Патријархот Московски и на цела Русија Алексиј II ги повика православните да ја исповедаат својата вера секој ден и во секоја ситуација, наместо да бидат ‘неделни христијани’.
„Во сите векови на црковната историја, христијаните со својот збор, со своите постапки, со своето однесување во општеството сведочеа дека: верата не треба да се одделува од животот“, се вели во статијата на Патријархот, што беше објавена во специјалното издание на алманах „Европски поглед“ што го издава Центарот за европските истражувања.
Според мислењето на Алексиј II, кога човекот вистински верува во Христа, „тој ги исполнува Неговите заповеди секаде – на работа, во семејството, во кое било јавно дејствие“.
Ако човекот се подвојува на ‘неделен христијанин’ и ‘секојдневен неверник’, тој „неизбежно отстапува од Бог, од вистинската цел на својот живот, а со тоа и од вистинскиот мир и радост“.
„Ако општеството ја крие верата во музеи и црковните дворови, живеејќи главно како да Го нема Бог, тогаш тоа е осудено“, заклучи Партијархот.
Извор: Interfax.ru
Посети:{moshits}