многу поголемо добро, бидејќи ја исцелува во саботен ден.
Гледате дека апостолите во саботен ден кинеа класја и јадеа, и колку ли чудеса направи во саботниот ден, за да го собори мислењето на оние саботјани, кои сакаат себе си да си прават правда.
И што? Саботата е создадена за човекот, а не човекот за саботата (Марко 2,27). Значи, и вие ако сте присилени од околностите да работите, работете чесно, точно и немојте да крадете. Не е дозволено да крадеш ниту од државата, ниту од некого. И парите кои ги заработуваш во неделата или за празникот подај ги на сиромасите, бидејќи милостината е поголема од држењето на еден ден!
Оче Клеопа, денес се појавуваат филмови кои прикажуваат хула на Спасителот, кои ја збунуваат младината. каков став треба да заземе Црквата кон таквите нешта?
Брату, не се плаши од тоа! Дали знаеш што му рече Спасителот на Петар? Еве: "Зд кого Ме мислат лугето?... Едни за Јована Крстител, други за Илија, а некои за Јеремија, или за еден од пророците.- А вие, за кого Ме мислите?" (Мат. 16, 13-15).
Станал Петар и вели: Ти си Христос, Синот на живиот Бог. И Спасителот му одговорил: Ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам Црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат (Мат. 16,16-18).
Што значат вратите на пеколот? Свети Атанасиј Велики вели: "Вратата на пеколот се устите на атеистите, устата на неверниците, устата на еретиците, устата на секташите; тие не ќе ја надвладеат Христовата Црква, бидејќи е втемелена на Каменот, кој е аголна глава".
Неверници има од постоењето на светот. И потоа каменот кој е аголна глава е Христос. Црквата никогаш не ќе падне. Кога некој ќе се подигне и хули на Црквата и на Христа, пушти го, остави го во мир, бидејќи Бог не се суди овде со него, туку кога ќе дојде на Судот.
Во тие услови, ако дојде некој, па го слушнеш дека хули или навредува, или, пак, поставува некаков антихристијански мотив, дали можеш да заземеш христијански став пред него, да го побиеш, или ќе го оставиш да прави според својата волја?
Еве, токму сега барав овде во книгата на свети Јован Златоуст "Кладенец": "Ако слушнеш дека некој клевети на Христа или на Неговата Црква, тогаш оди и удри му шлаканица, оти така ќе ги осветиш своите раце! Та и поради тоа да треба да трпиш затвор или тепање, или казна, сепак радувај се, бидејќи тоа ќе ти се смета како мачеништво, ако страдаш затоа што го удри оној кој хули на Христа!"
Тоа е сведоштво на верата, но потребна е уште и храброст. Спасителот рекол: Пазете се од лугето, зшто тие ќе ве предадат на судовите и по синагогите нивни ќе ве бијат (Мат. 10,17). И свети Јован Златоуст вели: "Кога можеш чувај се од опасностите! Но, ако паднеш во опасност, не ја губи храброста!" Исповедај го Христа до крајот!
Од што треба најмногу да се плашиме во животот? , Најмногу треба да се боиме од Бога. Дали знаеш зошто? Затоа што Светото Писмо вели: Поради стравот Божји човекот отстапува од севкупното зло. И понатаму вели: Почетокот на мудроста е стравот од Господа (Псал. 110, 10). Тоа го велат Давид и неговиот син Соломон.
Кому најмногу треба да му се приближиме на земјата, дури живееме?
Дали ја знаеш првата заповед? Како може да не ја знаеш, да даде Господ да бидеш во рајот! Колку ли е во право Бог да ни ја даде првата заповед! Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум (Мат. 22, 37), односно со целто наше битие. Од срцето земи ја душата, од мислите земи го умот и од снагата земи го телото. Со целото битие да Го љубиме! Да се стопиме со Него со целото наше битие!
Но, зошто? Кој ни го даде умот? Кој ни го даде телото? Кој ни ја даде душата? Кој ни го даде видот? Кој ни го даде слухот? Кој ни го даде мирисот? Кој ни го даде вкусот? Кој ни го даде допирот? Кој ни го даде животот? Кој ни ја даде самостојноста? Кој не храни?
Со сето наше битие да се стопиме со Бога! Апостол Павле вели вака: Што имаш, што не си добил (1. Кор. 4, 7). Имаш живот! Кој ти го даде? Имаш ум! Кој ти го даде? Имаш говор? Кој ти го даде? Имаш вид! Кој ти го даде? Имаш мирис! Кој ти го даде? Имаш вкус! Кој ти го даде? Имаш тело! Кој ти го даде? Имаш здравје! Кој ти го даде? Самостоен си да правиш добро или зло! Кој ти го даде? А штом си примил, зошто се фалиш, како да не си примил? (1. Кор. 4, 7).
Затоа во првата заповед Бог со право бара да Му служиме со целото битие во вечни векови. Нему да Му се приближиме со целото битие! Бидејќи нашиот христијански закон е најсовршен под небото. Да го љубиме Создателот, кој сите не приведе од непостоење во постоење и ни даде се што имаме во нашето битие.
Дали христијанската љубов кон човекот е со еднаква мерка?
Не! Слушнете што се вели: А втората е слична на неа: Возљуби Го својот ближен како себеси (Мат. 22, 39). Љубовта кон ближниот има мерка. Ближниот да го љубиме, не како Бога, туку како самите себеси. "Сакам да се спасам, тебе те љубам, но ајде со мене во спасение! Сакам да јадам, ајде и ти!..."
Го љубиш но само според мерката кон себеси. А со Бога, пак, неограничено треба да нурнеш со целото свое битие во Неговата љубов. Значи, втората заповед има мерка, со степен; според мерката со која себеси се љубам. Првата, заповед, пак, нема мерка, бидејќи се стопува со неограниченото Божјо битие.
Што значи изразот: Христос не направи во земјата своја многу чудеса, поради нивното неверие (да се спореди со Мат. 13, 57-58). Дали не можеше да направи чудо и нив да ги обрати?
Дали знаеш зошто не направи чудо? Бидејќи не веруваа! Како срцезнаец, Он не правеше чуда, за да не се осудат самите не примајќи ги чудата кои пред нив се случуваа. Исто така од љубов, од сомилост кон нив. "Одам кај оние што веруваат, бидејќи мојата правда ме присилува да ги казнам, и подобро овде не ќе правам чудеса".
Зар пророкот не пее преку Светиот Дух: Милоста и судот ќе ти ги пеам, Господи. Бог е неограничен во милоста, неограничен е и во правдата. Ако им направеше чудеса, тогаш Неговата правда ќе ги казни, а вака, пак, не. Он ги поштеди, бидејќи не беа подготвени да Го примат.

 Извор: Повардарска епархија

Друго:

 Старец Клеопа - ПЕТ НАЧИНИ НА ПРИЧЕСТ

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная