Денес претпладне почина уште еден архиереј на Грчката православна црква. Тоа е митрополитот на Левкада и Итака Никифор (Левкада и Итака се два острова од групата острови на Јонското море), соопшти електронското издание на грчкиот весник “Навтемборики“. Само неколку часа после смртта на грчкиот архиепископ Христодул, починал и митрополитот Никифор – трет во ерархијата на Грчката православна Црква. Тој е роден во 1918 година во Каламата, завршил богословие во Атина и е познат по својот аскетски живот. За митрополит е избран во 1968 година.
Двери.бг