логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

дарови

 
Даровите на мудреците се едни од малубројните реликвии врзани за земниот живот  на Христос која е сочувана до денешни дни. Според преданијата, , Богородица, непосредно пред своето Успение  ги предала на две девици  - свои роднини
 
Даровите на мудреците од Исток за Христа  во московскиот Храм на Христос Спасителот
ЗАПОЧНА ПОКЛОНЕНИЕТО НА ВЕЛИКАТА СЕХРИСТИЈАНСКА РЕЛИКВИЈА  КОЈА ШТО ПО ПРВ ПАТ Е ИЗНЕСЕНА  ОД ГРЦИЈА
дарови
§   Даровите ги сочинуваат три златни плочки со тенки филигрански шари , на кои со сребрени нитки  се прицврстени  монистра од мешавина на темјан и смирна.   
Тие често шират неовоземен миомирис,  кој  повеќе се засилува  кога светињата се изнесува од манастирската ризница  кон средината на храмот,  за да можат верниците да и` се поклонат.

§  Даровите на мудреците се една од малубројните реликвии врзани за земниот живот на Христа, која е сочувана до денешен ден. Според преданието, Богородица, непосредно пред  Своето Успение, ги предала на две девици - свои роднини.
 
§   На даровите на мудреците  после Москва , верниците ќе можат да се поклонат  во Сант - Петрбург  ( во Новодевичкиот манастир до 17 . Јануари), а потоа  во Домот на Милосрдието  во Минск (18, - 24. јануари) па во киевско - Печерската Лавра  (25. - 30. јаниари)

 
Во ХРАМОТ  на Христос Спасителот во Москва - непосредно пред вечерната  Божикна литургија - од Светохристијанската реликвија:
Дарови на Мудреците од Исток.
 Злато, темјан, и смирна кои пред повеќе од 2 илјади години му биле дарени  на новородениот Исус.
 
 
Светињата  ја пречека  Патријархот Московски и на цела Русија , кој се поклони заедно со илјадниците верници .
 
 
„ За прв пат Божикната Литургија  ја држиме  покрај најголемата сехристијанска светиња. Овие подароци грижливо ги чувала  Дева Марија.
За прв пат во историјата  пристигнаа и во Русија “ - рекол поглаварот на РПЦ.
 
Ковчегот со Даровите  на мудреците ја следи делегација на монаси од Атос на чело со познатиот духовник архимандритот  Партение. ( Мурелатос) кој што веќе половина век живее на Света Гора. Говорејки   пред новинарите , архимандритот Партениј изразил надеж дека светињата ќе му „донесе добро на Русикиот народ“.
 
 
 
„ Во ова е вложен голем труд. Се подготвувавме речиси две години за светињата да стигне до тука“, - забележа тој.

Во чест на донесувањето на светињата  во Русија, монасите на Троица - Сергиевата лавра  ја „напишаа“ иконата  „Поклонување на мудреците“ која ќе и` ја подарат  на грчката делегација  во знак на благодарност  од руските верници.

 
Верниците ќе можат да ги целиваат  Даровите на мудреците  од 7, до 13. јануари од 8. 00 до 22.00.
А веќе  на 14. јануари ковчегот со Даровите на мудреците ќе биде пренесен во Сант - Петерсбург каде ќе бидат достапни за ходочесниците во Новодевичкиот манастир до 17. јануари.
 Потоа, светињата ќе биед пренесена  во Домот на Милосрдието во Минск  (18 - 24 јануари), па во Киевско  - Печерската Лавра (25. - 30. јануари).
     
 
 
 
Даровите инаку со специјален авион се пренесени од Солун во Москва.
 
 
Ова е прв пат големата светиња да ја напушти грчката земја, каде што  се чува дури од петанесетиот век  во манастирот на Свети Павле на Атос.
 
На аедромот во Внуково  - 3   реликвијата ја  дочекале претставниците на владата на Москва , руското свештенство  и раководството на Фондот  на Василиј  Велики кој го организирале   преносот на светињата.
 
Ковчегот со Даровите на мудреците со молитва беа внесени во зградата на аеродромот, каде што се отслужи молебен. Први, светињата ја целиваа свештениците и вработените во аеродромот.
 
Даровите ги сочинуваат три златни плочки со тенки филигрански шари,  на кои со помош  на  сребрени  нитки  се прицврстени  перлите  од мешавина на   темјан и смирна.
 Даровите често шират неовоземен миомирис кој особено се засилува кога светињата се  изнесува од манастирската ризница во средината на храмот за верниците да можат да и` се поклонат.

Подготви: Мина Даниловска

 

 Извор: http://facebookreporter.org/2014/01/08/%D1%83-%D1%80%D1%83%D1%81%D0%B8%D1%98%D1%83-%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%B3%D0%BB%D0%B0-%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%9A%D0%B0-%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B8/



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2072
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2090
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 535
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная