Универзитетот за странски јазици во Шангај и Патријаршискиот Совет за култура потпишале договор за отворање на Центар за изучување на православната култура во Шангај. Документот бил потпишан од ректорот на Универзитетот, проф. д-р Цао Демин и Извршниот Секретар на Патријаршискиот Совет за култура, архимандрит Тихон Шевкунов, е објавено на веб страната на Московската Патријаршија.
Центарот ќе помогне во запознавањето со традиционалната руска култура, организацијата на научна работа, објавувањето книги, особено Кинеско-рускиот библиски речник и Речникот за православни термини. Во план е и да започне програма за размена на студенти и последипломци, спроведување семинари и конференции, и предавања за студенти и последипломци во Кина и Русија.
„Денес, деталното запознавање со православната култура помага во разбирањето на руската стварност и култура подобро, што секако дека ќе има позитивно влијание врз кинеско-руските односи и зајакнувањето на кинеско-руската стратешка соработка во сите сфери“, изјавил ректорот на Универзитетот во Шангај.
Извор: Интерфакс
Преземено од: Кумановско-осоговска епархија