Повеќе од 200 луѓе примија Православие во Руанда (26.08.2014 10:21)
Неговото Преосвештенство Епископот Инокентиј, епархиски архиереј за Бурунди и Руанда, ги посети новообратените и свештениците од својата епархија. На 17 август 2014 година, беше извршено Свето Крштение во реката Нијамази во источната област на Руанда. Во Православие со овој чин беа приведени повеќе од 200 луѓе.
После крштението и отслужената Божествена Литургија беа приредени културни случувања и беше одржа пријателски фудбалски турнир на стадионот Руренџ.
Во недела, на 14 септември оваа година, за првпат во историјата на Александриската Патријаршија на територијата на Руанда ќе биде ракоположен еден свештеник. Според зборовите на Епископот Инокентиј, во заедницата има уште околу 2000 луѓе кои сакаат да ја примат православната вера и да станат православни христијани, но потребно е да се обезбеди катихизација, да се изгради црква и да се постави свештеник.
Православието во Руанда е во зачеток и се просат молитвите за негов успех.
Извор: Светигора
Преземено од: МП-ОА