Патријарх Кирил: Плод на ропството на гревот е смртта
07 јули 2014
„Ако човекот ја изгуби својата слобода, ако стане роб на гревот, тогаш180872.jpg настапуваат страшни последици“, истакна Свјатејшиот патријарх Кирил за време на проповедта во Новодевичкиот манастир на 06 јули 2014 година.
„Како што вели Апостолот Павле, почнувате да правите такви дела од кои и самите се срамите, вие се срамите од она што го правите. Но не е само срамот отплата за ропството на гревот. Продолжувајќи ја својата мисла, Апостолот утврдува дека како целосна отплата се јавува смртта, поради тоа што животот во грев не се совпаѓа со човечкиот живот. Иако физички човечкиот организам може да постои, неговиот живот повеќе не се пројавува како човечки живот. Животот во грев претпоставува следење на други закони, блиски до законите на животинскиот свет. Човекот паѓа во пропаст со својата богодадена возвишеност“.
„Плод на гревот, плод на ропството на гревот – е смртта. Така и ви вели денес заедно со нас Апостолот Павле. Некои велат дека сето тоа се предрасуди, приказни и дека воопшто не постои грев – секој човек уште од почеток се јавува како автономен, независен од другите луѓе и од небото, и сам си определува што е добро, а што лошо. И произлегува дека никако нема грев, ако човекот свесно го одбира овој или оној начин на однесување, и сето тоа се оправдува со слободата – прави што сакаш, одбирај тоа што тебе ти се допаѓа, а ако таквите дела некој ги нарекува грев, тоа нема никакво значење.
И, ете, колку многу наши современици го избираат таквиот живот – во ропство на гревот. Мислат дека со тоа ја откриваат полнотата на животот, бидејќи ’правам сѐ што сакам‘ е исто што и живот без граници. А всушност тоа не е живот, туку смрт, бидејќи човекот како Божјо создание што го носи образот Божји, не може да живее според законот на гревот – тоа е противприродно. А ако е така, да се живее во грев не е живот“, истакна претстојателот на Руската Црква.
Извор: Православие.ру
Преземено од: Бигорски манастир