22 октомври 2016 лето ГосподовоАтинскиот Архиепископ Јероним во своето обраќање во градот Ливадија,249767.p.jpg остро ја критикуваше политиката на Владата за дехристијанизација на Грција: „Вие ги распродадовте и продолжувате да ги распродавате ризниците на Грција, ги давате нашите железници, нашите пристаништа, но нашата Татковина и Православие нема да ви ги дадеме“.
Во врска со улогата на политичките партии во современата криза, Архиепископот Изјави: „Ние треба да разјасниме што ни е неопходно, каква ја замислуваме иднината на нашите деца, на нашите семејства, какви се нашите стремежи. Дојде време да се постави прашањето: ’Треба ли, дали е корисно, да се поддржува не партијата, туку конкретни личности?‘“.
Зборовите на Претстојателот на Грчката Црква се совпаѓаат со поуките на Св. Пајсиј Светогорец. На прашањето: „За кого треба да се гласа?“ Преподобниот одговарал: „За оној кој е поблиску до Црквата. Не гласајте за партии кои се нарекуваат себеси за Христијански... ние не треба да се делиме според партиската припадност. Најпрвин ќе ја љубиме нашата црква, а потоа Татковината и ќе гласаме за оние кои ги вложуваат своите сили во борбата за нив“.
Извор: Православие.ру
Преземено од: Бигорски манастир