Москва, 24 јануари (МИА) - Руската православна црква денеска соопшти дека ја одбила поканата на Ватикан до рускиот патријарх Алексеј Втори за посета на Рим.
Според Игор Вишнов, претставник на патријаршијата за надворешни работи, посетата на Алексеј Втори на Ватикан предвидена за јуни би била избрзана.
- Средбата меѓу папата Бенедик Шеснаесети и Алексеј Втори е деликатно прашање и за тоа се потребни сериозни дискусии меѓу двете страни, наведе Вишнов.
Ватикан неодамна го покани Алексеј Втори да го посети Рим по повод Годината на Свети Павле. дб/сп/16:40