Хеврон: Литургија и молебен кај Мамврискиот даб
3 јуни 2015 лето Господово
Во Хеврон во подворјето „Свети Праотци“, отслужија празнична Литургија и молебен кај Мамврискиот даб.205311.b.jpg На 2 јуни, третиот ден од празникот Света Троица, духовенството на Руската духовна мисија во Ерусалим, возглавено од главниот раководител, игуменот Теофан, по традиција се упати кон Хеврон, каде некогаш имало спомен-место на јавувањето на Света Троица на праотецот Авраам.
Во чест на овој настан, во храмот на Светите Праотци во присуство на големо мнозинство православни верници беше отслужена Божествена Литургија. На богослужбата, покрај монахињите од ерусалимските манастири, парохјаните и поклониците, присуствуваше и значителен број на православни палестински Арапи, бидејќи Литургијата се служеше на два јазика - црковно-словенски и арапски.
По завршувањето на Литургијата се направи литија до Мамврискиот даб, каде беше отслужен краток молебен со читање на Евангелието.
Пред неколку илјади години, на ова историско место праотецот Авраам ги примил на гости Трите ангели – Самиот Бог – Кој по ветувањето му дарувал син во одмината возраст и од него произвел голем народ. Мамврискиот даб веќе многу векови се почитува од страна на верниците како голема светиња.
Извор: Православие.ру
Преземено од Бигорски манастир